Контакт

Европа

Лепен: Бранот на азиланти е како инвазијата на варварите на Рим

Објавено пред

Претседателката на француската крајнодесничарска партија Национален фронт, Марин Лепен ја споредила бегалската криза во Европа со инвазијата на варварите на Рим, а претходно таа исто така правеше паралели и со муслиманите во Европа и нацистичката инвазија.

dobivaj vesti na viber

„Доколку не преземеме ништо, овој прилив на мигранти ќе биде како инвазијата на варварите во четвриот век, а последиците ќе бидат исти“, порачала Лепен на собир на својата партија во местото Арпажон близу Париз, во пресрет на локалните избори.

„Мора да го сопреме ова лудило, за да ги спасиме своето општество, слободата и идентитетот“, нагласила таа.

Лепен ја обвинила и владејачката коалиција и партијата на поранешниот француски претседател Николас Саркози, УМП, поради „првиот бран на мигранти“, пренесува Russia Today.

„Лидерите се понудија да ги примат мигрантите, а не ги прашаа своите граѓани. Тоа се истите лидери кои ја уништија Либија и продолжија да ја дестабилизираат Сирија“, оценила Лепен.

„Има 1,5 милиони луѓе кои чекаат да бидат социјално згрижени, а тоа никогаш нема да се случи поради односот на државата кон странците. Ова не го кажувам за да ги посрамотам оние кои доаѓаат, туку да ги обвинам оние кои се одговорни за оваа состојба“, порачал Лепен./крај/мф/бс

 

 

 

 

Европа

(Видео) Фицо: Размислуваме за возвратни мерки доколку Украина го запре протокот на руски гас

Објавено пред

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, рече дека земјата ќе размисли за реципрочни мерки против Украина, како што е прекинување на резервната испорака на електрична енергија по 1 јануари, доколку Киев го запре транзитот на руски гас за Словачка, според очекувањата.

dobivaj vesti na viber

Словачка се обидува да го задржи рускиот гас преку Украина до 2025 година, иако Киев одби да го обнови транзитниот договор со Москва кој истекува на крајот на годината.

Фицо тврди дека алтернативните рути нагло ќе ги зголемат трошоците и ќе ги погодат словачките транзитни операции, предизвикувајќи загуба од 500 милиони евра во такси. Во денешната видео-порака објавена на Фејсбук, Фицо го повтори своето мислење дека прекинот на гас преку Украина ќе има негативно влијание врз Европската унија и нејзината конкурентност.

Тој ги наведе проценките дека трошоците за Унијата би можеле да достигнат 120 милијарди евра во периодот од 2025 до 2026 година поради повисоките цени на гасот и производството на електрична енергија. Тој ја препиша вината на украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого имаше јавна полемика минатата недела.

„По 1 јануари ќе ја процениме ситуацијата и можностите за реципрочни мерки против Украина. Доколку стане неизбежно, ќе го прекинеме снабдувањето со електрична енергија на Украина“, рече Фицо во видеото.

Украина објави дека од 1 јануари ќе го запре протокот на руски гас низ нејзината територија. Словачка тврди дека овој потег нема да влијае на потребите на нејзините потрошувачи поради капацитетот за складирање, додека главниот купувач на гас во земјата, компанијата „СПП“, има договори за купување гас од извори надвор од Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полугола активистка во Ватикан се обиде да украде статуа на Исус

Објавено пред

Активистка на движењето „Фемен“ се префрли преку бариера и се обиде да земе фигурина од местото на Христовото раѓање на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пишуваат италијанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Безбедносните лица ја приведоа жената. „Фемен“ објасни дека чинот бил протест против руското киднапирање на преку 700.000 украински деца.

Организацијата го обвини папата и меѓународните институции за неактивност.

Според она што полициски извори го известиле за АНСА, жената, 25-годишна украинска државјанка, била уапсена под обвинение дека дала отпор и повредила јавен службеник. Таа била пријавена и за непристојни дејствија на јавно место.

Прикажи повеќе...

Европа

Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината

Објавено пред

Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.

dobivaj vesti na viber

Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.

Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.

Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.

Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Груби не побегна, рече Ахмети за поранешниот вицепремиер кој се бара со меѓународна потерница

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја коментираше ситуацијата со бегството на поранешниот вицепремиер во Владата ,...

Свет7 часа

Во авионската несреќа во Јужна Кореја загинаа сите патници меѓу кои пет деца, спасени двајца стјуарди

Сите патници загинаа во авионска несреќа во Јужна Кореја, со што бројот на жртви стигна до 179 лица. Има двајца...

Македонија9 часа

MВР: Приведено е лице за оддавање службена тајна

Полицијата синоќа привела лице поради „Оддавање на службена тајна“. Од МВР велат дека со него бил извршен службен разговор, одземен...

Свет10 часа

(Видео) Двајцата преживеани во авионската несреќа во Кореја биле најдени во делот од опашката на леталото

Двајцата потврдени преживеани во аионската несреќата во Јужна Кореја беа спасени од делот од опашката на авионот – единствениот дел...

Свет12 часа

Патник испратил порака до семејството пред катастрофата – најмалку 151 лице загина во авионската несреќа во Јужна Кореја

Бројот на жртви во авионската несреќа во Јужна Кореја порасна на најмалку 151 лице. Авионот на „Џеџу Ер“ се излизга...

Свет13 часа

Кобни шест минути во Јужна Кореја – во 8.57 авионот добил предупредување, во 9.03 се урнал

Претставници на јужнокорејското Министерство за транспорт открија критична секвенца од шест минути пред несреќата, пишува „Јонхап њуз“. Во 08:57, контролорите...

Свет14 часа

(Видео) Спасени маж и жена од запалениот авион во Јужна Кореја, загинаа 122 лица

Бројот на загинати во авионската несреќа на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја се искачи на 122 лица, со само...

Свет14 часа

(Видео) Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата

Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали на пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти Националната противпожарна...

Македонија14 часа

Какво ќе биде времето на 31.декември и први јануари

На 31 декември и 1 јанури не’ oчекува стабилно и претежно сончево време. Според прогнозите на УХМР, времето на последниот...

Македонија1 ден

Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на...

Топ1 ден

Грозоморни детали за случајот со дрвокрадците во Велес: со нож ги повредиле полицајците, се води постапка

Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес,...

Македонија1 ден

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух,...

Свет1 ден

(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел...

Македонија2 дена

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Македонија2 дена

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет2 дена

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет2 дена

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија2 дена

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија2 дена

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...