Европа
Во Берлин уапсени осомничени за подготовка на напад

Припадниците на германската специјална полицијата во четвртокот уапсиле двајца мажи кои се осомничени за подготвување напади, соопшти портпаролот на полицијата.
Полицијата прво извршила претрес во една џамија во западниот дел на Берлин, а потоа ги пронашла осомничените лица во јужниот дел на германската престолнина, во областа Блиц. Лицата биле уапсени во близина на џамијата Шарлотенбург, пренесуваат германските медиуми.
Мажите на 28 и 46-годишна возраст се притворени, а полицијата направи безбедносен периметар околу местото на нивното апсење, и вршела претреси на автомобили и проверка на „сомнителни објекти“, рекол полицискиот портпарол, пренесува Reuters.
За време на рацијата во којашто биле уапсени осомничените, полицијата евакуирала 120 луѓе од 16 околни згради. Предупредувањето за можна опасност во Берлин, не е укинато со паѓањето на ноќта, забележуваат медиумите.
Тиражниот германски дневен весник Bild, претходно во своето електронско издание објави дека има знаци дека во џамијата биле подготвувани напади.
Според полицискиот комесар на Берлин, Клаус Канд, двајцата осомничени исламисти не планирале напади во Берлин, но постојат сомневања дека се поврзани со можни планови за напади во други делови на Германија.
„Не сакам да ја коментирам безбедносната ситуација во другите германски федерални држави“, изјавил Канд за агенцијата DPA. Канд истакнал дека берлинската полиција постапувала во случајот по добиени информации од друга јуриздикција.
Одделно, портпаролот на министерството за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија навестил дека неговиот сектор можеби е изворот на информациите. „Имаше размена на информации меѓу безбедносните служби во врска со индиции за можен напад“, рекол./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Русија подготвува нова офанзива во Суми и во Харков оваа пролет, сега купува време

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во интервју за „Фигаро“ дека Русија планира две нови големи офанзиви во северна Украина, особено во регионите Суми и Харков, веќе оваа пролет.
Тој предупреди дека додека Москва сѐ повеќе зборува за прекин на огнот, рускиот претседател Владимир Путин се обидува да купи време за да подготви нов напад.
Европа
Стармер и шефот на НАТО: Америка има клучна улога во постигнувањето на примирјето

Британскиот премиер Кир Стармер утрово во Париз се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, непосредно пред почетокот на состанокот на коалицијата на волните.
Во соопштението од кабинетот на британскиот премиер се вели дека Стармер и Руте разговарале за продолжување на поддршката за Украина, согласни дека Европа мора да направи сѐ за да ја одржи Украина силна и да го задржи притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин.
Двајцата истакнаа дека Соединетите Американски Држави играат клучна улога во отворањето на патот за договор за прекин на огнот и ја повторија подготвеноста на Европа да поддржи траен и одржлив мир кога ќе дојде време.
Стармер ја повтори својата непоколеблива посветеност на НАТО како основа на безбедноста.
Европа
(Видео) Објавена снимка од извлекувањето човек од урнатините во Харков по масовниот руски напад

Украинските градови Харков и Днипро синоќа беа цел на голем напад со руски дронови.
Најмалку 12 лица се повредени во Харков, меѓу кои и едно 14-годишно девојче. Тешки удари претрпе и Днипро – повредени се три лица, а оштетени се повеќе од десет станбени згради и една образовна институција.
Денеска беше објавена и снимка од извлекување маж од урнатините во Харков.
Last night, Ukrainian cities, including Kharkiv & Dnipro, came under a massive drone attack. In Kharkiv, at least 12 people were injured, including a 14-year-old girl. Dnipro also suffered heavy strikes, leaving 3 people wounded and causing damage to more than a dozen apartment… pic.twitter.com/71Pcr0quHd
— Гюндуз Мамедов/Gyunduz Mamedov (@MamedovGyunduz) March 27, 2025
Во изминатите 24 часа уште осум лица се повредени во напади на области на регионите Донецк и Херсон.