Контакт

Естрада

Скриените таленти на познатите

Објавено пред

Некои познати личности освен што имаат талент за својата работа, тие се способни и за многу други работи. А некои од нив пред да ја работат сегашната работа, работеле и други професии пред да станат славни.

dobivaj vesti na viber

 

 

Сузан Сарандон обожува да игра пинг-понг, толку многу што таа е дури и ко-сопственик на клубот SpiN во Њујорк.

skrienite-talenti-na-slavnite-licnosti-1Боб Дилан иако ја има испеано „Like a rolling stone”, сепак, она што е негов талент е моделирањето на челикот., кое го научил уште како мал.

Joan Harris (Christina Hendricks) - Mad Men - Season 3, Episode 3 - Photo Credit: Carin Baer/AMC

Joan Harris (Christina Hendricks) – Mad Men – Season 3, Episode 3 – Photo Credit: Carin Baer/AMC

Кристина Хендрикс знае да свири на хармоника. Таа вели дека тоа е романтичен инструмент со полн звук.

COLIN FARRELL WORKING AS A GBP 30 A NIGHT LINE DANCING INSTRUCTOR, 'BREAK FOR THE BORDER' PUB, DUBLIN, IRELAND - 1997Колин Фарел знае одлично да игра ирски народни танци, кои ги играл за да заработи за живот додека живеел во Даблин

US actress Geena Davis prepares to fire as she comЏина Дејвис е највешта во стрелаштво. Дури била и полуфиналист во Американскиот олимписки тим за стрелаштво во 1999 година

skrienite-talenti-na-slavnite-licnosti-5Снуп Дог скоро сите го знаат како рапер, но родители и играчите на рагби тимот Pomona Steelers го знаат како тренер. Тој бил главен тренер и на младинските фудбалски тимови на неговите два сина.

Bruce Willis performs on the harmonica with his band "The Bruce Willis Blues Band" in FloridaБрус Вилис неговата кариера ја започнал со свирење на усна хармоника во R&B бендот Loose Goose. Тој се уште свири, а понекогаш оди и на турнеи со бендот The Accelators.

Actor Harrison FordХарисон Форд приватно знае да управува и со авиони и со хеликоптери.

Late Night with Jimmy Fallon - Season 5Стив Мартин сака да свири на бенџо. Толку многу го сака овој инструмент што дури има направено./крај/мф/на



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Објавено пред

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.

dobivaj vesti na viber

Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.

Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.

Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.

Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.

фото: принтскрин-Инстаграм

Прикажи повеќе...

Естрада

Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Објавено пред

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.

Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.

Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.

Прикажи повеќе...

Естрада

Тимберлејк откри дека боледува од лајмска болест: „Животот со ова е немилосрдeн“

Објавено пред

Џастин Тимберлејк ја сподели со јавноста веста за својата здравствена состојба, откривајќи дека му била дијагностицирана лајмска болест. По две години поминати на светска турнеја, тој одлучил отворено да зборува за проблемите со кои се соочува.

dobivaj vesti na viber

Иако е познат по тоа што ја чува својата приватност, Тимберлејк почувствувал потреба да им открие на обожавателите „малку за тоа што се случува“ со него.

„Како што многумина од вас знаат, јас сум прилично приватна личност. Но додека размислувам за турнејата, сакам да ви кажам малку за тоа што ми се случува“, напиша тој на Инстаграм.

„Меѓу другото, се борев со одредени здравствени проблеми и ми беше дијагностицирана лајмска болест – не го велам ова за да предизвикам сожалување, туку за да осветлам низ што поминував зад сцената. Ако некогаш сте се соочиле со оваа болест или познавате некој што има, тогаш знаете: животот со неа може да биде безмилосно исцрпувачки – и психички и физички.“

Тој додаде: „Кога првпат ја добив дијагнозата, бев навистина шокиран. Но барем добив објаснување зошто на сцена чувствував силна нервна болка или само огромен замор и слабост.“

Пејачот се нашол пред тешка одлука – да ја прекине турнејата или да продолжи и покрај сè. „Одлучив дека радоста што ми ја носи настапот далеку ја надминува привремената болка и стрес што го чувствуваше моето тело. Многу ми е мило што продолжив“, изјави тој.

Тимберлејк рече дека долго време се двоумел дали да зборува јавно за своите здравствени проблеми, но сега „се обидува да биде потранспарентен за борбите, за тие да не бидат погрешно сфатени“.

„Го споделувам сето ова со надеж дека сите ќе најдеме начин да бидеме поврзани едни со други“, порача тој. „Сакам и јас да придонесам и да им помогнам на оние што исто така се борат со оваа болест.“

Тимберлејк не е единствена славна личност што се бори со оваа болест – манекенката Бела Хадид исто така јавно говореше за своето искуство. Според клиниката Мајо, лајмската болест ја предизвикува бактеријата борелија, а луѓето најчесто се заразуваат преку каснување од заразен крлеж.

Болеста е најзастапена во североисточните, средноатлантските и горните делови на Средниот Запад во САД, но се пријавени и многу случаи во Европа и некои делови на Канада. Ризикот од зараза е најголем во тревни, грмушести и шумски предели, поради што се препорачува претпазливост при престој во природа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Ѓорѓиевски: Имаме визија за просторно планирање, зелена инфраструктура и енергетска ефикасност за поубаво Скопје

На вечерашниот митинг во Скопје, со кој започна кампањата за претстојните локални избори, имаше свое обраќање Орце Ѓорѓиевски, кандидат за...

Македонија43 минути

Мицкоски: Правдата не може да чека, нема толеранција за длабоката држава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот митинг, со кој се започна кампањата за претстојните локални избори,...

Македонија5 часа

Судот оваа недела ја завршува оценката на обвинението за „Пулс“

Скопскиот Кривичен суд најави дека до петок ќе ја донесе одлуката дали обвинението за пожарот во кочанската дискотека ќе биде...

Македонија8 часа

Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори

Само 42 % од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата....

Македонија10 часа

Мицкоски: Секој што на каков било начин има поврзаност со случајот во Кочани да биде изведен пред лицето на правдата

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, одговарајќи на новинарско прашање во однос на најновата сторија на ИРЛ, која споменува вмешаност на даночни...

Македонија11 часа

Уапсени 60 лица за подметнување пожари во Македонија

Од 01 април до 29 септември регистрирани се вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што приведени се вкупно 60...

Македонија11 часа

Католичката црква со реакција за муралот на Мајка Тереза: Ова е навредлив чин за сите верници

Католичката црква во Македонија изразува жалење за, како што велат, недостојниот и навредлив чин со кој на муралот на света...

Македонија12 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова во црквата на македонската заедница во Стерлинг Хајтс, Мичиген: Татковината не може да се менува

Со посетата на македонската православна црква „Раѓањето на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтс, Мичиген, и средбата со македонската заедница, претседателката...

Македонија12 часа

„Визер“ отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт

Со првиот лет денеска, понеделник, 29 септември, во 6.25 часот наутро, од Меѓународниот аеродром „Скопјe“ до Штутгарт, „Визер“ отвори уште...

Европа14 часа

Данска ги забрани сите цивилни летови со дронови

Данска ги забрани сите цивилни летови на дронови до 3 октомври пред самитот на Европската унија во Копенхаген, објави данскиот...

Европа14 часа

Поранешната шефица на МИ5: Можеби веќе сме во војна со Русија

Велика Британија можеби веќе е во војна со Русија, предупреди поранешната шефица на британската безбедносна служба МИ5. Таа ги наведува...

Европа15 часа

Поранешен руски тајкун: Санкциите се илузија, само воена сила може да го запре Путин

Ако му ја земеш чашата на пијан човек нема да го отрезниш. Иако ова е очигледна вистина за човечката природа,...

Свет16 часа

(Фото) Најголемиот американски носач на авиони во Норвешка; НАТО: Не го гледате ова секој ден

Втора ноќ по ред, неидентификувани дронови летаа над данското небо, потврди данското Министерство за одбрана. Ова е најновиот во низата...

Свет1 ден

Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на...

Македонија1 ден

Петмина добија труење од храна откако јаделе во сендвичарница во Штип

Пет лица пријавиле симптоми на труење со храна по јадење сендвичи со пилешки стек во сендвичарница–киоск во Штип, информираат од...

Топ2 дена

Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Свет2 дена

Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, има многу жртви

Ноќеска Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова: Не сум се фотографирала со восочни фигури на Доналд и Меланија Трамп

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е...

Македонија2 дена

Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот...

Македонија2 дена

Пожарите стивнаа, остана само еден активен

На територијата на државата денеска до 18:00 часот има два пожари на отворен простор, од кои еден пожар е активен...