Забава
Човекот пајак се искачи на кулата Агбар во Барселона

Светски прославениот „човек пајак“ Ален Робер во петокот се искачи на Кулата Агбар, еден од најпознатите облакодери во Барселона.
Своите искачување Французинот го извршил без никакво осигурување, пишува El Periodico de Catalunya. Ова е инаку третпат како Ален Робер ја освојува Кулата Агбар, претходно тој се искачуваше на врвот на една од најголемите знаменитости на каталонската престолни во 206 и во 2007 година.
Кулата Агбар е 34-катен облакодер, кој е 13-ти највисок објект во Шпанија, со 145 метри. Зградата ја изгради компанијата „Dragados“ во заеднички проект со францускиот архитект Жак Нувел и шпанската фирма „b720 Arquitectos“. Објектот беше отворен во 2005 година, а името го доби според сопственикот холдинг компанија „Agbar Group“, а од истата година е седиште за компанијата за водоснабдување „Aguas de Barcelona“.
Со своето необично хоби искачување на највисоките солитери низ светските метрополи Робер се занимава од 1994 година. Во изминатиот период тој без речиси никакво осигурување се искачи на 130 познати висококатници ширум светот, вклучително и највисоката зграда на планетата – кулата „Бурџ Калифа“ во Дубаи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Педро Паскал ги изненади фановите со 18+ гест на забава

Педро Паскал стекна глобална популарност благодарение на улогата на Џоел Милер во телевизиската адаптација на „Последниот од нас“.
Верната адаптација на популарната видео-игра освои милиони гледачи, а Паскал заработи и номинација за Еми за најдобар глумец во драмска серија во 2023 година.
Втората сезона од оваа многу популарна серија на HBO Max премиерно се прикажа на 13 април, а видеото од забавата на актерите по повод крајот на снимањето сега стана вирално на социјалните мрежи.
The Last of Pedro 🥺 pic.twitter.com/iOQRVjxOuu
— Pedro Pascal Daily (@pascalarchive) May 19, 2025
Видеото предизвика вистинска бура на социјалните мрежи поради провокативниот потег што го направи 50-годишниот актер на забавата.
„Мора да престане, копнежот станува неподнослив“, „Тој секогаш го прави истото движење со колковите хехе. Лижењето беше… уникатно“, „Можеш да го извадиш момчето од го-го танцот, но не и го-го танцот од момчето“, напишаа тие.
Забава
(Видео) Обожавателите му се потсмеваат на Том Круз за начинот на кој јаде пуканки: „Човекот претерува со сè“

Том Круз стана предмет на исмејување откако му пререче на еден обожавател што ги изел сите пуканки на премиерата на новата „Невозможна мисија“, но се чини дека сагата за актерот и пуканките сè уште не е завршена.
Некој на Икс сподели видео во кое 62-годишниот актер јаде пуканки за време на проекцијата на „Невозможна мисија“, и тоа го прави на многу необичен начин.
На премиерата, тој беше фотографиран со кутија пуканки во рака, покажувајќи го својот препознатлив начин на грицкање. Во сега веќе виралното видео, може да се види како фаќа пуканки со тупаница, ги тресе во раката како да фрла коцки, а потоа ги пика во уста, предизвикувајќи добар дел да падне на подот.
To add onto the Tom/popcorn lore: I need y’all to realize THIS is how he eats popcorn pic.twitter.com/TZ9UT3xcxb
— Seif 🇵🇸 (@seifwtf) May 19, 2025
Круз го повтори истото движење уште неколку пати, повторно фрлајќи пуканки кон својата широко отворена уста, додека подот стануваше сè повеќе покриен со трошки.
„Начинот на кој Том Круз јаде пуканки ме излудува“, „Никогаш не сум видел маж да јаде пуканки како Том Круз“ и „Најдоброто нешто во врска со секој нов филм за Том Круз е што почнуваат да циркулираат фотографии и видеа од неговата чудна, опсесивна љубов кон пуканките“, напишаа тие.
„Но начинот на кој фрла пуканки во уста… лудост!“, „Човекот претерува со сè, што очекувавте?“, „Можеби сите сме јаделе погрешно цело време?“, „Следниот пат кога ќе одам, ќе јадам пуканки токму така!“, се некои од многуте коментари под видеото.
Забава
Ергенската забава на Џеф Безос изненади многумина: имав опуштена вечера, се дружев со пријателите

Свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез е за еден месец, па минатиот викенд тие решија да се дружат со пријателите на ергенската и моминската забава. Основачот на „Амазон“ ги однесе сите свои најблиски пријатели на дружење во Мадрид, додека новинарката се забавуваше во Париз со своите познати пријатели.
Безос решил да излезе со пријателите во ресторанот „Тен кон Тен“ во Мадрид. Беше опуштен и насмеан, уживајќи во друштвото и специјалитетите на ресторанот.
После тоа, тие ја продолжија вечерта во клуб, каде, како што објави Hola!, уживаа во музиката, атмосферата и пијалоците. Иако некој би очекувал поекстравагантна прослава од третиот најбогат човек во светот, тој очигледно одлучил да ја помине во лежерна атмосфера и во град што вообичаено го сака. Ова беше негова втора посета на Шпанија за три месеци.
Санчез, сепак, се одлучи за погламурозна забава. Таа ги однесе своите најблиски пријателки, меѓу кои и познатите дами Ким Кардашијан, Кети Пери и Ева Лонгорија, во Франција. Тие ручаа во познатиот ресторан „Л’Авенју“, вечераа во „Лафајет“, а потоа отидоа на приватно крстарење по Сена, од каде имаа совршен поглед на Париз при зајдисонце.
Безос и Санчез ќе го кажат своето судбоносно „Да“ од 24 до 26 јуни во Венеција, откако ја објавија својата врска во 2019 година и се свршија во 2023 година. Главната церемонија ќе се одржи на приватниот остров Сан Џорџо Маџоре.