Компании
Т-Мобиле го испрати последното Ауди во Кочани
Сашо Максимов од Кочани е третиот среќен добитник на автомобилот Ауди А3, којшто се доделува во рамките на најголемата наградна игра на Т-Мобиле.
Тој се вклучил во наградната игра уште на самиот почеток. Па така, надежта на Сашо, дека ќе биде еден од добитниците на вредната награда на Т-Мобиле веќе била стивната. Но, кога во емисијата „Во недела попладне“ дознал дека третото по ред Ауди А3 ќе биде негово, возбудата била многу голема.
„Искрено на првите две извлекувања се надевав дека наградата ќе ми припадне мене, но изгубив надеж. Па така, убавата вест ја примив со огромна возбуда и ми беше потребно време да поверувам дека станав сопственик на ваков луксузен автомобил. Ова е навистина голема и вредна награда која ќе ми послужи не само на мене, туку на целото мое семејство. Се надевам летово ќе имаме можност да ја пробаме на некоја од летните дестинации“, изјави Сашо.
Тој е сопруг и татко на две малолетни дечиња и до сега имале постар модел на Мерцедес, па новиот Ауди А3 ќе биде сосема добредојден. Поучен од вербата која рано го напуштила при извлекување на автомобилите, Сашо вели дека овој пат нема да ги дигне рацете од понатамошното учество во наградната игра на векот. Повторно ќе си ја проба среќата и на финалното извлекување на Порше Кајман.
„Очигледно дека никогаш не знаете кога среќата ќе ви се насмевне, па така, овој пат не дозволувам да ме напушти вербата дека ете можеби јас ќе бидам извлечен, но овој пат за спортскиот автомобил Порше Кајман. Воедно ги повикувам сите корисници на Т-Мобиле да си ја пробаат среќата бидејќи некогаш се чини дека таа е на дофат на рацете“ изјави Сашо.
Со доделувањето на последното Ауди А3, возбудата кај корисниците на Т-Мобиле, се зголемува сè повеќе. До крајот на „Наградната игра на векот“ на Т-Мобиле, којашто трае до 30 мај, останува да се додели уште луксузниот Порше Кајман. Извлекувањето на главната награда Порше Кајман ќе се случи на 31 мај во емисијата „Во недела попладне“ на Алфа ТВ.
Правилата на наградната игра на Т-Мобиле се едноставни и важат за сите нови и постојни припејд корисници. Доволно е корисниците да се регистрираат бесплатно на 1469 и да соберат 3 клуча (да се дополнат најмалку три ваучери од по 300 денари), со кои се добиваат три шанси за учество во извлекувањето.
За сите оние коишто сакаат да се вклучат во наградната игра, но не се припејд корисници на Т-Мобиле, постои дополнителна поволност. Во рамките на промотивната понуда „Припејд Дуо“, по цена од само 295 денари, корисниците добиваат пакет од 2 СИМ картички, при што секоја од нив е со вклучени разговори и SMS пораки во вредност од 10.000 денари, коишто може да се искористат кон сите T-Mobile и Т-Home корисници во период од 30 дена.
Повеќе информации за наградната игра може да се добијат на на www.t-mobile.mk, на 122 или во најблиската Телеком продавница. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Четири години стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детското село
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ се моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство.



Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС Детско село, истакна дека поддршката од „Алкалоид“ и „Бекутан“ претставува многу повеќе од финансиска помош – таа е израз на доверба, долгорочна посветеност и заедничка визија за создавање подобра иднина за децата.
„Горди сме што заедно со ’Бекутан’ градиме приказна на љубов, сигурност и иднина исполнета со надеж. Преку концептот на кумство на една куќа со пет згрижени деца, покрај покривањето на секојдневните трошоци, вложуваме и во нивните образовни и развојни активности, што е од суштинско значење за нивното растење во самостојни и одговорни личности. Ова партнерство е и пример како компаниите можат да бидат вистински херои во животите на децата без родителска грижа“, изјави Накова-Гапо за време на посетата на оваа организација од претставници на компанијата.



Соработката на „Алкалоид“ со македонската гранка на организацијата СОС Детско село започна во декември 2022 година, кога една од куќите на локалитетот во населбата Ченто беше именувана „Бекутан куќа“, за која компанијата ги покри трошоците за секојдневното функционирање. Во 2023 година, по повод 45-годишниот јубилеј на брендот „Бекутан“, беше издвоен одреден процент од продажбите на оваа детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари донирани за оваа организација. На Хуманитарниот пикник на компанијата организиран во 2024 година, вработени на „Алкалоид“, членови на нивните семејства и нивни пријатели донираа близу 2 милиони денари наменети за СОС Детско село.



Активностите на компанијата со СОС Детско село ќе продолжат и во тековната година, а се разгледуваат и нови форми на соработка. „Децата се нашата иднина и наша заедничка одговорност. Ниту едно дете не треба и не смее да биде оставено без грижа, поддршка и можност за развој. Како поединци, како заедница убаво е да помогнеме! Преку одговорно делување и заедничка посветеност придонесуваме кон создавање стабилна и инклузивна заедница“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје. Организацијата СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и разни форми на партнерства со цел да обезбедат средства за реализација на програми и активности за поддршка на ранливите групи на деца без или кои се во ризик да ја загубат родителската грижа.
(ПР)
Економија
„Нвидиа“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари
Американската технолошка компанија Нвидиа купи акции на Интел во вредност од пет милијарди долари, со што ја реализираше трансакцијата најавена во договорот од септември.
Според договорот, Нвидиа платила 23,28 долари по акција и купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел. Инвестицијата е одобрена од американските антимонополски институции, соопшти претходно Федералната трговска комисија на САД.
Се проценува дека уделот на Нвидиа во Интел ќе изнесува околу четири отсто, со што ќе стане еден од поголемите акционери на компанијата, наведува Ројтерс.
Претходно, во август, американската влада купи 10 отсто од Интел за 5,7 милијарди долари, а истата година компанијата обезбеди и две милијарди долари инвестиција од јапонскиот Софтбанк.
Договорот меѓу Нвидиа и Интел предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во индустријата и да влијае врз позициите на ТСМЦ и АМД.
Економија
Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.
Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.
Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.
Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.
„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.
Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.
Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.
(ПР)

