Европа
Туск и Камерон во ‘невозможна мисија’ за измена Лисабонскиот договор
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека во петокот дека е подготвен да разговара за „невозможната мисија“ за промена на европскиот договор, којашто би одговарала на повиците од британскиот премиер Дејвид Камерон на радикални реформи на унијата од 28 европски држави.
Ветувањето на британскиот премиер Дејвид Камерон дека ќе испреговара нови односи меѓу Велика Британија и Европската унија, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во едно неодамнешно интервју го нарече „невозможна мисија“, алудирајќи на серијалот познати акциски филмови.
„Сакам да биде изнајдено решение коешто ќе одговори на британските барања. Доколку биде потребно, можеме да разговараме за ткн невозможна мисија, со добра волја на крајот да се дојде до решение“, изјави Туск, политичар од десната ориентација како и Камерон, на прес-конференцијата по завршувањето на Европската унија во Брисел, мислејќи на измените на Европскиот договор од Лисабон.
Доколку победи на изборите во мај годинава, Камерон вети дека ќе отвори преговори за односите на Велика Британија и Европската унија по прашањата како што е имиграцијата и до 2017 година да распише референдум за останување во ЕУ. Се надева дека така Британците, коишто сметаат дека европските институции станале штетни и зли, ќе ги увери да не излегуваат од најголемата трговска унија на светот.
Зборувајќи истовремено, но на друга прес-конференција во Брисел, Камерон се послужи со истата метафора, велејќи дека ѕвездата на филмовите од серијалот „Невозможна мисија“ Том Круз на крајот обично победува. „Малку е понизок од мене, но се надевам дека ќе бидам исто толку успешен“, рече британскиот премиер. Камерон истакна дека доколку победи на изборите, ќе има мандат за промените коишто Брисел нема да може да ги игнорира.
Меѓутоа, тоа прашање е чувствително за Туск, бидејќи е едно од главните бараа на Камерон е намалувањето на доселувањата во Велика Британија од источна Европа. Најмногу европски имигранти во Велика Британија доаѓаат токму од Полска, чиј поранешен премиер беше Доналд Туск. Дури и со поддршката на Туск, измените на Лисабонскиот договор ќе бидат тешко да се изведат и треба да бидат убедени и другите европски челници да размислат за таа идеја. Пота ќе треба да биде формирана комисија за изработка на предлог реформите кои на крајот треба да ги ратификуваат сите држави членки на ЕУ./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

