Македонија
Крвивична истрага за обид за поткуп и суспендирање вработени во МВР

За две лица ќе биде отворена кривична истрага за изборен поткуп, а за други тројца, вработени во Министерството за внатрешни работи Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди ќе отвори постапка, но за нив се очекува и суспензија од работните места сé до завршување на постапката.
Поведувањето на кривична истрага доаѓа по аудио снимката којашто пред неколку дена ја објави поратолот „Публикум.мк.“, а од која може да се слушне како наводен активист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да поткупат жителка на Прилеп, притоа ветувајќи и 60 евра за глас.
Од досегашниот тек на истрагата се дознава дека осомничената е член на владејачката партија од Општинскиот комитет во Прилеп, а била вработена во државна институција, како и второосомничениот кој ја придружувал во обидот за поткуп.
Улогата на тројцата униформирани припадници на МВР се уште се проверува, но како што се дознава тие ги придружувале осомничените кои нуделе поткуп за глас на парламентартите избори. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 06.10 часот, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремено засилен ветер, претпладне услови за слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, на денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата Ванчо Мицков бр. 18, во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.