Црна хроника
Албански државјанин ги украл моштите на св. Параскева од манастирот во кичевско

Триесет и осумгодишниот А.Д. од албанскиот град Дибер е сторителот на кражбата во манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во близина на Кичево, од каде што одзеде три сребрени крстови, манастирски печат и ковчеже со моштите на св. Параскева, соопшти СВР Охрид.
Против него полицијата поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“ и истиот е спроведен во казнено-поправната установа во Тетово каде ќе издржува притвор во траење од 48 часа.
Пријавениот на 11-ти овој месец од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево украде три сребрени крста кои датираат од 1800 година, еден манастирски печат и едно резбано сребрено ковчеже со мошти од св. Параскева, предмети што претставуваат културно наследство на Република Македонија.
Тешката кражба А.Д. ја извршил околу два часот утрото откако претходно насилно и со подесен алат го скршил цилиндарот од металната решеткаста врата. Тој потоа насилно ја отворил и дрвената врата за влез во олтарот. Оттука ги одзел трите крста, манастирскиот печат, резбаното сребрено ковчеже.
По извршувањето на тешката кражба, А.Д. околу 03 часот е приведен во близина на селото Брждани, на регионалниот пат Кичево-Битола каде се обидел да избега со своето патничко моторно возило марка „голф“ со албански национални ознаки.
Против сега притворениот албански државјанин, полициската станица од Дебар во текот на март 2010 година има поднесено посебен извештај дека заедно со уште едно лице, го сториле кривичното дело криумчарење на икони и други предмети од културно наследство.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Неовластено навлегла во електронскиот систем на банката и со туѓа картичка од банкомат подигнала пари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Македонска Каменица.
Таа се сомничи за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 09.06.2025 до 30.06.2025, пријавената во шест наврати неовластено навлегла во електронски систем на банка и со картичка на лице од село во општина Зрновци, од банкомат во истото село подигнала вкупно 52.000 денари, кои противправно ги присвоила.
Топ
Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(60) од Делчево, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
Црна хроника
Возеле пијани и предизвикале сообраќајни несреќи – приведени двајца возачи од Берово и од Кочани

Двајца возачи се приведени поради управување возило под дејство на алкохол и предизвикување сообраќајни незгоди.
Вчера во Кочани, приведен е А.М. (58) од овој град. Околу 18 часот, тој со „мерцедес“ удрил во паркирано возило „форд“. При увидот било утврдено дека управувал со 1,93 промили алкохол во крвта.
Утрово во 03:20 часот, во атарот на село Чифлик, Берово, полициски службеници ја лишиле од слобода В.К. (23) од Берово. Таа околу 02:50 часот изгубила контрола над „матиз“ и излетала од патот. При увидот било утврдено дека управувала автомобил со 1,59 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.