Скопје
Заврши четвртото издание на Skopje Design Week
Четвртото издание на Недела на дизајнот (Skopje Design Week) во Скопје заврши в недела, 28-ми септември.
Недела на дизајнот почна на 23-ти септември во Куршумли-ан, а во текот на шестте програмски денови се одржаа основачката конференција на Балканската дизајн мрежа, две панел-дискусии, четири бизнис презентации, триесетина работилници, еден поетски слем, комерцијални, самостојни и патувачки изложби, шест концерти и диџеј-сетови, додека секојдневно работеше Гастро талент лабораторијата и дизајнерската продавница на „Капка“ и „Лудус“, а се одржа и „фестивалот во фестивал“ на „Body, mind and Spirit“.
Четвртото издание на Недела на дизајнот во Скопје ќе остане забележано по основачкката конференција на Балканската дизајн мрежа (Balkan Design Network), на која, како иницијатори, основачи и претставници на регионот од кој доаѓаат, присуствуваа Александар Велиновски од „Јавна соба“ (Скопје), Маја Лалиќ од фестивалот „Миксер“ (Белград) и Ивана Боровњак од Хрватската асоцијација на дизајнери. Целта на новата платформа ќе биде во текот на наредните две години да работи на дефинирање на балканскиот дизајн-идентитет со кој ќе се настапи во светски рамки. Во форма на регионален натпревар за дизајн на млади продукт-дизајнери платформата ќе биде отворена за сите самостојни дизајнери и студија кои ќе најдат свој интерес во заедничкиот настап на светскиот пазар.
Бизнис и едукативните презентации ќе останат забележени по настапите на Рикардо Капузо, Никола Радељковиќ, Џејмс Келин и Марта Наумовска Грнарова.
Пет работилници со учество на повеќе од триесет апликанти одржа Анита Гај од „Lotus design store“ и „Lotus lounge chair“. Од 24 до 28 септември во Куршумли-ан се одржаа работилниците за дизајн на поп-ап столици од рециклиран материјал, фузија на стакло, дизајн на керамички чаши, работилницата „Моден круг“ и работилница за 3Д-декорации. Ментори на работилниците, покрај Анита Гај, беа Марта Поп Антоска (М-арт), Александар Дудески (Творница) и модната дизајнерка Ирина Тошева.
На SDW беше прогласен победникот, дизајнерот Гаспер Стерн од Словенија, на меѓународниот конкурс за креативно решение за брендирање на нов производ – гроздовиот мед на Винарската визба „Тиквеш.
Во текот на Недела на дизајнот во Скопје се одржа третото Државно првенство на баристи, а од 20 натпреварувачи во финалето влегоа шест. Титулата Бариста на Македонија за 2014 година ја освои Филип Цанев од „Coffee Academy“.
Панел-дискусиите беа резервирани за Медиа Принт Македонија, на тема „Традиционални vs. дигитални медиуми“, и „Навигаторс“, на тема „Дизајн на комуникацијата Vol.2 – Остани Бараба, те чекам на Тараба“.
Горниот кат во Куршумли-ан беше резервиран за изложбата на десет млади дизајнери и студија од земјата во фокус – Франција, а во Скопје дојдоа лично да се претстават Вилијам Бужон и Жулиен Бенајун од „Болд дизајн“, Зорана Јањиќ со „Жонжик“, студиото „Воло и Диевр“, студиото ГГСВ на Гаељ Габије и Стефан Вилар, продукт-дизајнерите Арно Лапјер, Силви Амар, Саар Фемури, Амодин Кор и Аиса Ложеро, Жан-Шарл Аме и студиото „Е+К“ на графичките дизајнери Елиз Гај и Кевин Доно. На истиот кат беа поставени и изложбите на млади таленти, новоформирани студија, хрватската гастро-изложба „Гладни дизајнери“, изложбата на бугарски дизајнери „Batch 4“ и патувачката изложба „Млади балкански дизајнери“, која во 2014 година е со наслов „Секојдневни херои“.
Пред влезот на Куршумли-aн беше поставена дизајнерската продавница на „Капка“ и „Лудус“, каде публиката имаше можност да стапи во директен контакт со македонските дизајнери и да открие кои се новите дизајнерски трендови, додека во зоната на Гастро талент лабораторијата на „Барбакан“ како пријатели во готвењето дојдоа манекенката Катарина Ивановска, францускиот готвач Оливие Роше, Влатко Огненовски од „Ореов лад“ и голем број гастро-гурмани.
Во рамките на „фестивалот во фестивал“ на Недела на дизајнот во Скопје на 27 и 28 септември се одржа фестивалот „Body, Mind and Spirit“. Во претпладневните часови се одвиваа детските работилници со наслов „Абакус магија“, на кои децата над 4-годишна возраст се запознаа со старата источна сметалка Абакус со помош на едукативниот центар „Светилник“.
Во пладневните и попладневните часови се одржаа работилниците „Дизајнирајте го вашето тело“ со Тринити, „Тренинг, уметност, култура – Капоера“ со менторство на Бразилскиот културен центар во Скопје и Спортскиот боречки клуб „Капоера“, „Дизајнирај го својот живот – НЛП“ под менторство на Марина Анчевска, како и „Дизајнирај го својот оброк – дизајнирај го својот живот“ со нутриционистот Тања Турунџиева Станкоска. Во програмата беа застапени и боречките вештини за урбани воини развиени од Дана Силјан и работилницата на Златко Кескоски за Кендо – „Патот на мечот и самурајскиот дух“. Под менторство на Јулијана Даскалов се одржа и работилницата „Изградете го домот од соништата – Употреба на Фенг Шуи во дизајн на ентериерот“.
Во забавниот сегмент на задоволство на бројната публика настапија „Мјустрап“, „Лејт фор кофи“, „Лорна винг“, „Луз азул“, „Заа“, „Нејкед“, диџеј Ачим и диџеј Мед Хатер од Србија и македонските диџеи Флудер, Флуид, Васо и Томи Бојаџи.
„Неделата на дизајнот во Скопје во целост ги исполни очекувањата на комерцијалните партнери, дизајнерите и публиката. Разнообразната програма, исклучително квалитетните презентации и работилници, големиот број гости од странство и бројната домашна публика се предизвик да се продолжи со засилено темпо во развојот на креативните индустрии кај нас, но и на регионално ниво“, велат од SDW.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Делови од Илинден, Аеродром, Чучер Сандево и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул. 27 во село Белимбегово, општина Илинден;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од изводот кој започнува од Рибилимус и продолжува во правец на Горно и Долно Оризари, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од село Бардовци лоцирани кај Машинац зградите, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар
Општина Центар ја заврши првата фаза од воспоставувањето систем за мониторинг на бучавата во јавниот простор со поставување на вкупно 30 уреди за мерење на бучава на повеќе фреквентни локации низ општината.
Уредите се поставени на улиците: „Народен фронт“, „Наум Наумовски Борче“, „Орце Николов“, „Михаил Цоков“, „Славка Недиќ“, „Живко Чинго“, „Радњанска“, Бул. „Климент Охридски“, „Ленинова“, „Самоилова“, „Отон Жупанчиќ“, „Мирослав Крлежа“, „Ѓорѓи Пешков“, „Пиринска“, „Јордан Мијалков“, како и на Кеј „13-ти Ноември“.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека уредите се наменети исклучиво за индикативни мерења и претставуваат значајна алатка за поддршка на инспекциските служби.

„Овие мерни единици не препознаваат гласови, туку ја мерат амбиенталната бучава во децибели и фреквенцијата на звукот. Со тоа овозможуваме побрза и поефикасна реакција на инспекциските служби и подобра заштита на јавниот ред и мир“, изјави Герасимовски.
Од општина Центар информираат дека податоците добиени од уредите за мерење на бучавата, служат како индикатор за дополнителна теренска контрола, а врз основа на нив не се покренуваат прекршочни постапки.
Инспекцијата за животна средина постапува согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, при што санкции се изрекуваат исклучиво врз основа на официјални мерења извршени од акредитирана лабораторија.

Согласно член 56 од Законот, прекршочните санкции се утврдуваат според големината на правниот субјект и изнесуваат од 6.000 до 7.000 евра за микро, од 13.000 до 14.000 евра за мали и од 37.000 до 41.000 евра за средни правни субјекти.
Уредите се користат со посебен фокус на бучавата која потекнува од угостителски објекти и сообраќајот, со цел унапредување на квалитетот на живот и заштита на јавниот мир на граѓаните во Центар, соопштуваат од Општината.

