Европа
Дваесет украински војници се предале во Дебалцево, петмина убиени

Најмалку дваесет украински војници им се предале на силите на рускоајзичните бунтовници во стратешки важниот железнички јазол Дебалцево, кои го контролираат поголемиот дел од градот, соопшти во вторникот ткн министерство за одбрана на самопрогласената одметната Народна република Донецк, а воениот портпарол на Киев соопшти дека пет војници се убиени во бунтовничките напади.
„Имаме сознанија за предавање на дваесет војници. Станува збор за обични војници и пониски офицери на Вооружените сили на Украина“, се наведува во соопштението на бунтовничките власти во Донецк што го цитираат локалните медиуми.
Претходно бунтовнички сили објавија дека се предале 120 војници. Оваа информација за агенцијата РИА Новости ја демантираше портпаролот на воената операција на украинската војска во источните региони, Андриј Лисенко. Но засега информацијата за предавање на дваесетте војници не е потврдена од официјален Киев, а дописниците на странските агенции засега не се во можност да ја проверат од независни извори.
Воениот портпарол на украинските власти, Владислав Селезнев, во вторникот на прес-конференција во Киев објави дека пет украински војници се убиени а 14 се ранети на источниот дел од земјата. „Повеќето загинаа околу Дебалцево“, додаде.
Набрзо ткн министерство за одбрана на бунтовниците во Донецк, објави и дека поголемиот дел од градот Добелцево е под контрола на неговите сили.
„Според последните податоци, поголемиот дел од Дебалцево е под наша контрола. Украинските сили го контролираат само западниот дел од градот“, се вели во соопштението во кое се додава и дека украинските војници „активно се предаваат и ги напуштаат своите позиции“.
Дебалцево, кое поради своето стратешко значење е најжешката точка од фронтот во источна Украина, од почетокот на операциите на украинската армија ланскиот април за враќање на контролата врз побунетите рускојазични региони, речиси еден месец е опколено од бунтовничките милиции. Според челникот на бутновнциите од Донецк, Александр Захарченко, инаку етнички Украинец, во Дебалцево има најмалку пет илјади украински војници.
Ситуацијата во Дебалцево беше предмет на телефонскиот разговор од понеделникот ноќта меѓу челниците на земјите коишто на 12-ти февруари го потпишаа договорот во Минск за постигнување примирје во источна Украина, Украина, Русија, Франција и Германија.
Киев тврди дека овој град, која е важен железнички јазол во источните региони треба да го контролира украинската војска, бидејќи во моментот на потпишувањето на договорот тој беше под контрола на неговите сили, додека бунтовниците тврдат дека Дебалцево се наоѓа длабоко во територијата којашто ја контролираат тие, која според една од одредбите на договорот од Минск ќе добие специјален статус и поголема автономија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Осумнаесет општински службеници во Истанбул завршија во затвор

Турски суд затвори 18 службеници на градската власт во Истанбул поради обвиненија за корупција продолжувајќи ја репресијата против опозицијата поради која беше затворен и градоначалникот Екрем Имамоглу.
Имамоглу, главен политички ривал на претседателот Ердоган и водечки на анкетите, беше затворен во март во очекување судење по обвиненијата за корупција. Тој се соочува и со обвиненија за помагање терористичка група.
Градоначалникот ги негира сите обвиненија, а неговото апсење ги предизвика најголемите протести во Турција во последната деценија, економски превирања и обвинувања за политизирано судство. Владата ги отфрла овие тврдења и вели дека судството е независно.
НТВ објави дека 34 од 52 лица приведени за време на викендот биле ослободени со кауција. Турските медиуми пред четири дена објавија дека властите привеле десетици вработени во општина Истанбул како дел од правните истраги насочени кон Имамоглу проширувајќи ја репресијата против опозицијата, која почна кон крајот на минатата година.
Меѓу приведените се генералниот секретар, началникот на кабинетот на Имамоглу и претседателот и заменик-претседателот на Управата за водоснабдување и канализација.
Европа
Шведската полиција уапси осомничен за пукањето во кое загинаа три лица

Шведската полиција објави дека привела осомничено лице по пукањето во кое загинаа три лица во градот Упсала во вторникот.
Лицето е осомничено за убиство и е едно од неколкуте лица што се испрашуваат како дел од истрагата, изјавија полицајци за новинарите.
Пукањето се случило во фризерски салон во Упсала, додадоа тие.
Полицијата соопшти дека инцидентот се смета за изолиран и не е поврзан со големите прослави на Валпургиската ноќ, што се очекуваат во Упсала в среда.
Европа
Русите ги нападнаа Харков и Днепар со беспилотни летала: едно лице загина, 46 повредени

Роеви руски беспилотни летала ги нападнаа украинските градови Харков и Днепар доцна синоќа, при што загинаа најмалку едно лице, а најмалку 46 беа повредени, соопштија официјални лица.
Харков, кој се наоѓа на североисток, во близина на руската граница и е втор по големина град во Украина, е цел на редовни руски напади со беспилотни летала и ракети откако Москва ја започна својата тотална инвазија пред повеќе од три години. Во нападот врз градот доцна синоќа се повредени најмалку 46 лица, меѓу кои две деца и една бремена жена, соопшти регионалниот гувернер Олех Синехубов.
Нападите се случија откако САД, кои се обидоа да посредуваат во мировен договор меѓу Русија и Украина, изјавија дека ќе се повлечат како посредник доколку Москва и Киев не излезат со конкретни предлози.
Завчера, рускиот претседател Владимир Путин прогласи тридневен прекин на огнот од 8 до 10 мај по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници во Втората светска војна, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на итен прекин на огнот во траење од најмалку 30 дена.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека вчера биле цел на напади неколку делови од градот, кој бил опустошен од последователни напади. Харков е дом на околу 1,2 милиони луѓе, во споредба со речиси 2 милиони пред почетокот на инвазијата во февруари 2022 година. „Врз Харков беа извршени 16 напади. Беше погодена висока станбена зграда, како и приватни куќи, медицински објект и цивилна инфраструктура“, напиша Терехов на Телеграм.
Во југоисточниот град Днепар, беспилотни летала предизвикаа пожари, при што загина 53-годишен маж, а уште едно лице беше повредено, изјави Серхиј Лисак, гувернер на регионот Днепар.
„Тешка ноќ за Днепар. Приватни куќи беа оштетени“, напиша Лисак на Телеграм. Тој рече дека девет руски беспилотни летала биле уништени над регионот преку ноќ. Целосниот обем на ноќниот напад врз Украина не е познат. Двете страни негираат дека гаѓале цивили. Во масовен руски напад со беспилотни летала врз Днепар минатиот месец загинаа четири лица и предизвика голем пожар во хотелски и ресторански комплекс и други згради.