Контакт

Надворешна политика

Бесими: И покрај предизвиците, Македонија мора да остане фокусирана на европската агенда

Објавено пред

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во четвртокот пред членовите на Комисијата за европски прашања и претставниците на меѓународната заедница ја презентираше целта, структурата и содржината на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија – НПАА (ревизија 2015).

dobivaj vesti na viber

 

Вицепремиерот Бесими ја истакна важноста на процесот на европската интеграција за Македонија нагласувајќи дека и покрај предизвиците со кои земјата се соочува во моментот, треба да остане фокусирана на спроведување на реформите од европската агенда и со еднаква посветеност и одлучност да се адресираат препораките содржани во Извештаите на ЕК. 

 

„Сега, повеќе од било кога, потребно е со конкретни активности да покажеме дека македонските институции имаат демократски капацитет да се справат со предизвиците и да останат фокусирани на она што е стратешка определба на сите општествени чинители,членството во ЕУ“, истакна Бесими. 

 

Воедно, Бесими информираше дека во периодот на подготовка на НПАА во Секретаријатот за европски прашања, со цел постигнување на  поголема инклузивност и транспарентност во процесот на европската интеграција беа одржани повеќе средби со претставници на релевантни државни институции, граѓанскиот сектор, медиумите и бизнис заедницата, објавен беше и јавен повик до граѓанските организации за доставување на свои предлози за надминување на наодите од Извештајот, кои се проследија до работните групи.

 

Од предвидените 57 закони за 2014 година, усвоени беа 21 закони. Од предвидените 143 подзаконски акти за 2014 година донесени беа 76, додека  2 се во владина постапка, 9 се во меѓуресорска постапка, а 4 се во подготовка и ќе се следат преку НПАА ревизија 2015. 

Клучни елементи при ревизијата на НПАА 2015 беа пресретнување на наодите од Извештајот на ЕК за 2014 година и Стратегијата за проширување 2014-2015 година,  обезбедување на натамошно исполнување на приоритетните реформски цели, обезбедување на натамошна реализација на обврските од Спогодбата за стабилизација и

асоцијација, како и натамошно усогласување со европското законодавство.

 

Содржински и во Ревизијата на НПАА 2015 година опфатени се плановите за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, потребната динамика за јакнење на институциите за спроведување на законодавството, како и неопходните ресурси за реализација.

 

Со НПАА 2015, предвидени се околу 1007 активности, од кои 57 се закони кои се хармонизираат со 69 мерки на ЕУ и 91 се подзаконски акти кои се хармонизираат со 120 мерки на ЕУ.

 

Од аспект на човечки ресурси во планирањето, следењето и реализацијата на НПАА вклучени се 75 институции со околу 13.698 редовно вработени службеници.

За реализација на активностите од НПАА за 2015 година, алоцирани се околу 727 милиони евра, распределени за административна поддршка, стратешки приоритети на Владата, капитални проекти и за развојни програми. За имплементација на оваа програма се користат и ЕУ фондовите и билатералната донаторска поддршка.

 

Во однос на преводот на правото на ЕУ, предвидено е да се преведат околу 30.000 страници и да се направи ревизија на околу 18.000 страници на правни акти од службен весник на ЕУ, Република Македонија  и други документи од важност за ЕУ интеграцијата.

 

Во обраќањето од страна на Бесими, беа истакнати клучните приоритети во однос на исполнувањето на политичките критериуми, изборната реформа, децентрализацијата, реформата на јавната администрација, реформата на полицијата, соработката со граѓанското општество, борбата против корупција, унапредувањето на слободата на изразување и медиуми, правата на заедниците, регионалната соработка и приоритетите од економските критериуми.

 

Истакнати беа и клучните приоритети во однос на способноста на преземање на обврските од членството во ЕУ во делот на слободно движење на стоки, финансиски услуги, информатичко општество и медиуми, земјоделство и рурален развој, транспортна политика, енергетика, социјална политика и вработување, регионална политика, правда, слобода и безбедност.

 

На крајот на презентацијата на НПАА пред членовите на Комисијата за европски прашања во Собрание, вицепремиерот Бесими рече дека ова се дел од клучните приоритети во спроведувањето на реформите од ЕУ агендата и нагласи дека поради важноста на претстојниот период, неопходно е сите да покажат целосна посветеност и максимална конструктивност и да се фокусираат на реализација на селектираните приоритети и реформи./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 час

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија2 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија2 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија3 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија3 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет5 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа6 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет6 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа6 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет6 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија14 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија17 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија18 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија19 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија20 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 ден

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија1 ден

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...