Политика
Груби: Неопходна е еднаквост, официјалната употреба на албанскиот јазик ќе го зајакне општеството
Официјалната употреба на албанскиот јазик ќе го зајакне општеството, и ова е еден од клучните столбови од Платформата 2020 на ДУИ во поглед на изборите на 11-ти декември, изјави во средата портпаролот на ДУИ, Артан Груби.
„Иако македонскиот општествен наратив беше драматизиран за да се промени Уставот, законот за амнестија, законот за територијална поделба, децентрализација, употребата на албанскиот јазик во многу државни и локални органи, службената употреба на националното знаме, воспоставувањето на двата албански универзитети, вработувањето на околу 25 илјади Албанци во администрација, поставувањето на орелот во Чаир, како и многу други национални пројекти на ДУИ, сепак, ништо лошо не и се случи на Македонија ниту на македонскиот народ“, изјави Груби.
„Напротив, нашето општество стана еднакво, потолерантно и кохезивно и како резултат на овие постигнувања, Македонија доби статус на кандидат за членство во ЕУ и се оцени како пример за имплементација на мировниот договор. Токму ова ќе се случи со одобрување на еден посебен закон за употреба на албанскиот јазик во новиот парламентарен состав. Македонија ќе стане посилна, еднаква“, додаде Груби.
Тој вели дека во врска со уставните прописи, албанскиот јазик е втор официјален јазик, но повеќегодишното искуство во практика покажува, дека двете најголеми македонски партии го прекршиле Уставот, не покажувајќи подготвеност за заокружување на ова незавршено прашање од Охридскиот договор.
„Затоа, клучен столб на изборната програма на ДУИ е токму регулирањето на употребата на албанскиот јазик со другиот официјален јазик и тоа во сите нивоа во согласност со Охридскиот договор. Македонските партии треба да се ангажираат за законитоста и следствено да го спроведат амандманот V на Членот 7 од Уставот кој е многу јасен и тоа што има потреба е хармонизацијата на законската регулатива со Уставот“, рече Груби.
„Иако употребата на албанскиот јазик се најавува двапати по ред од страна на ДУИ, сегашната регулатива има неколку ограничувања за некои нивоа на власта, како парламент, судство, извршната и локалната власт но има конфузија во врска со индивидуалната употреба. Потребата за промена на законската рамка потекнува од квантитативна и квалитативна анализа на Рамковниот Охридскиот Рамковен Договор, кој се спроведува со поддршка на меѓународната заедница и тоа беше барање на Европската Комисија“, додаде тој.
Имајќи ги предвид сите предупредувања, ДУИ за време на владеењето во периодот 2016 – 2020, е посветена на следното: да се спроведе Охридскиот договор и Уставот и да се прифати јазикот како еден важен елемент на идентитетот и како средство за зајакнување на идентификацијата со државата и поттик за разбирање помеѓу заедницитеда се воведе еден сеопфатен закон за употребата на јазиците, кој ќе биде усогласен со Амандманот V член 7 од Уставот; да се регулира правото на сите граѓани да се обратат на централните институции и на албански јазик, без оглед нивното населување, правото на превод на подзаконски акти на англиски јазик, автоматско пуштањето на личните документи на граѓаните на официјалните јазици на албанската заедница, доведе со парламентарните седници на албански јазик; да се појаснат одредбите на јазикот во Законот за Локална Самоуправа, вклучувајќи го и градот Скопје, стандардизација на употребата на официјалните јазици за сите јавни знаци, целосно спроведување на јазичните права во судскиот сектор.
Од ДУИ додаваат дека практично ќе биде потребно за некои институционални форми кои ќе го зголемат квалитетот на употребата на албанскиот јазик и тоа: следење и надзорни механизми за нејзино спроведување, на пример, создавајќи една меѓуминистерска работна група; создавање на регионални центри на преведувачи и толкувачи за поддршка на локалните власти; основање на институции за следење на употребата на јазикот, за контрола на стандардот и квалитетот како и санкционирање на измама или несоодветна примена на албанскиот јазик.
„На крај, ве молам дозволете ми да кажам дека никој нема потреба да се плаши од еднаквоста која доаѓа по 11-ти декември“, порача Груби./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.