Скопје
На Денот на дрвото засадени садници покрај булеварите во Ѓорче Петров

Под мотото „ За зелено Ѓорче-засади ја својата иднина“, gрадоначалникот Сокол Митровски заедно со вработените од општината по улицата „Партизански одреди“ засадија над 50 садници платан (platanus acerifolija).
Во акцијата учество зедоа и вработените од бензиската пумпа „Лукоил “ –Ѓорче Петров, невладини организации , пензионери, граѓани , а остатокот од дрвцата беа поделени во Домови за стари лица, стопански објекти, како и по месните и урбани заедници.
Во разубавување и разеленување на зелената површина учествуваа сите ученици до деветолетка од основните училишта во општината кои садеа во училишните дворови, а најмладите во градинките.
„Колку оваа акција ќе биде успешна зависи од нас самите. Ако ги чуваме и правилно ги одгледуваме новите садници истите за некоја година ќе не „ наградат“ со почист воздух, поздрава и поубава околина за живеење. Затоа апелирам до своите сограѓани заедно да ги чуваме младите дрвца и да не дозволиме никакви вандалски однесувања затоа што чувај ќи ги дрвцата ќе добиеме непроценливо богатство кое во иднина за нашите деца ќе значи и поубав свеt“, истакна градоначалникот Митровски пред почетокот на акцијата.
Оваа акција ќе трае во текот на целиот месец и ќе бидат опфатени и делови од руралниот дел на општината кадешто веќе се подготвени дупки за садење на нови дрвца. Ќе бидат засадени над 85.343 дрвца од видот: аризонски чемпрес, туја , јасен, бел бор, багрем, бреза./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Пуштени во употреба спортските игралишта во училиштето Гоце Делчев во општина Илинден

Со одржување на спортски натпревари во фудбал и кошарка беа пуштени во употреба спортските игралишта за фудбал, ракомет и кошарка во ООУ Гоце Делчев, во Илинден, кои во изминатиот период беа целосно реконструирани, извести општина Илинден.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на игралиштата и истакна дека учениците од ова училиште добија комплетно реконструиран и убаво уреден спортски простор, наменет за квалитетно и безбедно одржување на часовите по физичко и здравствено образование.
„Во рамки на реконструкцијата поставена е заштитна ограда и метални столбови за осветлување. На игралиштето за мал фудбал, ракомет и одбојка поставени се нови голови, вештачка трева, а на игралиштето за кошарка нови табли и обрачи за кош, додека подот е поплочен со гумирана подлога. Исто така во рамки на спортските терени поставени се клупи, корпи за отпадоци, просторот е партерно уреден, со што овие спортски игралишта добија комплетно нов лик.
Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на општина Илинден, а во наредниот период ќе се продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината“, се додава во соопштението.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 150мм на улицата Самоилова бр.50 во Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Самоилова, улицата Јоаким Крчовски и улицата Банатска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:40 часот до завршување со санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.