Контакт

Книги

Букурешка промоција на збирката песни „Да не ми е сон“ од Зоран Пејковски

Објавено пред

Во вторник на 22-ри ноември, во романската престолнина Букурешт ќе биде промовира збирката песни „Да не ми е сон“ на македонскиот писател Зоран Пејковски. Оваа поетска книга од печат излезе годинава во издание на „Дијалог“ од Скопје.

dobivaj vesti na viber

 
Станува збор за поетска книга која е вреднувана од романската книжевна критика и издавачките на Романија како највисоко поетско достигнување во 2016 година во земјите од Балканот и југоисточна Европа, што претставува уште една силна експресија да биде претставен македонскиот јазик надвор од границите на Македонија, преку која всушност се претставува македонската култура и литература во странските држави како белег на успешната приказна водена од Министерството за култура, македонските уметници и писатели да бидат присутни надвор од државата.

Богатиот поетски јазик, милозвучната лирика, неологизмите, совршенството на љубовта и ред други убавини ја разубавуваат поетската книга на Зоран Пејковски, а сите тие возвишени нитки придонесоа македонскиот јазик да се слушне и претстави во Романија во оваа земја со богата култура и традиционални вредности во кои еден период биле присутни и Рајко Жинзифов, Крсте Петков Мисирков и други македонски преродбеници.

Тој совршен спој на моќната македонска поезија, големина од еден од најплодните автори во Македонија, Зоран Пејковски, ги продолжи патиштата на претходниците Македонци кои биле во Романија и создавале. Токму и затоа „Да не ми е сон“, или како што на романски звучи „Sa nu – mi fie vis“, отвори уште едно големо поглавје на македонската литература во Европски и светски рамки. А присутноста на Пејковски, го говори токму тоа.

Инаку, поетската книга на романски јазик е препеана од Дина Чувата, а издавач на оваа импозантна, оригинална и високо етаблирана поезија е издавачката куќа на Ф. М. Чиочеа од Романија.

Што се однесува, пак, до Зоран Пејковски, тој е магистер по драматургија, и докторант на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје и единствениот натуралист во македонската литература, а покрај тоа што тој е драмски писател и драматург, тој е и поет, прозаист, преведувач и публицист, но и почесен амбасадор на мирот, титула која им се доделува на забележани книжевни и уметнички имиња како нивен придонес за човештвото во Европа и светот. Всушност со оваа титула само се докажува дека Пејковски, не само што е европски поет, туку и светски, затоа што организацијата што му ја додели амбасадорската титула го забележала неговиот силен и богат книжевен израз, неговиот придонес.

Инаку, Зоран Пејковски автор е на повеќе книжевни и драмските дела, и тоа: „Атомско време“, „Тесно небо“, „Последниот чин на комедијата на смртта“, „Реликвија на светлината“, „Облак во пантолони“ (препев), „Relic of the light“, „Филозофија на смртта“, „Љубов на вересија“, „Театарот е ритам и стил“, „За животот, љубовта и смртта“, „Театарот е фабрика за соништа“, „Сон“, „Сега знам“, „Сите наши кодоши“, „Самуилово распетие“, „Херувимите на Самуиловата круна“, „Градот на јужното море“, „Со љубов кон Свети Климент Охридски“, „Да не ми е сон“, „Златна прашина“, „Избор драми – трагедии“, „Мали детски разговори“, „Апостолска чудотворност“ и ред други.

Од 1995 година е член на Друштвото на писатели на Македонија, потоа, член на Собранискиот одбор на Друштвото на писатели на Македонија, па претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ од Битола. Пејковски е и член на Македонското научно друштво од Битола, и член на Управниот одбор на Македонското научно друштво, потоа тој е и главен и одговорен уредник на регионалниот информативен неделник „Јавност“, а е главен и одговорен уредник на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, кое излегува во рамките на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ од Битола. Зоран Пејковски, е преведуван и препејуван на повеќе странски јазици: англиски, француски, српски, словенечки, хрватски, босански, руски, бугарски, грчки, албански, португалски, шпански, романски, полски, влашки, итн.

За својот книжевен и публицистички опус има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои: „За серија информации во популаризација на книгата“ на Културно просветната заедница на Македонија во 1992 година; наградата „Празник на липите“ во 2012 година, која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, на истоимената Меѓународна книжевна манифестација; наградата „Медијала“ на „Македонија презент“ за збирката песни „Сега знам“ во 2014 година, потоа наградата „4-ти Ноември“ на Општината Битола за книжевност и литература за 2014 година, за збирката песни „Сега знам“ и за драмскиот текст „Сите наши кодоши“, па следи наградата „Јован Котевски“ во 2016 година за збирката песни „Златна прашина“, потоа наградата „ЕРГО СУМ“ во 2016 година за популаризација и афирмација на театарскиот израз, итн./крај/мф/аш



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата. На Локалните избори 2025 во Северна...

Македонија16 часа

Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „На 16 октомври 2025 во 20...

Топ19 часа

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија19 часа

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија21 час

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија21 час

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија23 часа

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион1 ден

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет2 дена

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија2 дена

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија2 дена

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ2 дена

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ2 дена

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија2 дена

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија2 дена

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет2 дена

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија2 дена

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа2 дена

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет2 дена

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...