Регион
Грабар – Китаровиќ предлага оставка на премиерот Милановиќ
За излез на Хрватска од кризата, новоименуваната претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ, предлага премиерот Зоран Милановиќ да си даде оставка, јавуваат хрватските медиуми.
За излез на Хрватска од кризата, новоименуваната претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ, предлага премиерот Зоран Милановиќ да си даде оставка, јавуваат хрватските медиуми.
Имено, Милановиќ упатил писмо до претседателката, на што таа му одговара со соопштение во кое стои дека „најконкретен предлог за излез на Хрватска од кризата е оставка на претседателот на Владата“.
Грабар – Китаровиќ му предложила на Милановиќ заедничка седница на Влада заради тешката економска и социјална состојба во земјата, во телефонски разговор. Таа предложила и тимови од двата кабинети да утврдат дневен ред на седницата, но бидејќи тоа не се случило таа упатува на Уставната можност за дневен ред назаедничка седница.
„Во врска со повикот до претседателот на Владата на Хрватска да подготви конкретни предлози, начин на спроведување и проценка на финансискиот учинок на тие предлози за заедничка седница на Владата, нагласуваме дека претседателката, по темелни анализи и консултации со стопански стручњаци, дојде до заклучок дека најконкретен предлог за излез на Хрватска од кризата е оставка на претседателот на Владата“, стои во соопштението од Кабинетот на Грабар – Китаровиќ./крај/мф/бб
Извор: dnevnik.hr
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
14 мигранти загинаа во судир со брод на крајбрежната стража кај Грција
14 мигранти загинаа во Егејското Море откако нивниот брод се судри со брод на крајбрежната стража кај грчкиот остров Хиос, соопшти крајбрежната стража. Службеник на крајбрежната стража изјави дека го забележале бродот што превезувал мигранти кон грчкиот остров Хиос и им наредил да се вратат назад.
„Шверцерите маневрирале кон бродот на крајбрежната стража, предизвикувајќи го судирот“, изјавил службеникот за Ројтерс. Ројтерс не можел независно да потврди точно како се случил судирот. Двајца припадници на грчката крајбрежна стража биле однесени во болница на Хиос, заедно со 25 спасени мигранти, според првичните информации од крајбрежната стража, објави АФП.
Меѓу повредените се бремена жена и седум деца, објавија грчкиот јавен радиодифузен сервис ЕРТ и новинската агенција АНА. Крајбрежната стража соопшти дека е во тек операција за пребарување и спасување, со помош на бродови на крајбрежната стража, приватни чамци и нуркачи.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА

