Македонија
Иванов: АРМ ја контролира јужната граница и ги има предвид можните предизвици од вториот бран илегална миграција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/ivanov-medzitlija.jpg)
Дневно ги следиме сите настани што се случуваат околу договорот меѓу Европската унија и Турција, ја следиме состојбата и во соседните држави, но исто така нашите служби информираат за настаните на боиштата од каде доаѓа најголем дел од илегалната миграција, посочи во петокот македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој ги посети припадниците на АРМ и другите безбедносни служби задолжени за обезбедување на државната граница, на граничниот премин „Меџитлија“ кај Битола.
Претседателот Иванов беше информиран за безбедносната состојба на јужната граница, која е прогласена за кризно подрачје.
„Како што е познато од јуни 2015 до јуни 2017 прогласивме кризна состојба поради заканите од илегална миграција која доаѓа од страна на нашиот јужен сосед. Нашите припадници на армијата го контролираат теренот и предвид ги имаат сите можни предизвици кои може ние да ги имаме како земја од илегалната миграција. Припадниците на армијата ме информираа за сите нивни досегашни зафати и се што е преземено да се превенира и спречува илегална миграција. Иако најголемиот удар го имаме на граничниот премин кај Гевгелија и Дојран, сепак, и тука во текот на изминативе месеци имало околу 240 обиди за илегално преминување на нашата државна граница“, истакна Иванов.
Шефот на државата изјави дека се следат состојбите и се обезбедуваат информации за превенирање на евентуалниот втор миграциски бран.
„Дневно ги следиме сите настани што се случуваат околу договорот меѓу ЕУ и Турција, ја следиме состојбата и во соседните држави, но исто така нашите служби информираат за настаните на боиштата од каде доаѓа најголем дел од илегалната миграција. Може да се каже дека досега превениравме и презедовме сé што е нашата улога, како држава покажавме дека го чуваме коридорот кој беше еден од најфрекфентните на илегалната миграција за мигрантите да стигнат до европските земји и благодарни сме на меѓународните полициски сили што се присутни на граничниот премин „Меџитлија““, додаде Иванов.
Претседателот Иванов рече дека македонските безбедносни структури се внимателни поради очекувањата дека може да се случи, а за што, како што рече, тоа има најави и сознанија, дека е можен втор миграциски бран и во таа функција е и неговата денешна посета и оваа посета, да се превенираат и да се согледат капацитетите за да можат сите субјекти на кризниот менаџмент да преземаат мерки кои се предвидени во услови на кризна состојба./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.