Контакт

Свет

Кувајтската опозиција освои 24 мандати од 50 во парламентот

Објавено пред

Кувајтската опозиција и нејзините сојузници освои речиси половина од 50-те мандати во парламентот, покажуваат резултатите од парламентарните избори објавени во неделата, што ги засилува стравувањата од нови судири и политичките блокади.

dobivaj vesti na viber

Според резултатите коишто ги соопшти изборната комисија, опозицијата и нејзините сојузници освоиле 24 места во парламентот.

На предвремените избори учествуваа членовите на исламистичката опозиција, либералите и националистите. Повеќето опозициски пратеници во парламентот доаѓаат од редовите на исламистите, поточно од Муслиманското братство и салафистите.

Само една жена ќе стане пратеничка, а бројот на пратениците од шиитската заедница падна на шест во односна девет во претходниот состав на парламентот.

Заедно со новиот состав на парламентот, Кувајт ќе добие и нови премиер и министри, на коишто мандатот ќе им го даде емирот.

Избирачите на Кувајт во саботата, вторпат во последните осум месеци, излегоа на избирачките места за да изберат 50 членови својот парламент, надевајќи се дена новиот состав ќе ѝ донесе на земјата политичка стабилност.

Четвртите парламентарни избори во Кувајт од февруари 2012 година беа распишани во октомври, бидејќи владата тврдеше дека „деликатните регионални околности и безбедносни предизвици“ бараат гласање. Многумина го поврзуваат тој потег со судирите меѓу владата и парламентот околу мерките за штедење кои вклучуваат и голем раст потрошувачките цени на горивата,

Кувајт, како и другите земји од Заливот чиишто економии се врзани за нафтата и гасот, тешко е погоден од долготрајните ниски цени на овие енергетски ресурси.

Кувајќаните во голем број учествувале на изборите. На некои избирачки места излезноста изнесувала високи 80 отсто, соопшти државната телевизија./крај/мф/сн

Свет

Хамас сака независна држава со Ерусалим како главен град

Објавено пред

Палестинските милитантни групи предводени од Хамас денес изјавија дека отпорот нема да заврши сè додека не заврши окупацијата и не се воспостави независна, целосно суверена држава со Ерусалим како главен град, одговарајќи на таканаречената „Њујоршка декларација“.

dobivaj vesti na viber

„Њујоршката декларација“, подготвена од Франција и Саудиска Арабија, копретседателите на конференцијата, и поддржана од 15 други земји (вклучувајќи ги Бразил, Канада, Турција, Јордан, Катар, Египет и Велика Британија), како и Европската унија и Арапската лига, повикува на прекин на војната во Газа и постигнување на „праведно, мирно и трајно решение за израелско-палестинскиот конфликт врз основа на спроведување на решение за две држави“.

Во овој контекст, тие земји нагласуваат дека „управувањето, спроведувањето на законот и безбедноста на целата палестинска територија мора да бидат единствена одговорност на Палестинската самоуправа, со соодветна поддршка“.

Овие изјави ги одразуваат обврските што палестинскиот претседател Махмуд Абас ги презеде во јуни во подготовка за оваа конференција и во перспектива на убедување на повеќе земји да признаат палестинска држава. Иако Генералното собрание на ОН никогаш не го осуди нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година, што доведе до израелска одмазда во Газа, текстот го осудува нападот.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Мировен договор за Украина мора да се постигне до 8 август

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека очекува договор за завршување на руската војна во Украина да се постигне најдоцна до 8 август, соопштија денеска САД пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

dobivaj vesti na viber

„И Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир. Време е за постигнување договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека тоа мора да се случи до 8 август. САД се подготвени да преземат дополнителни мерки за да го обезбедат мирот“, изјави високиот американски дипломат Џон Кели пред Советот.

Трамп пред два дена најави дека САД ќе почнат да воведуваат царини и други мерки кон Русија за 10 дена, доколку Москва не покаже напредок кон завршување на војната во Украина. Киев и Москва досега одржаа три рунди разговори во Истанбул, кои резултираа со размена на затвореници и тела, но без конкретен напредок во смирувањето на војната што трае речиси три и пол години.

Заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, порача дека Русија планира да ги продолжи преговорите во Истанбул, но се пожали дека „на Запад и понатаму постои страна што ја поддржува војната“.

„Сè уште ги слушаме гласовите на оние кои сметаат дека дипломатијата е само начин да се критикува Русија и да се врши притисок врз неа“, рече Пољански.

Заменичката на украинскиот амбасадор во Обединетите Нации, Кристина Хајовишин, истакна дека Русија мора да се соочи со „единство, решителност и акција“.

„Бараме сеопфатен, праведен и траен мир заснован на принципите на Повелбата на ОН – и ништо помалку. Повторуваме дека целосно, итно и безусловно примирје е клучно. Тоа е првиот чекор кон запирање на руската агресија врз Украина“, рече таа пред Советот за безбедност.

Прикажи повеќе...

Свет

Забележана рекордна молња, во должина од Париз до Венеција

Објавено пред

Светската метеоролошка организација (WMO) денес објави дека регистрирала рекордно долг удар на молња од 829 километри во САД. Молња удрила на 22 октомври 2017 година за време на грмотевици, пишува Франс Прес.

dobivaj vesti na viber

„Се протегала од Источен Тексас до Канзас Сити, покривајќи растојание еднакво на она помеѓу Париз и Венеција“, соопшти организацијата.

Комитет составен од единаесет научници од САД, Бразил, Германија, Шпанија, Израел и Непал го потврди тој рекорд.

Претходно беше задржан од удар на гром долг 768 километри од април 2020 година, исто така во САД, помеѓу Мисисипи и Тексас.

Блесокот на гром што се гледа денес „не беше откриен за време на првичната анализа на бурата во 2017 година, туку беше откриен за време на повторената проценка“, велат метеоролозите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во моментот нема активни пожари, надлежните апелираат да се внимава за Илинденските празници

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 18:00 часот , нема ниту еден активен пожар. Шест...

Топ4 часа

Автомобил се судри со автобус кај Тетово – тројца загинати, едно дете е повредено

Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот...

Македонија6 часа

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот...

Македонија9 часа

Мицкоски: Eрес беше да се спомене македонски идентитет во време на претходната власт

На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски со свој коментар за актуелните позиции во меѓународните...

Македонија10 часа

Гаши: Одредбите не се докрај прецизни дали можеме со распишани избори да избереме народен правобранител и претседател на ДКСК

Во претстојниот период предизвик за Собранието ќе биде изборот на нов народен правобранител и нов претседател на Државната комисија за...

Македонија11 часа

Салиу се вознемири од прашањето дали ќе си поднесе морална оставка по пожарот во Кочани и ги обвини новинарите дека му судат

Министерот без ресор, Шабан Салиу, кој од 2008 до 2017 година беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување и...

Македонија13 часа

Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и...

Македонија13 часа

Зголемен број туристи во Македонија, земјата станува сѐ поинтересна за Германците, Французите, Британците…

Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и...

Македонија13 часа

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека Владата ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија...

Македонија15 часа

Активни три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи. До 06:30 часот на територијата...

Свет16 часа

Канада најави дека ќе ја признае Палестина

Канада има намера да ја признае палестинската држава на состанокот на Обединетите нации во септември, изјави вчера премиерот Марк Карни,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион за нивниот криминал

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Реформи во здравството, ги градиме темелите на промените“...

Топ1 ден

Едно и пол годишно бебе донесено без знаци на живот на Детска клиника

Бебе од Скопје без знаци на живот било донесено на Детска клиника, соопшти полицијата. Имено вчера во 07.30 часот во...

Македонија1 ден

Ганиу ќе ја тужи Арсовска: Моите адвокати спремаат тужби за невистините што ги зборува за мене чесната жена од Град Скопје

Во Чаир нема 150 згради дивоградби, нема дивоградби изградени на државно земјиште и нема темели за 50 нови дивоградби, кажа...

Топ1 ден

Кривични пријави против две лица и една фирма за пожарот на депонијата во Шуто Оризари

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата...

Македонија1 ден

Во Тетово ќе се гради Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со вицепремиерот за политики и добро владеење, Арбен Фетаи, повеќе пратеници и со семејствата...

Македонија1 ден

Водата нема сериозно да поскапи ако конечната цена ја одредува Регулаторната, уверува Бислимоски

Сегашниот сложен процес за одредување на цената на водата ќе се смени и одлуката за конечната цена на водата ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Јанковиќ: Власта нема пари за младите спортисти, а има за ПР-агенции, Борко Ристовски да поднесе оставка

Срамната и понижувачка Младинска олимпијада со која Борко Ристовски ја изрезили државата пред целиот свет ја покажа целосната неговата неспособност,...

Свет2 дена

Земјотресoт на Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној на Камчатка, ослободува огромна количина енергија. За споредба, атомската бомба фрлена врз...

Македонија2 дена

Пожарот во Прилепско отежнат поради детонации – сè уште активни три пожари во земјата

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три...