Регион
Албанија врати 750 свои граѓани кои сакале да патуваат во ЕУ

Албанското министерство за внатрешни работи само во последните 72 часа им забрани излез на 750 свои граѓани кои имале намера да патуваат кон некоја од земјите на ЕУ. Станува збор за албански државијани кои веке ги прекршиле правилата за патување кон земјите членки на Унијата.
На наведените албански државијани не им било дозволено да полетаат земјите на ЕУ со образложение дека тие ги прекршиле правилата за престој во ЕУ. Оваа е една од мерките што ги применува официјална Тирана во врска со злоупотребата на визната либерализација.
Поради зголемување на бројот на албански државијани кои бараат азил во земјите на ЕУ, институциите на ЕУ покрај депортацијата на албанските државијани бараат од Албанија и забрана за патување кон земјите на ЕУ.
Само во вторникот Франција депортираше 47 албански државијани .крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.