Црна хроника
Еден расечен со нож, петмина приведени во тепачката во Нерези
Едно лице било расечено со нож, а пет лица се приведени во тепачката што се случи во вторникот попладне на булевар „Партизански одреди“ во скопската населба Нерези, соопшти СВР Скопје.
Инцидентот се случил околу 18 часот кога две групи момчиња од населбата Нерези почнале да се расправаат, а потоа настанала групна тепачка. Во тепачката настрадал деветнаесетгодишниот Љ.И. кој се здобил со расекотини на нозете и му била укажана лекарска помош во Градската болница „8-ми Септември“. Приведени се вкупно пет лица, повредениот Љ.И. и неговиот врсник Е.М. кои учествувале од една страна во тепачката и уште три други лица, триесет и едногодишниот З.Р., дваесет и деветгодишниот Ш.И. и дваесет и четиригодишниот Е.А. Извршен е увид на местото на тепачката и пронајден е пиштол кој е предаден на вештачење. Со пиштолот не било пукано, а ножот со кој бил расечен еден од учесниците во тепачката не е пронајден.Извршен е информативен разговор со приведените и полицијата се уште утврдува чиј е пиштолот, кој го расекол повредениот и дали има други лица инволвирани во тепачката.Се утврдува мотивот за тепачката помеѓу двете групи кои се познавале од претходно./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.