Економија
Валутата на Венецуела со досега најголем пад на вредноста

Валутата на Венецуела, таканаречена боливар почна со големо темпо да се намалува.
Аналитичарите предвидоа пред неколку недели , дека со проширување на понудата на пари може да се купи само ограничено мало количество на долари.
Валутата загуби 45 отсто од својата вредност овој месец со 2,753 боливари за еден долар, тоа е засега најголемиот пад некогаш на валутата во Венецуела.
Владата започна со стимулирање на боливари во финансискиот систем со забрзан ритам, што произлезе со поттисната побарувачка.
Инфлацијата најверојатно ќе се зголеми за 400 отсто до крајот на 2016 година. Понудата на пари во Венецуела се зголеми за 127 отсто во текот на изминатата година.
Венецуела одржува строга контрола на валутата од 2003 година и моментално има два легални курса- познати како Dipro и DICOM – од 10 и 661 bolivars за еден долар кои се користат за приоритетни увозни добра. На црниот пазар, каде што луѓето и бизнисите се обраќаат кога не можат да добијат одобрение од владата за купување долари по легален девизен курс, боливар валутите падна за 69 отсто во однос на минатата година.
На црниот пазар, девизниот курс може да изнесува 3.500 до 4.000 боливари за еден долар до крајот на годинава./крај/мф/вп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Лабудовиќ: Македонија е подготвена да стане стратешка транзитна точка за гас кон Европа

Македонија е подготвена да стане стратешка транзитна точка за гас кон Европа. Ваква порака упати заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ, кој ги предводеше македонската делегација на 11. министерска средба на Советодавниот совет за Јужниот гасен коридор (SGC) и на 3. министерска средба на Советодавниот совет за зелена енергија, што се одржаа во Баку, Азербејџан.
„До крајот на годината почнуваме со изградба на нов гасовод кон Грција, што ќе нè поврзе со Трансјадранскиот гасовод и ќе овозможи директен пристап до алтернативни извори на снабдување“, истакна Лабудовиќ во своето обраќање. Тој нагласи дека ова не е само инфраструктурен проект, туку клучен чекор за зацврстување на позицијата на Северна Македонија како сигурен партнер во европските енергетски стратегии.
На маргините на конференцијата заменик-министерот Лабудовиќ и раководителот на секторот нафта и гас во Министерството за енергетика, Горан Николовски, остварија средби со претставници од Азербејџан, ЕУ и со членови на присутните делегации од 24 земји, 7 меѓународни финансиски институции и 42 енергетски компании, со кои во фокусот на разговорите беа унапредување на соработката во областа на природниот гас, обновливите извори и борбата со метанските емисии.
„Гасната соработка со Азербејџан е директен придонес за намалување на зависноста и обезбедување алтернативни извори на снабдување со цел стабилност на европскиот пазар. Северна Македонија е подготвена да биде дел од решението“, заклучи Лабудовиќ.
Од Министерството потсетуваат дека Јужниот гасен коридор беше инициран од Европската комисија во 2008 година како дел од напорите за намалување на зависноста на Европа од рускиот гас и зголемување на диверзификацијата на снабдувањето.
Коридорот од Азербејџан до Европа ги вклучува SCPX, TANAP и TAP, со вкупна инвестиција од речиси 35 милијарди американски долари. Главниот извор на снабдување е гасното поле Шах Дениз во Каспиското Море.
Економија
Годишен раст на зелените кредити од 8,5 отсто заклучно со 2024 година

Податоците за зелените кредити доставени од банките покажуваат раст во четвртиот квартал од 2024 година. На крајот на декември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 2,3 милијарди денари, или 8,5%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 4 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестициите во нова еколошка технологија.
Според податоците на Народната банка, на крајот од четвртото тримесечје од 2024 година, состојбата на зелените кредити во билансите на банките изнесува 29.177 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Зелените кредити одобрени на компаниите, коишто на крајот на 2024 година изнесуваат 28.032 милиона денари, преовладуваат во вкупното зелено кредитно портфолио на банките.
Уделот на зелените во вкупните кредити на крајот на 2024 година изнесува 6%, што е речиси тројно зголемување во однос на крајот на 2019 година, кога изнесувале 2,2%.
Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки.
За таа цел, Народната банка на својата веб-страница од 2022 година почна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва, коишто можете да ги најдете на следнава врска: https://www.nbrm.mk/podatotsi_i_pokazatieli_za_bankarskiot_sistiem_na_riepublika_makiedonija.nspx
Економија
Димитриеска-Кочоска: Сметководство со примена на меѓународни стандарди за поголема конкуреност на компаниите и развој на економијата

Министерството за финансии во соработка со Институтот на сметководителите и овластените сметководили работи активно на унапредување на сметководствената професија и нејзино издигнување на повисоко ниво. Ова го порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која се обрати на Втората регионална конференција на сметководителите и овластените сметководители во РС Македонија.
„Стручноста, професионалноста и одговорноста на професијата сметководител е клучната алатка во анализата на сите податоци, кои се основа за донесување прави деловни одлуки. Професионалниот и одговорен сметководител има исклучително значајна улога во составувањето и потпишувањето на годишната сметка, финансиските извештаи и даночните пријави, кои ја имаат клучната улога за државата. Оттука, важна улога има Институтот на сметководителите и овластените сметководители во унапредување и издигнување на сметководствената професија и градење сметководство со примена на прифатени стандарди во развиените земји, кои влијаат на конкурентноста на домашните компании и можност за соработка со компаниите на глобално ниво“, рече министерката и упати на значењето на сметководителите, кои се финансискиот крвоток на компанијата и дека нивните вештини носат до развој на компаниите и развој на целокупната економија.
Таа посочи дека се работи на нов закон за сметководили, кој е во линија со барањата на европското законодавство, односно Директивата за корпоративно известување за одржливост и добрите меѓународни практики и стандарди, како и на примена на ESG-стандардите (Environmental, Social, Governance), односно животна средина, општествена одговорност и управување, кои претставуваат темел за градење одржлив бизнис, а кои стануваат сè поактуелни.
Конференцијата се одржа во Скопје во организација на Институтот на сметководителите и овластените сметководители.