Контакт

Црна хроника

Шестчлена група со финансиски криминал заработила 335.000 евра

Објавено пред

Шестчлена група е осомничена дека со финансиски криминал успеала да заработи повеќе од 335.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Против нив е поднесена кривична пријава за „Измама“, „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“, „Помагање“ и кривично дело  „Поттикнување“.Според податоците од истрагата, првопријавениот Б.А сопственик и управител на Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Бас проект ДООЕЛ“ експорт-импорт од Скопје, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2013 година искажал и доставил невистинити податоци во ДДВ пријавата за влезниот промет каде за наводно извршени набавки на стоки и услуги искористил фалсификувани влезни фактури од правните лица „Професионал инвест ДООЕЛ“ Скопје и ЦУЗО-ЕС ДООЕЛ увоз-извоз Батинци. Во оваа активност првопријавеиот добил логистика од второпријавениот И.И и четвртопријавениот С.Е кои му помогнале на Б.А да ги доведе во заблуда службените лица задолжени за контрола на повратот на ДДВ при што успеал да наплати 64.000 евра поврат на ДДВ од Буџетот на Република Македонија.Првопријавениот Б.А помогнат од второпријавениот И.И за даночниот период 01.04.2013-30.06.2013 година евидентирал во сметководствената евиденција на правниот субјект „Бас Проект ДООЕЛ“ од Скопје, фиктивни влезни фактури од правното лице „Професионал инвест ДООЕЛ“ Скопје управувано од второпријавениот И.И, врз основа на кои за даночниот период од 1 април до 30 јуни 2013 година до Управата за јавни приходи во ДДВ пријавата искажал лажни податоци и извршил неоснована одбивка на ДДВ во износ од 7.700 евра.Првопријавениот Б.А во периодот Август-Декември 2013 година помогнат од петтопријавениот И.С искористил и влезни фактури за наводно извршени услуги од правното лице „Електро дизајн СТС ДООЕЛ“ увоз-извоз с.Студеничани. Со помош на овие лажни фактури првопријавениот го оштетил Буџетот на Република Македонија за дополнителни 20.000 по основ на ДДВ, а како резултат на прикажаните нереални трошоци во завршната сметка на фирмата за 2013 година, дополнитено затаил 11.000 евра Данок на добивка.Второпријавениот И.И во својство на сопственик и управител на правното лице „Професионал инвест ДООЕЛ“ Скопје, со намера да се стекне со противправна имотна корист во текот на 2012 година искажал и доставил невистинити податоци во ДДВ пријавата за период од 1 јули до 30 септември 2012 година за влезниот и излезниот промет на правното лице „Професионал инвест ДООЕЛ“ Скопје со што успеал да ги доведе во заблуда службените лица задолжени за контрола на повратот на ДДВ и притоа инкасирал од државниот буџет сума од 83.000 евра. Парите добиени од неоснованиот поврат за ДДВ, второпријавениот И.И дел ги подигнал во готово од банкарската сметка на правното лице, а останатите ги префрлил на трансакциски сметки на други физички лица од каде потоа паричните средства се подигнати во готово и истите се користени за различни намени.Во период од 2010 до 2013 година второпријавениот И.И, првопријавениот Б.А и шестопријавениот Р.И од сметката на „Професионал инвест ДООЕЛ“ Скопје подигнале 192.000 евра за наводни материјални трошоци, патни трошоци и теренски трошоци а парите ги користеле за лични потреби со што второпријавениот сторил кривично дело „Даночно затајување“ бидејќи не пресметал и не уплатил персонален данок од доход по пресметковна стапка од 11,11% во износ од 22.000 евра.Третопријавениот Џ.С во својство на сопственик и управител на правното лице „Џигиелектрик-ЏС ДООЕЛ“ увоз извоз од с.Батинци, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2013 година искажал и доставил до УЈП  невистинити податоци во ДДВ пријавата за период од 1 јануари до 31 декември 2012 година за влезниот и излезниот промет на правното лице „Џигиелектрик -ЏС ДООЕЛ“ увоз извоз с.Батинци. Како резултат на оваа измама, пријавениот од Буџетот на Република Македонија си подигнал по основ поврат на ДДВ вкупно 125.000 евра од кои дел подигнал во готово од банкарската сметка на правното лице, а останатите парични средства ги префрлил на трансакциски сметки на други физички лица од кои ги ваделе во кеш.Во периодот 2012-2013 година третопријавениот Џ.С од банкарската сметка на правното лице „Електро дизајн СТС ДООЕЛ“ неосновано подигал парични средства на име материјални трошоци со што затаил 5.000 евра Персонален данок на доход.Финансискиот криминал кој го вршела оваа група осомничени се проценува на сума од над 335.000 евра, за кој износ е оштетен Буџетот на Македонија./крај/со



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

13-годишно дете нападнато во Карпош, полицијата го истражува случајот

Објавено пред

Во полицијата било пријавено дека 13-годишно момче било физички нападнато од четворица малолетници на подрачјето на Карпош, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Во пријавата се наведува дека нападот се случил околу 14:30 часот, а малолетниците, кои биле познати на семејството, физички го нападнале момчето, при што еден од нив употребил и тврд предмет.

По нападот, како што се наведува, на малолетникот му биле упатени и закани поврзани со неговите двајца браќа.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Измама во Тетово: Двајца пријавени за земање пари за лажно посредување во Центарот за социјални работи

Објавено пред

Две лица од Тетово се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело – измама.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, настанот се случил во октомври 2024 година, кога Х.А. (58) довела во заблуда лице од Тетово, уверувајќи го дека може да му помогне со посредување во Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово, со цел тој и неговата сопруга да остварат надомест за помош и нега од друго лице.

Откако го уверила оштетениот дека ќе ја заврши постапката, заедно со С.Р. (51) од него побарале потребни документи и парични средства. Подоцна, барањето за надомест било одбиено, а парите, како што се наведува, не му биле вратени.

По преземените мерки, СВР Тетово поднела кривична пријава, а случајот е доставен до надлежните институции за понатамошно постапување.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Насилство во теретана во Тетово

Објавено пред

Четири лица од Тетово се опфатени со кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, соопшти СВР Тетово.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, на 17 август 2025 година, во еден фитнес-центар во Тетово, а потоа и надвор од објектот, Б.А. (28), Б.А. (33), Х.Б. (19) и М.Ш. (33) физички го нападнале А.И. (32) од Тетово, при што му биле нанесени телесни повреди.

Фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што...

Македонија18 минути

(Видео) Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена која беше пронајдена почината во атарот на гостиварското село Неготино. Според првичниот наод, таа...

Македонија44 минути

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за обврските на Израел

Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата што се однесува на обврските на Израел...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се претставува како противник на мигрантите, а во 2018 туркал камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека јавно настапува како противник на мигрантите, додека за време на...

Македонија2 часа

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Собранието, а не општините, мора да одлучува за прашањето со мигрантите, соопшти денеска СДСМ, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски со...

Свет3 часа

Трамп, Бил Клинтон, Бил Гејтс се појавија на новите фотографии со Епштајн, претседателот се оградува: „Не знам ништо за тоа“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека не знае ништо за најновите фотографии поврзани со Џефри Епштајн, одговарајќи на новинарско...

Свет14 часа

ЕУ ја потврди одлуката за замрзнување на руските средства на неопределено време

Денес, Европската унија ја потврди одлуката за замрзнување на средствата на руските централни банки лоцирани во Европа на неопределено време....

Македонија18 часа

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што...

Македонија20 часа

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ21 час

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија22 часа

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...

Македонија24 часа

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ1 ден

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...

Македонија1 ден

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата...

Македонија1 ден

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија1 ден

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија1 ден

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама со променет статус во економски работници

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет1 ден

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет1 ден

(Видео) Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...

Свет1 ден

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк првпат се појави пред суд

Мажот обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се појави за прв пат лично на суд...