Контакт

Надворешна политика

Пусиќ: Македонија и без решавањето на спорот со Грција треба да продолжи кон ЕУ и НАТО

Објавено пред

За Македонија мора да се најде решение таа да може и без договор со Грција за решавање на спорот за името, преку реформите силно да се придвижи кон Европската унија (ЕУ) и НАТО, изјавила во понеделникот во Брисел на маргините на седницата на министрите за надворшни работи на ЕУ, шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ.

dobivaj vesti na viber

Министрите на ЕУ во понеделник со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски ќе разговараат околу спроведувањето на европските реформи и договорот кој преку посредувањето на ЕУ и САД го потпишаа лидерите на водечките политички партии во Македонија, согласувајќи се на вонредни избори и решавање на тешката политичката криза.

Грција досега, тврдејќи дека властите во Скопје инсистираат на името „Македонија“ и поради претензии кон дел од грчката територија, ги кочеше преговорите за членството во ЕУ, како и поканата од страна на НАТО земјата да стане членка на Алијансата.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски неодамна во интервју за европското издание на американскиот дневник Politico изјави дека властите во Скопје се подготвени за членството во НАТО и под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

Politico оценил дека грчките политички и економски проблеми овозможуваат „малиот сосед“ Македонија да ги искористи шансите и брзо да стане членка на НАТО./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Полицајци завршија во болница – ги нападнале дрвокрадци во Велес, едниот им се заканил со моторна пила

Четворица велешани, од кои еден малолетник се приведени откако вчера нападнале тројца припадници на шумската полиција. Приведедените се на возраст...

Македонија3 часа

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух,...

Свет3 часа

(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел...

Македонија8 часа

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Свет10 часа

Белата куќа: Има индиции дека Русија е одговорна за авионската несреќа во Азербејџан

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека има рани индикации оти Русија е можеби одговорна за падот на азербејџанскиот...

Македонија10 часа

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет11 часа

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет11 часа

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија1 ден

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија1 ден

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија1 ден

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија1 ден

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија1 ден

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија1 ден

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...

Македонија1 ден

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет1 ден

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет1 ден

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет1 ден

Зеленски: На Украина ѝ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет1 ден

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...