Македонија
Минатата година во изградба на станови вложени 210 мл евра

Минатата година се завршени 5.297 станови во целата земја, а од нив 1.750 били двособни, на второ место се трисобните, од кои биле изградени 1.498 стана, а далеку зад нив се четирисобните ( 739 ) и еднособните ( 671 ) станови и 639 станови со пет или повеќе соби.
Во 2015 година вкупната корисна површина на завршените станови изнесува 430.858 квадратни метри, со просечна големина на еден стан од 81 квадрат.Од вкупниот број на завршени станови, 5.126 станови се на приватни инвеститори, а јавниот сектор помогнал со изградба на 171 стана.
Вкупната вредност на извршените градежни работи изнесува 680 милиони евра,од кои 380 милиони евра се градежни зафати во јавна сопственост.Најголемиот удел во вредноста на извршените градежни работи имаат станбените зградби, во чија изградба лани биле потрошени 210 милион евра.
Според последниот статистички извештај предвидена е изградба на 1.009 стана во вкупна површина од 78.143 квадратни метри во септември.
Скопскиот регион и понатаму останува како најатрактивен за изградба на станови од страна на приватните инвеститори. крај/мф/вп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Божиновска од МЕФ 2025: Визијата на Македонија е создавање современ и иновативен енергетски модел во интерес на граѓаните и државата

Визијата на Македонија е создавање на современ и иновативен енергетски модел кој ќе овозможи праведна транзиција и ќе стане двигател на економскиот раст, во интерес на граѓаните и државата, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во своето обраќање на денешниот министерски панел за Западен Балкан: „Инвестиции во време на превирања и брзи пазарни случувања: Каде се наоѓа регионот на Западен Балкан?“ во рамките на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) 2025, кој оваа година се одржува под мотото „Поддршка за чистата енергетска револуција во Западниот Балкан“.
На Форумот учествуваа врвни експерти и клучни актери од целиот свет кои на дводневниот настан дадоа свои видувања во насока на зајакнување на регионалната соработка и забрзување на зелената транзиција.
Министерката Божиновска, на денешниот настан, зборуваше за важноста на регионалната соработка.
„Заедно со земјите од регионот ги претвораме пречките во можности и придонесуваме Западниот Балкан да се постави на светската енергетска мапа“, потенцираше министерката Божиновска, нагласувајќи дека заедничката соработка ќе придонесе за одржлив енергетски систем.
Во рамките на Македонскиот Енергетски Форум (МЕФ) 2025, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска оствари средба со генералниот директор на Меѓународната агенција за обновлива енергија, Франческо Ла Камера.
За време на средбата, министерката Божиновска нагласи дека Македонија е посветена кон спроведување на фер и инклузивна енергетска транзиција во земјата. При тоа, министерката Божиновска истакна дека Македонија мора да ги следи европските и светски трендови за да оди напред и затоа од клучно значење е да се создадат услови за безбедна енергетска и климатска трансформација.
Економија
Народната банка го објави конкурсот за годишната награда за млади истражувачи за 2026 година

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри.
Кој може да учествува?
Право за учество на Конкурсот имаат државјаните на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка немаат право на учество на Конкурсот.
Што треба да содржи трудот со којшто се конкурира?
Tрудот треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 80.000 карактери со празните места (без фуснотите, прилозите, графиконите, табелите, апстрактот, библиографијата, анексите) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување, коешто ги содржи следниве основни делови:
апстракт;
осврт на консултираната литература од областа којашто се истражува;
опис на методите на истражување коишто се користат во трудот;
анализа;
заклучни согледувања и
библиографија.
Дали може да се конкурира и со труд којшто веќе бил објавен?
Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд коишто веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2024 година. При поднесувањето труд којшто веќе бил објавен, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.
Како и каде се поднесуваат трудовите?
Трудовите се поднесуваат до Народната банка со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија“, по електронски пат, во формат „word“, на е-адресата: [email protected]. Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.
Еден автор има право да поднесе само еден труд. Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или на англиски јазик.
Според кои критериуми ќе се вреднуваат трудовите?
Релевантност на истражуваното подрачје за македонскиот случај;
Соодветност на освртот на литературата од анализираното подрачје;
Јасност во дефинирањето на проблемот и на целите на истражувањето;
Соодветност на описот на контекстот и информациите (соодветност на анализата на трендовите во анализираното подрачје во Република Северна Македонија);
Соодветност на користениот статистичко-економетриски пристап;
Конзистентност и логичност на тезите во трудот;
Заклучоци и препораки и нивната соодветност.
Кој е крајниот рок за доставување на трудовите?
Краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2026 година.
Од што се состои Годишната награда?
Наградата е во парична форма, којашто за првонаградениот труд изнесува 130.000 денари, додека втората награда изнесува 65.000 денари.
Каде е објавен конкурсот?
Конкурсот е објавен на следнава врска.
Економија
Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари прва работна средба со директорот на Светската банка во Северна Македонија, Масимилијано Паолучи.
На средбата беше нагласено дека Народната банка е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност за продлабочување на партнерството, особено во контекст на структурните реформи, дигитализацијата и унапредувањето на сеопфатноста и отпорноста на економијата.
Гувернерот Славески посочи дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за соработка во областа на техничката помош и анализа, особено преку проекти коишто ќе придонесат за натамошно зајакнување на институционалниот капацитет, како и за поддршка на политиките за финансиска вклученост и одржлив развој.
Директорот Паолучи истакна дека Светската банка е свесна за значајната улога на Народната банка во одржувањето на стабилноста и на довербата во економијата и изрази подготвеност за понатамошна поддршка на процесите важни за економскиот напредок на земјата.
_______________