Македонија
Одбиена жалбата на СЈО за „Трезор“, нема притвор за осомничените
Основниот суд Скопје 1 Скопје во вторникот го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за определување на мерка претпазливост за тројца осомничени од аферата „Трезор“, а во писменото соопштение на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција се наведува дека како неоснована ја отфрла жалбата за неопределувањето на мерките за претпазливост против три лица опфатени во предметот на СЈО познат како „Трезор“.
Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција го потврди решението на судијата на претходна постапка со која беше одбиено барањето на СЈО за определување мерки за претпазливост против три лица осомничени во случајот „Трезор“.
Истиот суд претходно по двочасовен распит не му го одзема пасошот на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијаков кој е осомничен во овој предмет.
Во случајот „Трезор“ за незаконско купување опрема за потребите на МВР три раководни лица од УБК и едно раководно лице од Министерството се осомничени за злоупотреба на службената положба и за оштетување на буџетот на РМ во износ од 862.045 евра. Според доказите со кои располага СЈО, како што велат оттаму, наместо опремата да биде набавена директно од правно лице од Велика Британија, како најевтин начин на набавка, осомничените со цел да прибават имотна корист за правното лице ДТУ „Финзи“ ДООЕЛ – Скопје договориле истата да се изврши преку него.
Слично постапи и Апелациониот суд кој ја одби жалбата на СЈО, со која не беше прифатено барањето на обвинителството за изземање на судијката надлежна за определување мерки за претпазливост против три лица опфатени во предметот Трезор. Во објаснувањето тогаш беше посочено дека судот ја смета за неоснована жалбата, бидејќи не постојат околности кои предизвикуваат сомнение за непристрасност на судијата за кој се бара изземање.
Во октомври судот го одби и барањето на СЈО за притвор за еден осомничен во овој предмет. Позитивно постапи само во однос на барањето за замрзнување на банкарските сметки на правното лице ДТУ „Финзи“ ДООЕЛ Скопје./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

