Црна хроника
Затајувач на данок измамен од невработен
Сопственик на фирма од Тетово не платил ДДВ и персонален данок во вкупен износ од 8.700.000 денари, по што еден човек се понудил да му помогне долгот кон УЈП да го вати на рати и во помал износ, за што му барал 3.000 евра.
Имено, оштетениот до УЈП – Тетово поднел барање за одложено плаќање на даночен долг и во периодот додека се одлучувало по поднесеното барање, пријавениот Д.Т. на непознат начин дошол до информации во врска со гореизнесеното по што на на почетокот на минатиот месец телефонски го исконтактирал оштетениот.
Пријавениот му се претставил дека наводно е вработен на висока позиција во Управа за јавни приходи Скопје при Министерство за финансии и побарал да остварат средба за да се договорат околу исплатата на долгот во однос на поднесеното барање од негова страна.
Наредниот ден, оствариле средба во угостителски објект во Скопје каде пријавениот Д.Т. на оштетениот му кажал дека е испратен од неговиот „шеф“ за да му каже дека сакаат да му помогнат, односно да му овозможат остатокот од основниот долг да го исплати на 48 рати (на сума од 7.200.000 денари) и да му овозможат отпис на долгот по основ на камата (1.500.000 денари). За наводната „услуга“ пријавениот побарал од оштетениот да му исплати износ од 3.000 евра.
Два дена подоцна оштетениот повторно се сретнал со пријавениот и му дал 1.500 евра, а потоа и останатите 1.500 евра.
Во наредниот период пријавениот комуницирал со оштетениот преку СМС пораки и го одржувал во заблуда, ветувајки му дека ќе му ја заврши договорената работа, по што побарал уште 30.000 денари. По добиената порака оштетениот се посомневал и настанот го пријавил во полиција.
Во СВР Скопје од оштетениот се одземени 30 банкноти во апоени од по 1.000 денари кои биле криминалистичко-технички обработени и на договорена средба се сретнале пријавениот и оштетениот во кафе-бар во Скопје при што пријавениот ги примил паричните средства и на оштетениот му кажал дека на 02.02. ќе биде повикан во УЈП за да му биде врачено Решението. При излегување пријавениот е лишен од слобода.
Извршен е претрес пришто се пронајдени поедметните парични средства, одземен му е мобилен телефон и сим– картичка.
Од извршените проверки во Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување констатирано е дека пријавениот Д.Т. е со статус на невработено лице. Против Д.Т. се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела “насилство“, “затајување“, “загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и “измама“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.