Контакт

Европа

Борбите околу аеродромот во Донецк продолжуваат, убиени двајца цивили

Објавено пред

Градските власти на Донецк соопштија дека борбите околу аеродромот повторно биле обновени, а премиерот на самопрогласената Народна Република Донецк, Александр Захарченко, изјави дека во престрелките загинале двајца цивили, пренесуваат руските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Дописникот на Руската информативна агенција (РИА) Новости јавува дека рано во средата украинските сили отвориле оган од артилериско оружје во областа Путиловски пазар во Донецк. На сајтот на градските власти било наведено дека биле ранети и две жени.

 

Захарченко, како што пренесува РИА Новости, рекол дека од страната на аеродромот било пукано врз области на село во Октомвриски рудник и дека при овој напад биле убиени двајца цивили.

 

Според неговите зборови, поруските сили воделе борби со украинската војска и во областите Телманов и Горловка, каде биле ранети двајца припадници на бунтовничките сили.

 

Украинската агенција Укринформ го пренесува соопштението од сајтот на градските власти во Донецк во кое се вели дека била обновена размената на оган меѓу припадниците на единиците на Народна Република Донецк и украинските сили кои ја имаат контролата над аеродромот, како и дека во близина гори една осумкатница.

 

Агенцијата УНН ги пренесе извештаите на локалните медиуми во кои се вели дека во Донецк бил нападнат аеродромот,но и дека под отворен оган се и стратешки објекти како и жители на населбите околу аеродромот.

 

Оваа украинска агенција наведува дека на западот во Донецк, каде што се наоѓа аеродромот, повторно се слушаат експлозии и автоматски рафали./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Експлозии во Киев и Харков, дел од населението заробено под урнатините

Објавено пред

Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети. Ројтерс јавува дека очевидци пријавиле серија силни експлозии.

dobivaj vesti na viber

Според првичните информации, загинале 9 лица, а 63 се повредени, од кои 42 се хоспитализирани, меѓу кои и шест деца.

Станбени згради се урнаа, а во тек е потрага по луѓе под урнатините. Психолозите и екипи со кучиња трагачи од Државната служба за итна помош се на терен.

„Во тек е комбиниран напад. Опасноста останува висока“, напиша на Телеграм Тимур Ткаченко, шеф на градската воена управа на Киев.

Тој, исто така, истакна дека пожари и урнати летала и делови од проектили се регистрирани во два квартови на западниот брег на реката Днепар, која го минува низ градот.

Кличко: Тимови лекари испратени во различни делови на градот
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека дронови летаат над централните области, наредувајќи им на тимови од лекари итно да се упатат во различни делови на градот. Ткаченко нагласи и дека пет лица се повредени во градската област Свјатошински, додека Кличко истакна дека жителите на една зграда останале под урнатините. Пожари и паѓање на метални остатоци од проектили се забележани и во други делови на Киев.

Нападнат е и Харков
Харков, вториот по големина град во Украина, исто така беше подложен на силен ракетен напад рано утринава, напиша на Телеграм градоначалникот на градот Игор Терехов. Тој рече дека се слушнале неколку експлозии во градот, кој е честа цел на руски напади.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците нападнаа објект со беспилотни летала 1.000 километри длабоко во Русија

Објавено пред

Украинската војска вчера вечер соопшти дека погодила постројка за производство на беспилотни летала со долг дострел во Татарстан, оштетувајќи ја клучната монтажна линија.

dobivaj vesti na viber

Од почетокот на тригодишната војна, Русија интензивно користи Шехид, ирански автономни камикази беспилотни летала, како и други видови беспилотни летала за напади низ Украина.

Украина вчера вечер соопшти дека соборила 134 руски беспилотни летала. „Засега знаеме дека е оштетена лентата за склопување на беспилотни летала, беспилотни летала“, објави украинскиот Генералштаб на Телеграм, додавајќи дека капацитетот на оштетениот објект е 300 дронови дневно.

Локалните власти во Елабуга известија за еден соборен дрон, а Маш, канал Телеграм близок до руските безбедносни служби, објави дека најмалку четири дронови биле соборени во близина на фабрика во тој град.

Украинските сили задолжени за беспилотни летала и други единици извеле експлозии во близина на фабриката, на 1.054 километри од украинската граница, соопшти украинскиот Генералштаб.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Почна преместувањето на телото на папата

Објавено пред

Првата снимка доаѓа од капелата во Домот Света Марта, каде кардиналите се собрани во молитва.

dobivaj vesti na viber

„Го придружуваме Франциско на ова последно патување“, се вели во преносот, „со сите добри дела што ги направи за доброто на Црквата“.

По префрлањето на телото на починатиот папа од неговата резиденција во базиликата Свети Петар во Ватикан, телото буквално ќе им биде изложено на верниците.

Поворката започнува од капелата на Домот. Во него учествуваат кардинали и патријарси, а потоа кардиналот одаран и господарот на литургиските празнувања.

Носителите ќе го пренесат телото на починатиот папа Франциско, а ќе ги следат неговите секретари, членовите на семејството и персоналот.

Поворката ќе помине низ Via della Sacrestia, потоа преку плоштадот на римските првомаченици и сводот на камбаните за да влезе на плоштадот Свети Петар. Откако ќе поминат низ секторот Свети Петар, ќе се упатат кон централниот дел на плоштадот, ќе се искачат на централната зграда и потоа преку централниот портал ќе влезат во базиликата Свети Петар, каде што минувајќи низ главниот кораб ќе стигнат до гробот на Свети Петар.

Верниците ќе имаат можност да му оддадат почит на Папата во деновите пред погребот во сабота.

Базиликата ќе биде отворена во следните периоди:
Среда, 23 април – од 11:00 до 12:00 часот по локално време

Четврток, 24 април – 07:00 до 24:00 часот

Петок, 25 април – од 07:00 до 19:00 часот

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов што ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди....

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не скри нешто, не рече дека законот не важи за татко му

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски бидејќи законот важи за сите. Левицата да одговори како, освен сутерен во строгиот...

Македонија2 часа

ДУИ до Мицкоски: Ако целта е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат...

Свет3 часа

Рубио: Ова не е наша војна, ние не ја почнавме

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „сите треба да му се заблагодарат“ на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните...

Македонија3 часа

Левицата: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и...

Свет3 часа

Лавров: Спремни сме да се договориме со САД за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но...

Свет4 часа

Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека...

Спорт12 часа

(Видео) Ѓоковиќ ги загуби нервите: Да ти е..м тенисот

Новак Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите на официјалниот тренинг во Мадрид. Додека во главниот град на Шпанија се одржуваа натпреварите...

Македонија15 часа

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“: меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка,...

Македонија16 часа

Образ ѓон, се уште седат и земаат илјадници евра плата: Мицкоски за членовите на Судскиот совет

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна...

Македонија21 час

Измами во давањето туѓа нега и инвалидски пензии, под истрага 49 лица, вмешани и лекари

Сузбиени две криминални групи, кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување право за туѓа нега и право на инвалидски пензии,...

Македонија22 часа

Битола, Струга, Чаир се меѓу општините кои не аплицирале за проекти, рокот истекува за помалку од една недела

Седумнаесет општини воопшто не аплицирале за инфраструктурни општински проекти, за што Владата доделува средства од унгарскиот кредит. Во оваа група...

Македонија23 часа

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое...

Македонија23 часа

Таравари го поддржа апсењето лекари: Директорот на Геријатрија првин го разрешив, а потоа го исклучив од партијата, сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната полициска акција, која...

Македонија1 ден

Речиси третина од фирмите, чии лиценци ќе се одземаат, имаат блокирана сметка или се неактивни, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за фирмите кои се на списокот што го објави Министерството за транспорт и...

Македонија1 ден

Владата ја прави премиерот, ако тој смета дека Алијансата за Албанците не му треба, ние немаме никаков проблем, вели Таравари

Министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, не сака да избрзува со носење какви било политички...

Македонија1 ден

Еден загинат по удар на гром во Прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава...

Македонија1 ден

ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува однатре со Албанци што молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ

„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во...

Свет1 ден

(Видео) Трамп до американски ветеран без нозе: Значи, те погодија, прекрасно

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Овалната соба се сретна со група ранети американски ветерани, каде потпиша голем број нови...

Регион1 ден

Вучиќ оди во Русија на прославата на Денот на победата, ќе се сретне со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на 9 мај ќе отпатува за Москва, каде ќе присуствува на парадата за Денот...