Македонија
Повеќе од 2,5 милиони садници ќе се засадат на Денот на дрвото
Вкупно 503,89 хектари со 2.611.143 милиони садници ќе бидат пошумени со, 17. акција „Ден на дрвото засади ја својата иднина“, што се организира за среда.
Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), акцијата ќе се спроведува на 60 локации во 30 подружници, а за пошумување ќе се користат црн и бел, бор, багрем, јасен, јавор, чемпрес, аризонски чемпрес, смрча, дуглазија, даб, питом костен, дива круша, црн орев.
За потребите на ЗЕЛС и пооделно за единиците на локалната самоуправа се обезбедени 1.350.568 садници, од кои 1.000.568 за Скопје, урбаните делови на општините и на страничните делови на обиколницата на главниот град, 150.000 за Битола од кои 200 за урбаниот дел на градот, 100.000 за Тетово од кои 100 за урбаниот дел, како и 100.000 за Кичево од кои 100 за урбаниот дел на градот.
Дополнително, по 2.000 леандри (вкупно 4.000) ќе бидат засадени покрај автопатот Демир Капија Смоквица и во општина Дојран, а обезбедени се и 300 декоративни садници од кои 150 (четинари повисоки од 130 сантиметри) за Здружението на граѓани „Ден на дрвото засади ја својата иднина!“.
Во организација на акцијата, покрај Министерството, вклучени се и ЈП „Македонски шуми“ Скопје, ЗЕЛС, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ Скопје, ЈКП „Паркови и зеленило“ Скопје, ЗППС „ИстокТранс“ Скопје, Град Скопје, општините Битола, Кичево и Тетово, ЈП за стопанисување со пасишта, МЖСПП, Националните паркови, Управата за хидрометеоролошки работи, МОН, МВР, АМС, МНР, МО и ГШ, MТСП, УХМР, Кабинет на претседателот на Владата на Република Македонија, Генерален Секретаријат на Владата на Република Македонија, Граничната полиција, Царинската Управа на Република Македонија и Министерство за здравство.
По повод Денот на дрвото, утре, 30 ноември, е неработен ден, освен за здравствените институции. Градинките треба да се со вообичаеното работно време. Датумот за одработување на овој ден дополнително ќе биде определен.
Акцијата „Ден на дрвото засади ја својата иднина“ почна во 2008 година и во првите четири години, до 2011та, се спроведуваше во две сезони – пролет и есен. Во последните пет години, пак, пошумувањето се извршува само на есен.
Во досегашните 16 акции се пошумени речиси 13.000 хектари со над 35 милиони садници.
Најдобар беше ефектот во 2009 година кога во две акции на речиси 4.000 хектари беа засадени повеќе од 7.900.000 садници./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Објавен јавен повик за субвенции за чистење на оџаци во Општина Гази Баба
Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина“, вели Стефковски.
Висината на субвенцијата е 1.200 денари по домаќинство.
Право на учество имаат жители на општина Гази Баба; Домаќинства со исчистен оџак во периодот од објавата на повикот до 30.11.2026; Со фискална сметка и потврда од овластена фирма.
За аплицирање потребно е да се достави барање со потребната документација во архивата на Општина Гази Баба, ул. „Архимедова“ бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.
Повеќе информации и формулари на линкот од јавниот повик.
Македонија
Средба Милошоски – Клајн: Поддршка од Унгарија кон нашите ЕУ интеграции
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од заменик-шефот на Мисијата, Атила Фодор.
Во разговорот беа потенцирани одличните билатерални односи на нашата земја со Унгарија, засновани на меѓусебна доверба, почит и соработка. Посебен акцент беше ставен на економската и политичката соработка помеѓу државите, како и реализацијата на заеднички проекти.
Амбасадорот Клајн ја истакна поддршката на Унгарија кон нашите ЕУ интеграции, истакнувајќи ја важноста на членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан кон стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на Регионот.
Македонија
Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ
Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“.
Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување. Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид.
„Производи опфатени со повлекувањето:
· APTAMIL AR 2
Сериски број (лот) Рок на употреба
20250924 / 111492248 24.09.2026
20251106 / 111505015 06.11.2026
· APTAMIL PRONUTRA 2
Сериски број (лот) Рок на употреба
20250619 / 111450979 19.06.2026
20260720 / 111470149 20.07.2026
20260922 / 111494041 22.09.2026
20261027 / 111509436 27.10.2026
20261130 / 111518857 30.11.2026
20261219 / 111526365 19.12.2026
20270121 / 111539141 21.01.2027
· APTAMIL PRONUTRA 1
Сериски број (лот) Рок на употреба
20260722 / 111473082 22.07.2026
20260904 / 111489543 04.09.2026
20261014 / 111504828 14.10.2026
20261126 / 111519122 26.11.2026
АХВ со апел потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, истите да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде се купени.

