Македонија
(Видео) Јовески бара од Собранието да протолкува до кога важи рокот за истраги на СЈО
Врховниот суд излегол надвор од своите законски овластувања кога дал мислење дека специјалното јавно обвинителство повеќе не е овластено да отвора нови истраги и да покренува обвиненија. Ова го изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој рече дека јавните обвинителства ќе ги преземат предметите на СЈО, за кои тимот на Јанева ќе се огласи дека е ненадлежен.
„Начелното правно мислење на Врховниот суд ја нарушува законитоста во постапките пред судовите. Не е проблем редовните обвинителства да ги застапуваат предметите со бомбите како докази“, рече тој.
На денешниот проширен колегиум во Јавното обвинителство било одлучено да се испрати барање до Собранието за автентично толкување на членот 22 од Законот за специјално јавно обвинителство.
Највисокиот суд минатата недела донесе начелно мислење дека рокот од 18 месеци за обвиненија и истраги СЈО требало да го смета од моментот кога биле преземени бомбите, а не од секој поединечно од преземањето на секој предмет од редовното обвинителство.
„Јавниот обвинител во постапките по преземените предмети, како законити ќе ги користи докзите и прибавените материјали, како докази прибавени на легален начин и во законита постапка“, рече Јовески.
Со ова, под знак прашалник се доведоа десетици истраги кои се водат за СЈО против голем број функционери од поранешната власт, но и за претставници од ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Падна дрво во населбата „Автокоманда“ во Скопје
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата „Автокоманда“.
Од ЦУК, веднаш по добиената информација од страна на Сектор за операции и координација, покрај МВР, беа известени ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, коишто испратија екипи и истите интервенираа во расчистување на паданатото дрво.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.