Македонија
Николовски: Груевски излажа за непостоечки нови 6.000 вработувања
Ги нема 6.000 нови вработувања за граѓаните на Крива Паланка, кои ги вети НИкола груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, затоа од СДСМ ветуваат дека силно ќе го подржат домашниот сектор, домашните претпријатија.
„Никола Груевски ги излажа граѓаните со непостоечки нови 6000 нови вработувања.
Ниту ги има вработувањата ниту ја има инвестицијата во Крива Паланка, затоа силно ќе го подржиме домашниот сектор, домашните претпријатија. Испланиравме директна финансиска подршка од 140 милиони евра, за домашните претпријатија да отвораат нови работни места, особено за младите, но работни места кои што ќе бидат добро платени.
Минималната плата до крајот на мандатот ќе биде 16.000 денари, а просечната плата 30.000 денари“, рече Љупчо Николовски, носител кандидатската листа во Изборна единица 3 во сабота во Крива Паланка.
.
Смета дека секое семејство, со двајца вработени и со 1.000 евра во семејниот буџет ќе може да ги покрие сметките, да има за прехрана, за живот за одмор и за сите потреби на семејството.
„Основен акцент и фокус во нашиот план е на младите. За секој млад човек ќе овозможиме да основа фирма од едно евро основачки влог, да има простор во огромни старт ап бизнис центри во кои ќе инвестира државата, во којшто ќе има бесплатен простор, ќе бидат ослободувани од комуналии ќе имаат платен сметководител, книговодител и ќе може да го развиваат својот бизнис“, рече Николовски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

