Контакт

Регион

Хрватска излегува од арбитражата за Пиранскиот залив

Објавено пред

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, по состанокот со претставниците на парламентарните партии рече дека се договориле Хрватска да излезе од арбитражата за проблемот што го има со соседна Словенија околу Пиранскиот залив.
 

dobivaj vesti na viber

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, по состанокот со претставниците на парламентарните партии рече дека се договориле Хрватска да излезе од арбитражата за проблемот што го има со соседна Словенија околу Пиранскиот залив.

 

„Хрватска мора да го раскине арбитражниот договор и да се држи до меѓународното право. Очекувам голема поддршка и се надевам дека ќе ја добијам едногласно“, вели Милановиќ.Истакна дека Словенија и Хрватска имаат исти интереси околу заштитата на границата, затоа што сценариото кое може да се види на границите на Унгарија за големиот број мигранти кои влегуваат од исток и од југ, наскоро би можело да се види во Хрватска и Словенија.Одлуката доаѓа откако во средата во хрватските медиуми беа објавени транскрипти и аудио запис кои покажуваат дека словенечкиот член на арбитражниот суд Јернеј Соколец и словенечката дипломатка оплномоштена претставничка за следење на арбитражата, Симона Дреник, како се договараат за изнесувањето на аргументите и лобирањето кај другите судии на Постојаниот арбитражен суд  во Хаг за постапката за границата меѓу Словенија и Хрватска. Се работи за разграничување во Савудрискиот залив каде Хрватска смета дека границата треба да се одреди од устието на реката Драгоња, каде завршува копнена граница  и од таа точка заливот да го разграничи со примена на линија на еквидистанца. Словенија, пак, истакнува дека целиот залив ѝ припаѓа на неа и дека за време на поранешна Југославија таа го контролирала и треба да се водат од начелото дека секој го задржува тоа што е негово.Според транскриптите и аудио снимките, Соколец и Дреник се договарале поголем дел од заливот да ѝ припадне на Словенија.По избивањето на скандалот, словенечките партии ѝ дадоа право на Владата сама да именува нов арбитар, без потврда од парламентарните партии./крај/мф/бб

Регион

Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Објавено пред

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.

dobivaj vesti na viber

Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.

„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Таксист се залета со возилото во демонстранти во Смедерево

Објавено пред

Додека граѓаните мирно преминувале пешачки премин во Смедерево, возач на такси налетал на луѓе.

dobivaj vesti na viber

Притоа еден граѓанин бил собран од возилото и се возел на хаубата околу 200 метри, јавува репортер на Н1.

Од утрово продолжуваат блокадите низ цела Србија, а неколку студенти беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.

Исто така беше приведен и граѓанин во Крагуевац кој одбил да даде документи за идентификација на српската полиција.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Објавено пред

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа.

dobivaj vesti na viber

На повик на студентите во блокадата, утрово во седум часот, граѓаните на Крагуевац се собраа на раскрсницата кај облакодерот Застава, а потоа почнаа да ги преминуваат пешачките премини, со што го нарушија сообраќајот.

Приведен е граѓанин во Крагуевац, кој одбил да ѝ дозволи на полицијата да му ја види личната карта.

Полициските службеници одведоа неколку студенти кои беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.

Сообраќајот на трамвај и тролејбус во Белград е прекинат поради блокади, а сите возила се повлечени во гаражи додека не се исполнат услови за нивно враќање во сообраќај, објави Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија1 час

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ2 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија4 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија4 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија5 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ6 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ6 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија7 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион7 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа9 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион10 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија10 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија10 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ21 час

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија22 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија23 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија24 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија1 ден

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...