Македонија
Шилегов: Федерализација нема да има ама конфискација ќе има
Секое евро што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, го откина од народот, ќе го врати, порача Петре Шилегов, кандидат за пратеник од СДСМ, во петок од Гостивар.
„Паднаа во вода сите лаги, сите лаги и интриги, сета црна кампања за некаква си федерализација, кантонизација на Македонија. Од неговиот коалиционен партнер всушност беше соопштено провидното сценарио. Беше соопштено дека УЧК раководи со македонските институции. Дека УЧК го воведува албанскиот јазик на територија на цела Македонија“, порача Шилегов..
Тој рече дека за 10 дена од сега граѓаните ја земаат судбината во свои раце. „Граѓаните на оваа коалиција, на Никола Груевски, ќе му порачаат нема никаква федерализација и кантонизација, но ќе има конфискација! Ќе плати Никола Груевски за секое евро кое што го откина од нашите граѓани. Ќе плати Никола Груевски за секоја мајчина солза исплачена навечер за децата коишто заминаа. Ќе плати Никола Груевски за секоја непреспана ноќ во странство на нашите граѓани“, додаде Шилегов./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши со честитка за празникот Водици
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод празникот Водици.
„Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви упатувам честитки по повод празникот Водици. Овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нѐ на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава. На православните верници им посакувам овој ден да донесе внатрешен мир, а во нивните домови да владеат здравјето, благосостојбата и спокојот“, пишува во честитката.
Македонија
Облачно и студено време, од утре внрежи од снег
Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Утре преку денот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однес

