Регион
Грција од јуни ќе исплатува бенефиции за сиромашните

Бенефициите кои ги вети новата грчка влада како вид поддршка за најсиромашните граѓани ќе започат да се исплатуваат од јуни, изјави во средата Теано Фотиу, службено лице задолжено за социјална солидарност.
Околу 30.000 домаќинства ќе примаат од 70 до 220 евра како помош за подмирување на сметките, додека 300.000 домаќинства ќе добиваат бонуси во слични износи за купување на храна, пренесува агенцијата Франс прес.
Левичарската Сириза и покрај притисокот од ЕУ да се откаже од наведените мерки, минатиот месец го „протурка“ законот за социјална заштита во парламентот.
Бенефициите чија вредност се проценува на 220 милиони евра ќе биде финансирана исклучиво преку намалување на трошоците на министерствата, рече заменик министерот за финансии Димитрис Мардас.
Законот, меѓу другото, подразбира вклучување на струја за најсиромашните домаќинства на кои им е исклучена електричната енергија. /крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.