Европа
Лавров: Целта на западните санкции е смена на власта во Русија, и тоа не се крие
Западот воопшто не крие дека целата на санкциите против Русија е смена на власта, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, говорејќи пред Советот за надворешна и одбранбена политика.
„Кога претходно се применуваа санкции, тогаш работев во Њујорк, без разлика дали станува збор за Северна Кореја, Иран или други земји, тоа беше сторено на тој начин да нанесат штети само на елитите, а не да ѝ наштетат на социјалната сфера, економијата“, рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
„Сега јавно личности од Западот велат дека потребно е да се наметнат санкциите за да се уништи економијата и да се покренат протести на народот“, додаде Лавров и истакна дека „Што се однесува до концептуалниот пристап кон користењето на мерките за принуда, Западот јасно покажува дека тие не сакаат Русија да ја смени политиката, туку да се постигне промена на власта“.
САД, а подоцна во тоа ги следеше и Европската унија, воведоа неколку сета санкции против Русија, којашто ја обвинуваат дека ја предизвикала кризата во Украина, откако со мартовските безредија во Киев на власт дојдоа прозападните и националистички политички сили, по што доминантно рускојазичните и руски југоисточни украински региони самопрогласија независност преку референдуми, а црноморскиот полуостров Крим преку референдум ја врати автономијата укината во 1990-те и се присоедини кон Руската Федерација, што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија.
Според Лавров, санкциите не ѝ нанесуваат штети само на Русија, туку и на земјите коишто ги воведоа, а изјавите за изолација на Русија, дури и не заслужуваат внимание.
„Се разбира нашата економија трпи штети како резултат на санкциите, но само за сметка на штетите на економиите на земјите коишто ги воведоа. Не помалку важно е што таквите дејствија го уриваат системот на меѓународните економски односи, како и принципите врз кои тие почиваат“, додаде Лавров.
Кога станува збор за настаните во Украина, говорејќи пред рускиот Совет за надворешна и безбедносна политика, шефот на руската дипломатија, смета дека Западот на препад дејствувал во Украина и сакал „да ја изблефира Русија“.
„Долго време пред украинската криза висеше во воздухот чувството дека нашите односи со Западот се приближуваат до моментот на вистината – дека одложувањето до бесконечност на решавање на проблемите не функционира“, истакна Лавров, кого го цитира агенцијата Тасс.
„Или одиме кон партнерство, или по патот на ‘борба на врвовите’. За жал, нашите партнери, намерни или ненамерно го избраа вториот пат. Нашите партнери во Украина дејствуваа на препад, настапија според сопствените демократски принципи, ги поддржаа екстремистите. Како што се изразуваат хулиганите ‘сакаа да не’ блефираат’, да не’ понижат’, додаде рускиот министер за надворешни работи.
Во врска со соработката со Европа, Лавров истакна дека Русија нема намера да се откаже од таа соработка.
„Никој нема намера да си пука во ногата, откажувајќи се од соработката со Европа. Но, сите сфатија, дека ‘business as usual’ повеќе не е возможен. Таков ‘бизнис’ нам не ни е потребен“, порача Лавров. „’Бизнисите’ кај нив одеа вака: Русија мора да го стори тоа, Русија е должна да го стори тоа. Ние сакаме рамноправна соработка и се разбира дека повеќе нема да има такви бизниси“, додаде.
Истовремено Лавров изрази уверување дека сегашниот период ќе биде надминат и ќе бидат извлечени поуките, и ќе „претставуваат нова основа за нашите односи“. Шефот на руската дипломатија притоа обрати внимание на тоа дека „во моментов почнува се’ погласно да се зборува за легитимноста за проблемот на градење единствен економски и хуманитарен простор, а исто така германскиот министер за надворешни работи (Франк-Валтер Штајнмаер, кој претходно седмицава престојуваше во Москва), јавно изјави дека, во крајна линија, неопходно е да се воспостави дијалогот меѓу Европската унија и Евроазискиот економски сојуз“, голем проект на Москва во кој засега се влезени Русија, Белорусија, Казахстан и Ерменија, а руската страна се надеваше дека во него ќе влезе и Украина што беше оневозможено со доаѓањето на прозападните власти во Киев.
„Евроазискиот економски сојуз веќе не се сфаќа како егзотична идеја на рускиот претседател Владимир Путин да започне преговори за создавање зона на слободна трговија меѓу Европската унија и Царинската унија“, во која влегуваат споменатите поранешни советски републики, којашто според договорот од 29-ти мај 2014-та, ќе премине во Евроазиски економски сојуз, кој ќе стапи на сила од 1-ви јануари 2015 година., заклучи Лавров./крај/мф/сн
Извор: ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.

