Свет
Хавана се проштева од Фидел Кастро
Челниците на латиномаериканската левица ги обединија гласовите ноќта кон средата и повикаа да се овековечи оставината на Фидел Кастро пред стотиците илјади Кубанци собрани на големата посмртна церемонија во чест на Ел Команданте во престолнината Хавана.
Наспроти споменикот на херојот на кубанската независност Хозе Марти на Плоштадот на револуцијата, мноштвото се проштеваше од Фидел Кастро пред неговите посмртни останки да го напуштат главниот град во средата и да бидат пренесени до Сантјаго де Куба, градот во чијашто близина Ел Команданте е роден и во кој ќе биде погребан.
„Каде е фидел? Каде е Фидел?“ извикуваше од говорницата претседателот на Никарагва, Даниел Ортега. „Тука!“, одговори масата луѓе во еден глас сакајќи да нагласи дека смртта на Фидел Кастро е само „телесна“, како што тоа многупати го повторуваа кубанските медиуми последните денови.
„Тој не доаѓа, останува тука, непобеден меѓу нас, оправдан, потполно оправдан/ослободен оден од историјата“, извикуваше венецуелскиот претседател Николас Мадуро, близок сојузник на Куба, алудирајќи на славната изјава „Историјата ќе ме ослободи“, којашто Фидел Кастро ја изговори на судењето по нападот во 1953 година врз касарната Монкада којашто ќе го означи почетокот на неговата легенда.
„Обединет денес повеќе од кога и да е, народот на Латинска Америка ќе продолжи да се бори за тие идеи, се колнеме!“, порача еквадорскиот претседател Рафаел Кореа.
„Се обидоа да го убијат на илјада начини, но повеќе од десет американски претседатели не успеаја во тоа. Фидел и Куба го променија светот во XX век“, додаде боливискиот претседател Ево Моралес.
По четирите часа долги говори, кубанскиот претседател Раул Кастро кој го наследи на должноста Фидел во 2006 година, ги повтори најважните идеи на својот постар брат изречени во познатите маратонски говори одржани токму на истото место. Притоа заклучи: „Драг Фидел, овде каде што ги одбележуваме нашите победи, ти велиме со башиот доследен, борбен и јуначки народ. До победата засекогаш“.
Вечерта на оддавање на почестите со многу политички акцент го заобиколиле шефовите на западните држава во прв ред американскиот претседател Барак Обама, рускиот Владимир Путин, кинескиот Кси Џинпинг и иранскиот Хасан Роухани. Наместо нив, во Хавана допатуваа нивните специјални претставници од висок ранг.
Од друга страна, присутни беа премиерот на Грција Алексис Ципрас, и претседателите ба Зимбабве Роберт Мугабе и на Јужноафриканската Република Џејкоб Зума, како и поранешниот крал Шпанија, Хуан Карлос кој се простија со неизбежната фигура на идеолошката блоковска Студена војна од минатиот век./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите
Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.
Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.
Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.
Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.
И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.
Свет
Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.
Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.
Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.
Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.
„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.
Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.
Свет
„Само Трамп може да ја запре војната“ – украинскиoт министер повика на лидерска средба со Русија
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека само американскиот претседател Доналд Трамп може да ја запре војната и повика на директна средба меѓу украинскиот и рускиот лидер за да се решат најтешките прашања во мировните преговори. Според него, од мировниот план од 20 точки останале нерешени само неколку, но тие се „најосетливите и најтешки“ и бараат лидерска интервенција.
Сибиха изрази надеж дека напредокот во разговорите посредувани од САД ќе се искористи пред американските конгресни избори на есен, кои би можеле да го променат фокусот на Вашингтон.
Претходно, претседателот Зеленски откри дека САД предложиле војната да се заврши пред летото. Сè уште не е постигнат договор за прашањето на териториите и нуклеарната централа Запорожје, а бил предложен и план за „енергетско примирје“.

