Македонија
Изборен компас за да ги споредите своите гледишта со политиките на партиите
Интересна алатка осмислиле од Институтот за истражување и општествени иновации – Импакт, која овозможува граѓаните да одговорат на прашања, на кои веќе одгоровориле од партиите учеснички на изборите, да ги споредат тие размислувања и на крај да има помогне да одлучат за кого ќе гласаат.
Импакт, ќе ја промовира алатката „Изборен компас Македонија“ во понеделник, во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
„Изборен компас Македонија“ е бесплатна онлајн алатка којашто им овозможува на гласачите да ги споредат своите позиции со позициите на партиите кои ќе учествуваат на престојните парламентарни избори. Граѓаните имаат можност да одговорат на серија искази по важни прашања за различни политики кои се претходно одговорени и од страна на политичките партии. Компасот ја пресметува позиција на политичките партии, ги позиционира на политичката сцена и ги споредува политичките преференци на граѓаните со официјалните политики на партиите наведени во нивните платформи, јавни изјави и на нивните веб страници. Оттука гласачите добиваат слика за нивната позиционираност наспроти партиите и можат да донесат информирани одлуки за која политичка опција да гласаат. Алатката ќе биде достапна на македонски и албански јазик од почетокот на изборната кампања, 21 ноември, до денот на изборите на www.izborenkompas.mk.
„Изборен компас Македонија“ е изработен од тим на истражувач(к)и од Институтот за истражување и општествени иновации – Импакт, Киескомпас и Врије Универзитетот во Амстердам и Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Проектот е финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија и е поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.

