Скопје
Завршува сезоната за изнајмување велосипеди
Скопјани до петок ќе може да изнајмуваат велосипеди, по што овој проект зимава ќе биде ставен во мирување, информираат од ЈП Градски паркинг.
Овој проект беше добро прифатен од скопјани, кои масовно изнајмуваа велосипеди по цена од 10 денари за час.
Сепак, главен проблем секоја сезона се несовесните граѓани кои ги оштетуваат велосипедите, заради што често се случува на пунктовите каде што се изнајмуваат велосипедите, да нема ниту еден исправен.
Покрај тоа, дополнителен проблем се нерегулираните велосипедски патеки, кои најчесто се узурпирани од пешаци и возила.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски рече дека долж сите нови сообраќајници се проектираат и велосипедски патеки, а простор за велосипедите се прави и на старите сообраќајници.
Во таа насока, и Општина Центар летово спроведе проект за субвенционирање при купување на велосипед, чија цел е граѓаните да добијат економичен и еколошки превоз, како и намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Во текот на една недела санкционирани 𝟤𝟢𝟨 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18.11. до 24.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.
Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, додаваат од ПОЦ.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.
Скопје
Интензивно се работи на фекална канализација за дел од Кадино
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска направи увид во изградбата на фекална канализација за дел од населеното место Кадино во општина Илинден.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски во рамки на проектот се гради примарна мрежа со припадни краци на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино во вкупна должина од околу 3.500 метри, од кои досега се изградени 730 метри и се поставени 19 шахти. Оваа мрежа на фекална канализација преку препумпен уред и потисен цевковод ќе се поврзе со веќе изградената пречистителна станица во н.м. Кадино и ќе ги опфати домаќинствата кои немаат фекална канализација, а се наоѓаат во еден од најниските делови на населеното место и припаѓаат во источниот и јужниот дел од Кадино.
На овој дел од фекална канализација која во моментов се гради предвидено е да се приклучат приближно 100 домаќинства, додека останатите ќе бидат опфатени во наредниот период со изградбата на останатите фази од овој проект, со што населеното место Кадино ќе биде целосно покриено со систем на фекална канализација.
Средствата за реализација на овој капитален проект се обезбедени од буџетот на Општина Илинден.