Контакт

Македонија

Министерската Арсовска-Томовска со отворено писмо до ОБСЕ

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска ­ Томовска денеска, преку отворено писмо, ја информира Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР дека јавниот сектор во овој, како што наведува, специфичен политички момент, е предмет на систематска и оркестрирана злоупотреба од страна на политичари, носители на јавни функции, новинари и експерти.

Арсовска ­ Томовска во писмото нагласува дека целосно ги поддржува активностите насочени кон спречување на какви било изборни нерегуларности, но најостро е против злоупотребата на вработените во јавниот сектор за политички маркетинг. Воедно повикува на политичка сериозност и зрелост на сите вклучени во изборниот процес, а од ОБСЕ/ОДИХР бара објективно следење на целата состојба, како и објективно известување за изборниот процес, единствено врз основа на, како што вели, докази и факти.

„Во изминатиов период вработените во јавниот сектор се предмет на систематска и оркестрирана политичка злоупотреба од страна на политичари, носители на јавни функции, новинари и експерти. Преку дел од медиумите се врши политичко етикетирање на вработените, тие се нарекувани со погрдни зборови, „крлежи“, „штетници“, „корумпирана стока“, а институциите „штали“. Истовремено, претходно дадените изјави за бркање од работа „од хигиеничар до министер” се прави обид да се неутрализираат со новата изборна платформа на опозицијата ­ гордо дадени ветувања дека никој нема да биде избркан од работа, како тоа да е највисок политички дострел“, посочува министерката во писмото.

Според неа, ова говори за фактот дека на вработените се гледа само како на „број на гласачи”, при што целосно се деградира и руши нивниот углед и достоинство, како нивната егзистенција да треба да зависи од нечија политичка милост, а не од оцената за квалитетот и од нивната работа.

Опозицијата, додава Арсовска ­ Томовска, континуирано обвинува за мешање на партијата со државата, а нивните претставници во институциите ги користат институционалните ресурси за партиски активности.

„Во простории на државни институции се држат прес­конференции на кои се промовираат партиски политики. Со партиски ресурси или од партиски спонзори се финансираат постери, летоци и веб страници на кои се става државен потпис и со кој се повикува на авторитетот на државни институции, постојано се надминуваат законските надлежности и овластувања и се припишуваат туѓи надлежности. Ова е во целосна спротивност со целта која требаше да се постигне со влезот на опозицијата во институциите, зашто наместо за организација на изборите, опозицијата ги користи институциите за нивно рушење одвнатре, а истовремено и за сопствена промоција“, вели министерката.

Од друга страна, стои во писмото, опозицијата посветено работи на создавање перцепција за постоење политички притисоци на вработените во јавниот сектор од страна на партијата на власт.

„Секојдневното држење прес­конференции на кои постојано се повикува да се пријават притисоци се заканува со кривични пријави, посетите на јавни институции и делењето на летоци и плакати за пријава на притисоци (кои не се одобрени ниту финансирани од јавни средства и чија содржина ги надминува законските надлежности на функциите кои ги извршуваат), неовластеното прибирање пријави (кои содржат лични податоци на граѓани, на приватна веб страница регистрирана на домашна адреса на опозициски функционер), како и јавно изнесените шпекулации за ослободување од работа на вработени во јавните институции заради нивно присуство на партиски настани (за кои нема докази ниту информации дека е поведена постапка), веќе создадоа перцепција во јавноста дека во јавниот сектор се вршат масовни притисоци“, додава таа.

Додека вели „држете го крадецот”, опозицијата, укажува министерката, во општините со кои раководи, во работно време ги користи вработените за снимање партиски спотови и за делење летоци за отворање партиски штабови, за што постојат сериозни индиции.

„Ваквата перцепција во јавноста дека во јавниот сектор се вршат масовни притисоци дополнително ја зајакнуваат невладините организации кои изнесуваат тврдења, но никогаш не доставуваат докази, ниту поведуваат соодветни постапки до надлежните органи за да се расчистат овие тврдења, што остава простор за злоупотреба на оваа тема. Она што исто така е зачудувачко е што невладините организации никогаш не ги забележуваат и јавно не ги изнесуваат случаите на партиски злоупотреби од опозицијата, дури и кога тие се евидентни, забележани од медиумите и документирани“, забележува Арсовска ­ Томовска.

Факт е, вели, дека на две недели до завршување на изборната кампања и одржување на изборите, ниту една од институциите кои се надлежни за процесирање случаи за изборни притисоци и изборни нерегуларности (Јавното обвинителство и Државната изборна комисија), нема официјално информирано за пријавен случај на изборен притисок, уцена, или закана.

Тоа не ја исклучува можноста во следниот период да се пријават изолирани случаи, за кои доколку ги има, треба веднаш да бидат процесуирани, што е од исклучителна важност за задоволување на правдата и одржување на кредибилноста на самиот процес.

„Евтиниот политички маркетинг и создавањето перцепција за изборни притисоци можеби некому денес ќе му донесе ситни политички поени, но утре може да го наруши кредибилитетот на изборниот процес и со тоа да нанесе огромна штета на државата“, вели Арсовска-Томовска во писмото до ОБСЕ/ОДИХР./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ѓорѓиевски: Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“

Објавено пред

Од денеска почнаа градежните активности на булеварот „Македонија“ со кои се очекува да се намалат сообраќајните гужви. Ќе се реализираат четири фази, од кои првата треба да заврши за 90 дена.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите рече дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка за втората фаза.

– Тука сме на почеток на градежните активности на булеварот „Македнија“, нешто за што се говори години наназад, почнуваме со првиот од четирите чекори. Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза. верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе започнеме со реализација на втората фаза, рече Ѓорѓиевски.

Се надева дека до крајот на неговиот мандат ќе заврши целосната изградба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кисела Вода ги избра најдобрите спортисти за 2025 година

Објавено пред

Во Општина Кисела Вода синоќа за првпат се одржа манифестацијата „Спортист на годината“, посветена на најдобрите спортисти кои со своите резултати ја промовираат општината и ја градат нејзината спортска иднина.

dobivaj vesti na viber

Признанието за најдобар спортист во машка конкуренција го добил мотоциклистот Кристијан Бузалковски, третопласиран во генералниот пласман на европскиот шампионат ФИМ Европа, додека во женска конкуренција приматот ѝ припаднала на Катерина Ацевска, освојувачка на бронзен медал на светското првенство во џиу-џица во Банкок.

Во категоријата спортист на годината – лица со попреченост, победник е пингпонгарката Олга Ристовска. За најдобра женска сениорска екипа е прогласен ЖОК Јанта Волеј, а за најдобра машка сениорска екипа- КК Ангели.

Постхумното признание за придонес во спортот му беше доделено на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, додека параолимпиецот Ванчо Каранфилов го понесе признанието „Спортска легенда“.

Во останатите номинации наградени се: Јаков Трајковски – најдобар млад спортист, Ива Богдановска – најдобра млада спортистка, ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел и ФК Кул Здравје -најдобри екипи во млади категории, Никола Јаневиќ – најдобар тренер, Игор Зафировски – најдобар наставник по физичка култура, Горан Јаневиќ – најдобар спортски работник, како и Меланија Гроздановска, која го освои признанието подвиг на годината за остварени три пласмани на државните првенства.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска потенцирала дека оваа манифестација не е само формален чин на доделување награди, туку и искрено признание за вложениот труд и јасна валоризација на постигнатите резултати.

-За наградените, ова е заслужена лична сатисфакција, а за сите млади од Кисела Вода  порака дека успехот е достижен и дека нивната општина стои зад нив. Како градоначалник, но и како поддржувач на спортските вредности, искрено верувам дека спортот е една од најсилните алатки за градење здраво, активно и поврзано општество. Тој го гради карактерот, учи на фер-плеј, на одговорност и тимска работа, а воедно, преку остварените успеси, ја промовира Кисела Вода далеку надвор од нејзините граници. Големо задоволство е присуството на министерот за спорт Борко Ристовски, со кого преку заеднички проекти и усогласени активности создаваме подобри услови за тренинг, натпреварување и развој на младите. Им благодарам и на сите останати присутни гости кои со своето присуство ја збогатија вечерта и дадоа силна поддршка на нашите спортисти, истакнала Стаменкоска Трајкоска.

Градоначалничката посочила дека Општина Кисела Вода континуирано вложува во спортот преку материјална поддршка за училишни спортски клубови и здруженија, организација на Купот “Св. Ѓорѓи”, парични награди за талентирани ученици-спортисти, проектот „Спортуваме – Другаруваме” за ученици со посебни потреби, Шаховска лига, основање на Спортска академија, како и обнова и изградба на спортска инфраструктура и унапредување на спортот во училиштата. Истакнала дека нејзина цел како градоначалник, е секое дете да има пристап до спорт, секој млад човек можност за развој, а секој клуб соодветни услови за работа. 

Прикажи повеќе...

Македонија

„Коалицијата Менуваме“ ќе предложи закон за онлајн регистар за деца и млади со попреченост

Објавено пред

„Коалиција Менуваме“ соопшти дека подготвила нацрт-закон за онлајн регистар за деца и лица со попреченост и посебни потреби кој го споделува во јавноста за консултации и сугестии, по што ќе го достави во Собранието, Владата и во неколку министерства.

dobivaj vesti na viber

„Коалиција Менуваме“  соопшти дека регистарот е дизајниран исклучиво за подобрување на институционалната координација, обезбедување континуитет на поддршката, намалување на административната дупликација и овозможување  развој на информирани јавни политики преку агрегирани и анонимизирани податоци. Во сите фази од неговото воспоставување и употреба, како што наведува, регистарот целосно ќе ја почитува заштитата на личните податоци, приватноста, минимизирањето на податоците и ограничувањето на намената, во согласност со националното законодавство и меѓународните стандарди. Посочува и дека законот што го подготвиле  не воведува нови механизми за категоризација или надзор ниту, пак, создава јавна база на податоци.

-Напротив, воспоставува строги контроли на пристап, јасно дефинирани институционални одговорности и робусни заштитни мерки за спречување на злоупотреба, неовластен пристап или откривање на чувствителни информации. Децата и лицата со попреченост и посебни потреби се меѓу најранливите членови на општеството и им е потребна навремена, координирана и континуирана поддршка од повеќе институции. Остварувањето на нивните законски загарантирани права често зависи од ефикасноста, точноста и интероперабилноста на административните, социјалните, образовните, здравствените и другите јавни институции. Во огласност со принципите на човеково достоинство, еднаквост, недискриминација и најдобриот интерес на детето и лицето, овој нацрт-закон воспоставува онлајн регистар за деца и лица со попреченост и посебни потреби како безбеден, централизиран и нејавен електронски систем, се наведува во соопштението.

Јавната кокуникација за одготвениот нацрт-закон, додава „Коалиција Менуваме“  ќе биде ограничена на општа, објаснувачка и образовна содржина, обезбедувајќи целосно заштита на достоинството, приватноста и правата на децата и лицата со попреченост и посебни потреби.

-Со донесувањето на овој закон, Република Северна Македонија ја потврдува својата посветеност на инклузивно управување, дигитална одговорност и создавање систем кој одговара на реалните потреби на децата и лицата со попреченост и посебни потреби, ставајќи ги нивните права, достоинство и благосостојба во центарот на јавното дејствување, стои во известувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет57 минути

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија3 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија5 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет21 час

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија21 час

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија21 час

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет1 ден

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија1 ден

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет1 ден

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет1 ден

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија2 дена

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет2 дена

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ2 дена

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...