Контакт

Книги

Промоција на книгата „Бродот. Кознархија“ од Томислав Османли

Објавено пред

Во среда, со почеток во 20 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар ќе се одржи промоцијата на најновиот роман на Томислав Османли „Бродот. Конзархија“.          
 

dobivaj vesti na viber

Во среда, со почеток во 20 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар ќе се одржи промоцијата на најновиот роман на Томислав Османли „Бродот. Конзархија“.          

 

Промотор на книгата ќе биде академик Ферид Мухиќ, поздравната реч е на Владимир Јанковски, а извадоци од романот ќе чита Бисера Бендевска.„Бродот. Конзархија“ е роман во кој авторот кој се обидува да ги открие својствата на новото прагматично време полно со симулакруми, со лажни стварности, кое во крајна линија и самото ќе се покаже како време на омасовени илузии и општи и лични прелаги. Дејството на романот се случува во 2039 година. Во тоа време, покрај отуѓените карактери на својата негативна утопија, Османли го открива носталгичниот човек проектиран во блиската, отуѓена и хипер-меркантилна иднина.Жанровски, романот може да се опише како антиутопија, универзално тематизирана реплика на негативно-утопискиот жанр, втемелен во романот „Ние“ на Јевгениј Замјатин, жанр кој својот врв го достигнува во „1948“ на Џорџ Орвел. Романот е лоциран во препознатливиот простор на нашиве координати и со мноштво футуристички ремарки ја гради хипотетичката слика на идното време. Колку атомизирано, испарцелизирано и отуѓено да е општествената средина која Османли ја доловува во својата нова прозна книга, неговата нарација – чии фантастички својства тука добиваат нов и технолошки израз – ни тука не е лишена ниту од карактеристичниот ироничен хумор, сега и сатира кои без анестезија удираат по сопственичките, меркантилните и алиенациски својства на идното време и единка. Неговиот „Брод“ открива една заедница, дозаринкана во реката на времето, па трансцендирајќи ја нашата денешна позиција на прикрајокот од скаменетото море на континентална Европа, гради критички став кон историски проектираната хипокризија на клучни не само „домицилни“, ами и кон највисоките, мирски и верски институции и на „Старата дама“. Романот ја открива ентропијата што ги овладува корпоративните  заедници и системи засновани на мали самосвојни, меркантилни региони и апсолутизираните вредности кои ги претставуваат пред сè финансиските, профитерски и меркантилни, не веќе и човечките солидаристички, емпатиски, финансиски безусловни филантрописки мерки…Во време на зголемената понуда на идеолошките утопии, Томислав Османли го создава својот дистописки „Брод. Конзархија“ со кој книжевно уверливо: релјефно, фабуларно, духовито и критички запловува во својата визија на иднината на овој дел од еден футуристички свет.Томислав Османли (1956) диломирал право на Правниот факултет во Скопје, но 38 години работи како новинар, уредник во доменот на културата и уметноста. Автор е на над дваесет книги проза, теорија, публицистика, драмски текстови, сценарија. Неговата студија „Филмот и политичкото“ (1981) е првата македонска теоретска книга посветена на Седмата уметност, првично промовирана во институтот за филм во Белград. Трудот насловен „Стрип, запис со човечки лик“ (1987, 2002), пак, е првата македонска теоретска книга посветена на Деветтата уметност. Книгата јудео-балкански раскази и новели „Светилка за Ханука“ (2008) стана лауреат на наградата „Прозни мајстори“. Романот „Дваесет и првиот“ беше прогласен за Роман на годината (2010), а потоа и изабран за македонски претставник во книжевниот натпревар за наградата „Балканика“. Негови преводи се објавени во Загреб, Цетиње, Белград и Москва, а наскоро ќе се појават преводите на арапски и бугарски јазик. По „Дваесет и првиот“ (2009) и „Зад аголот“ (2012), ова е негов трет роман.Автор е на повеќе наградувани сценарија за играни телевизиски филмови./крај/со/бб

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 часа

24-годишник осомничен за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело...

Македонија15 часа

Интерната комисија проверува дали се правеле непотребни операции на срце, методологијата за работа е утврдена

Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ја утврди методологијата за работа, која што ќе биде основата за анализата не...

Македонија16 часа

(Видео) Утната процедура е можна причина за одложување на седницата за прислушувањата, Петровска бара декласификација

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, денеска на прес-конференција оцени дека власта намерно прави деловнички грешки со закажувањето на седницата на...

Македонија16 часа

Поплаки за искинати учебници стигнале и до Јаневска: Потрошивме 11 милиони евра, што побарале училиштата, тоа добиле

Учебниците законски се менуваат на пет години, учениците треба да се грижат за нив, наставниците да ги научат на тоа,...

Македонија17 часа

Кривични за стружаните кои запалија душеци на депонија за да ги извадат федерите и да ги продадат

Струшката полиција поднесе кривична пријава против двете лица на возраст од 38 и 61 години кои палеа душеци на депонија....

Македонија18 часа

Поранешниот директор на Онкологија не се чувствува виновен – продолжи судењето против Васев и тројцата онколози

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со тројца други онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти,...

Македонија18 часа

Седницата за сомнежите за незаконско прислушување е одложена

Седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), која беше...

Македонија19 часа

Кошта: На Северна Македонија да ѝ се гарантира дека нема да има нови барања, но договореното мора да се исполни

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Република Северна Македонија треба да ги исполни преземените обврски за да може...

Македонија20 часа

Поднесено обвинение против уште едно лице за пожарот во „Пулс“

Обвинителскиот тим, кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска, до Основниот кривичен суд Скопје...

Култура21 час

Македонски филмски триумф во Венеција: „Силјан“ ја освои наградата на најинспиративен филм

Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје. „Силјан“, новиот документарен...

Македонија22 часа

„Ем шуто ем боде“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ има одговор до СДС за овие нивни обиди за спас на нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата, и...

Македонија22 часа

Нема активни пожари во државата, под контрола еден

Во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои...

Топ22 часа

Усмртен пешак во Гостиварско, уапсен возачот

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во село Добридол,...

Македонија23 часа

„Влен“: Во ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги искорнa од Изборната единица 1

„ДУИ и вистината се разделија одамна, но повеќе од сè, ги изгоре моментот кога Изет Меџити ги искорени Блерим Беџети,...

Свет23 часа

Венецуелски ловци прелетаа над американскиот разорувач: „Исклучително провокативно“

Два венецуелски борбени авиона „Ф-16“ прелетаа над американскиот разорувач со водни ракети „УСС Џејсон Данам“ во јужниот дел на Карипското...

Европа23 часа

26 земји се согласија да испратат војници во Украина; Русија: Не може

Странските воени контингенти не може да обезбедуваат сигурносни гаранции за Украина и треба да се заврши многу работа пред да...

Свет24 часа

Судот ја отфрли жалбата на Трамп: пасошите за небинарни лица ќе продолжат да се издаваат

Апелацискиот суд на САД денес ја потврди пресудата на понискиот суд со која ѝ беше наредено на администрацијата на Трамп...

Свет24 часа

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер денес го погоди југоисточен Авганистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот...

Свет1 ден

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

Американскиот претседател Доналд Трамп планира денес да потпише извршна наредба за преименување на Министерството за одбрана во „Министерство за војна“,...

Свет1 ден

Кој има посилна војска, САД или Кина: споредено низ бројки

Големата воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна му овозможи на кинескиот претседател Кси Џинпинг да...