Свет
Коалицијата призна 173 цивилни жртви во воздушните удари во Ирак и Сирија
Коалицијата за борбата против ултрадикалната сунитска групација Исламска држава предводена од САД дошла до сознанијата дека во текот на спроведувањето на операциите во воздушните удари врз позициите на џихадистите од 2014 година настрадале 173 цивили, се наведува во соопштението на коалицијата од четвртокот.
„Во овој момент, според достапните информации, штабот на операцијата смета дека е веројатно оди од почетокот на операцијата ’Непоколеблива решителност’ во ударите на коалицијата ненамерно биле убиени 173 цивили. Жалиме за случајните жртви, кои се резултат на напорите на коалицијата за поразување на Исламската држава во Ирак и во Сирија, и изразуваме длабоко сочувство до семејствата погодени од овие напади“, се наведува во соопштението, кое го цитира Reuters.
Агенцијата притоа вели дека оваа бројка е „значително помала од процената на другите групи“ за бројот на цивилните жртви.
Во октомври годинава, на пример, Amnesty International наведе дека коалицијата предводена од САД против Исламската држава не спроведува доволно мерки за внимателност за да ги избегне цивилните жртви во Сирија. Amnesty International тогаш објави дека во коалициските напади се убиени најмалку 300 цивили во 11 напади од септември 2014 година во Сирија.
Во извештајот од четвртокот особено се опишуваат седум случаи во периодот од 21-ви март до 22-ри октомври октомври 2016 година, во кои биле убиени 54 цивили. На пример, на 18-ти јули во сирискиот град Манбиџ загинале 24 цивили, кои биле во исто место со џихадистите. Во овој напад, исто така, биле убиени околу 100 милитанти. Покрај тоа, на 28-ти јули во друг регион на Сирија биле убиени 15-цивили, при гаѓање на наводен автомобил на бунтовниците.
Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR, со седиште во Лондон, пак, тврди дека во нападот во Манби смртно настрадале 56 цивили.
Истовремено коалицијата истражувала уште 12 информации за загинувања на цивили и дошла до заклучок дека тие не се веродостојни, бидејќи во тие области или во тоа време немало напади на нејзината авијација., Уште три напади и натаму се истражуваат и засега нема конкретен заклучок.
Во коалицијата предводена од САД влегуваат 66 земји, но во воздушните удари во Ирак и во Сирија од септември 2014 година, учествуваат само неколку претежно западни држави./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

