Македонија
Милион дрвја ќе се засадат во Скопје

Околу милион садници најразлични дрвја ќе бидат засадени во Скопје, во неговиот урбан дел и во општините, а дел ќе бидат доделени на граѓаните, во рамки на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина’, што ќе се одржи во среда во Македонија.
Градоначлникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски, претставници од здружението на граѓани „Ден на дрвото- засадија ја својата иднина“, градоначалниците на скопските општини и директорите на јавните преттпријатија на Град Скопје, во вторник презентираше деталите за акцијата „Ден на дрво“, што ќе се одржува во среда, на територијата на целата држава.
„Градот Скопје и годинава се вклучува во традиционалната акција Ден на дрвото во којашто на територијата на градот Скопје ќе бидат засадени околу милион садници. Екипи на Градот Скопје во урбаниот дел на градот ќе засадат 256.000 садници, односно по булеварите, на кејот на реката Вардар, во блоковското зеленило, во дворовите на јавните установи и во дворовите на средните училишта на Град Скопје. Овие висококвалитетни садници се набавени од ЈП „Македонски шуми“. Во другите скопски општини, во секоја општина на одредени локации, ќе се засадат околу 12.000, исто така, висококвалитетни садници коишто се од ЈП „Паркови и зеленило“. Дел од садниците ќе им бидат додели и на граѓани, односно домаќинства. Градот Скопје ја поддржува оваа граѓанска акција со цел да се подобрат условите за живот во градот и да се намали загадувањето на воздухот, изјави на денешната конференција за медиумите градоначалникот Трајановски.
Директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџовски, истакна дека годинава ќе се засадат вкупно околу 2, 6 милиони дадници на 550 хектари, а во акцијата најмногу акцент е ставен на најзагадените градови, односно на Скопје, Битола, Кичево и Тетово. На територијата на Скопје акцент е ставен на просторот околу обиколницата.
Претставниците од здружението на граѓани „Ден на дрвото – засадија ја својата иднина“ ги повикаа граѓаните да учествуваат и во оваа 17. акција и да дојдат на веќе познатите локации./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема недопирливи и заштитени поединци

Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, времето „како до сега“ заврши, и почитувањето на законите и процедурите е правило кое секој треба да го почитува. Во партиското соопштение се наведува дека нема недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила, ниту предмети во фиока и заташкувања на случаи.
Како пример, се посочува случајот со бившиот началник од Демир Хисар, кој беше експресно разрешен поради недолично однесување при извршување на работните активности, а против него е покрената и дисциплинска постапка.
Во соопштението се нагласува дека ваков пристап на неселективност и санкционирање на самоволието и кршењето на законот немало во времето на Заев, Спасовски и Ахмети, кога се апсеа само политички неистомисленици, додека криминалците и локалните шерифи од нивните редови биле заштитени.
Се наведува дека тогашните служби покажувале сила единствено кон политичари од спротивниот табор, користејќи апсења во раните утрински часови, влегувања по домови без судска дозвола и политички терор.
ВМРО-ДПМНЕ заклучува дека сега, согласно закон и процедура, секој кој ќе се огреши ќе одговара без разлика на позицијата што ја извршува.
Македонија
Штедачите на „Еуростандард банка“: Пет години нема ниту едно обвинение, ниту еден обвинет, ниту едно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал стагнира – без обвиненија, без обвинети и без рочишта. „Само молк, само време што истекува, само надеж што бледнее,“ велат од Здружението.
„Не го забораваме јавното признание на Трифун Костовски за сторен криминал – незаконското префрлање на 3 милиони евра депозити во Комерцијална банка. Не ги забораваме фирмите поврзани со директори, роднини и бизнис-кругови, кои добиле кредити без реални гаранции. Не ги забораваме погледите на нашите најмили кога сфатија дека нивната макотрпна заштеда исчезнала преку ноќ поради недомаќинско работење на поедини криминогени умови. Не забораваме дека според извештајот за стечајот, 149 фирми не вратиле ниту една рата, а 58 од нив добиле кредити вредни 16,8 милиони евра, обезбедени само со обични меници“, велат штедачите.
Истакнуваат дека голем дел од оштетените се пензионери, работници и мали бизниси. Тие обвинуваат за „внимателно испланиран криминал“ во кој се вклучени лица од бизнис и семејни кругови на поранешни директори.
„Ќе постоиме додека последниот денар не биде вратен и додека последниот одговорен не биде изведен пред лицето на правдата. Во целиот овој план единственото нешто што не го планирале е дека ние – оштетените – ќе се обединиме и нема да замолчиме,“ порачаа од Здружението, прашувајќи дали побрзо ќе се изгради пругата Скопје–Солун отколку што ќе се поднесе обвинение за криминал тежок над 50 милиони евра.
Македонија
Без струја две улици во Илинден и Волково

ЕВН Македонија АД известуваат дека на денес без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.30 часот, корисниците на улица бр. 27 во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на улица бр. 33 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)