Македонија
Девет од сто деца во Македонија се предвремено родени

Девет отсто од новородените во Македонија се предвремено родени бебиња, покажауваат податоците на Центарот за репродуктивно здравје кој функционира на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство.
Директорката на Клиниката, Марија Хаџи – Лега по повод 17 ноември, Светски ден на прематуритет, рече дека постои тренд на пораст на стапката на предвремено породување, а според неа околу 17 проценти од сите породувања на Клиникатсе предвремени.
„Процентот на предвремено породување на Клиниката минатата и предминатата година изнесуваше 15, па 17 проценти. На Клиниката од 2001 година е отворен Оддел за интензивна нега и терапија. Предвременото породување претставува глобален светски проблем, значи не е проблем само на нашата земја, туку дури и на САД кои се едни од водечките со највисока стапка на предвремено породување која изнесува околу 12 проценти“, рече Хаџи – Лега.
Потенцира дека овој ден се одбележува со цел подигнување на свесноста на населението, идните и сегашните мајки во поглед на ризиците и предизвиците кои ги носи предвременото породување.
Предвремено породување се смета секое породување пред 37 гестациска недела, а екстремен прематуритет е породување пред 28 гестациска недела, што носи висок ризик од смрт или тешки последици на оние кои ќе преживеат.
Посочи дека Клиниката, како резулат на соработката на Здружението за перинатална медицина на Југоисточна Европа, чиј претставник е таа, ќе биде вклучена во мултицентрична студија која ќе почне наредната година во која Македонија ќе успее да придонесе во истражување на патогенетиските механизми на предвременото породување.
Честа причина за предвременото породување се инфекциите и поради тоа интензивно работеле на воведување редовни гинеколошки прегледи и микробиолошкото мониторирање кај трудниците во текот на антенаталната грижа, која е многу значајна за намалување на стапката на предвремено породување.
Упати апел до сите идни мајки да го направат преглед и редовно да одат на гинеколошки прегледи во текот на бременоста. Според неа, многу е битна и грижата надвор од бременоста, за што е потребно интензивно работење на планирање на семејството, едукација на младата женска популација и на машките партнери во поддршката на женската популација, едукација во поглед на планирање на бременоста, перидот меѓу две бремености.
Посочи дека возраста на која се стапува во брак е поместена и се подоцна жените одлучуваат да го прошируваат своето семејство и тоа е еден од ризик факторите за предвремено породување, како и ин витро породувањето, дијабетесот, хипертенцијата и други хронични заболувања./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.
„Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ „Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ „Св. Климент Охридски”.
Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за нашите деца.
Од моментот кога станав градоначалник на општина Бутел ветив дека грижата за нашите деца ќе биде мојот фокус.
На мое задоволство, покажавме дека со ефикасна работа и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина.
Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.
Со ова овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.
Со силна динамика и посветеност ќе продолжиме да ги создаваме потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните на општина Бутел“, вели Костовски.
Македонија
Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата“, стои во објавата на претседателот Филипче.
Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“