Црна хроника
Уапсена благајничката на Институтот за белодробни заболувања

Финансиската полиција ја уапси благајничката на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза од Скопје за проневера од 70.000 евра, соопштуваат од полицијата.
Менаџментот на Институтот се посомневал во висината на остварените приходи од дадените услуги на пациентите, па случајот го пријавиле во Финансиската полиција. Била извршена детална контрола на книговодствената документација и жиро-сметката со која располага Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и се утврдило дека на сметката на Институт фалат околу 70.000 евра, пари од уплатената партиципација од пациентите.Според податоците на Финансиската полиција во текот на истрагата, сега веќе уапсената благајничка од нејзиното назначување за благајник во Институтот во средината на 2010 година па се до нејзиното апсење, во континуитет, паричните средства наплатени од пациентите на Институтот кои и биле предавани од шалтерските работници, наместо да ги уплати на банкарската сметка, си ги земала и се луксузирала.Во изминатите пет години, според Финансиската полиција, педесет иедногодишната Л.Н. во определени денови кога имала потреба од поголема сума на пари, си го земала целиот дневен промет на Институтот, а за да ги затскрие трагите од криминалот и да ја префрли вината на другите вработени во Институтот, ја криела и уништувала книговодствената документација.При претресот на домот на благајничката, биле најдени поголем број каса-прими обрасци од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кои се изготвувани при примопредавањето на паричните средства од наплатената партиципација од пациентите помеѓу шалтерските работници и благајничката.Во текот на претресот во актовка во домот на осомничената пронајдена е и интерната книга во која биле забележувани примопредавањата на дневниот промет собран од пациентите, а која од неодамна исчезнала од просториите на Институтот.Материјалите откриени при претресот и другата обезбедена документација веќе се доставени до Јавното обвинителство, а судијата на претходна постапка на благајничката и одреди мерка притвор во траење од 30 дена.Сега ќе се испитува и периодот кога пријавената работела на работно место шалтерски работник и имала директен контакт со парите на пациентите./крај/со/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кочанчанец синоќа возел со 1,5 промили алкохол во крвта, задржан е во полициска станица

При контрола на патниот сообраќај полицијата на улицата Стево Теодосиевски во Кочани фати 46-годишен кочанчанец кој возел автомобил со 1,5 промили алкохол во крвта. Пијаниот возач веднаш бил отстранет од сообраќајот.
„Полициски службеници утрово во 00:23 часот сопреле патничко возило ’сеат’ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А.. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станиц“, извести Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
Топ
Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу 21 часот во тоалетот на болницата била допирана по телото од страна на лекар во Клиниката. Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Му го оштетил возилото, а потоа со уште неколумина го истепал, инцидент во Трубарево

Вчера во Трубарево, тетовец прво му го оштетил автомобилот на штипјанец, а потоа заедно со уште неколку лица го истепал. Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје, доцна синоќа.
„Во 23.30 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 20 часот во село Трубарево,скопско, по претходно случена сообраќајна незгода, Е.А.(25) од Тетово му го оштетил возилото на Б.М.(44) од Штип, а потоа дошло друго патничко возило од кое излегле неколку лица и физички го нападнале Е.А.“, соопшти полицијата.
Министерството за внатрешни работи презема меркаи за расчистување на случајот.