Македонија
Иванов: Неопходно е одговорно однесување од сите во изборниот процес
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/ivanov-medzitlija.jpg)
Неопходно е одговорно однесување од сите вклучени во изборниот процес, бидејќи граѓаните на Република Македонија заслужуваат достоинствени избори, порача во четвртокот Претседателот Ѓорге Иванов, во текот на посетата на припадниците на Армијата на Република Македонија на граничниот премин Меџитлија крај Битола.
„Граѓаните на Македонија заслужуваат достоинствени избори како што доликува на земја која 25 години е во демократија и спроведувала неколку изборни циклуси. Очекувам сите во натамошниот период од кампањата да се однесуваат достоинствено и како што налагаат нашиот Устав и нашите закони. Тие што излегуваат од овие рамки, не е лошо да го препрочитаат Уставот и да ги видат сите одредби што се однесуваат на државното уредување и да го имаат предвид државниот интерес“, порача Ивано.
Шефот на државата притоа истакна дека сите коишто ќе се обидат да го нарушат изборниот процес, треба да бидат санкционирани.
„За сите оние што се обидуваат со што и да е го попречат зборниот процес, надлежните институции не треба да имаат никаква милост, ниту толеранција. Посакувам сево ова да заврши и, конечно, Македонија да го преброди овој тежок период низ кој минува веќе две години и граѓаните да почувствуваат стабилност и просперитет“, додаде Иванов.
Спроведувањето фер и демократски избори е неопходно, смета Иванов, за Европската унија да преземе поинаков пристап кон земјата и да го сврти вниманието кон македонските евроинтеграции.
„Македонија го заслужува тоа, и со осумте извештаи сме покажале дека ги исполнуваме условите да добиеме датум за почеток на преговори“, заклучи./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.