Политика
Заев за РСЕ: Не кантонизација, туку конфискација на украденото
Федерализацијата е само во главата на Груевски. Кантонизацијата којашто ја споменува не знам од каде му паднала на памет. Веројатно мисли на конфискацијата, конфискацијата ќе ја има после овој грабеж што се случи, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
На прашањето дали се основани стравувањата на пензионерите, јавната администрација и оние на коишто им е ветена работа во неа се главната гласачка база на ВМРО-ДПМНЕ, дека со промена на власта може да има негативни последици за нив, Заев вели дека тоа е веќе „апсолвирано прашање“ и не ја споделува таквата перцепција.
„Мислам дека тоа е веќе апсолвирано прашање, иако ВМРО-ДПМНЕ сè уште се обидува да се заканува, ќе дојде Заев, СДСМ ќе ве брка од работа, ќе нема за пензии и слично. Уште еднаш јавно потенцирам, влакно од главата на никого нема да му фали. Секако, ако некој не си ја врши работата, ако не доаѓа на работа како и секаде, но од политички причини некој да изгуби работно место, тоа никогаш повеќе во Македонија нема да се случи, затоа што видовме ваквите поделби или какви било поделби до каде нè донесоа. Ќе се трудиме да ја зголемиме ефикасноста и ефективноста од самото работење. Рационализација ќе правиме во делот на неопходните потреби, таму каде што недостига. На пример потребни се негувателки во градинките. Ќе ја воведеме втората смена, за да може и тој што работи во администрација да заврши некоја работа поручек. Во рамките на овие мерки и можности ќе се обидеме да ја сочуваме администрацијата, но да биде продуктивна, да дава придонес во БДП-то во Македонија“, вели Заев.
Тој додава дека од државната каса ќе бидат финансирани предизборните ветувања за просечна плата до 30 илјади денари, а минимална прво до 12, а потоа до 2020 година до 16 илјади денари, одговарајќи на прашањето од каде ќе се најдат пари за тоа, доколку, како што самиот тврди, македонското стопанството е изнемоштено.
„Се научивме на еден куп мерки од владата за коишто не кажуваа буџетски импликации. Од буџетот мора да има импликации ако сакате да ја завртите таа турбина. Еднаш ако заврти, понатаму сама ќе предизвикува движење. Ќе го објаснам тоа. Ако државата трансферира 9 илјади денари во една мала фирма за да може да и помогне да ја покачи платата од минимална од 9,5 илјади денари на 14 илјади со тенденција да стане 16 илјади. Тоа ја отвора спиралата на сите плати. Самата зголемена потрошувачка моќ кај граѓаните овозможува кај дуќанчето, наместо да оди со профит од 5 отсто, да оди со 15 отсто. Самото дуќанче веќе има акумулација да даде поголема плата и целото тоа го подигнува целиот праг на нивото на платите до нешто што претставува една аспирација близу до Хрватска. Секако, Хрватска има некои 770 евра просечна плата, но трендот може да биде тој, македонското стопанство тоа го може. Притоа конкурентноста може само да се засили и зголеми без да ја намалиме конкурентната моќ на секоја приватна фирма во Македонија и на домашниот и на меѓународниот пазар, но сум убеден дека резултатите од покачувањето на платите ќе бидат видливи во многу брз период. Еве да кажеме на половина на мандатот веќе ќе се знае, минималната плата ќе достигне 14-15 илјади денари, просечната плата да стигне до некаде 27-28 илјади денари до средината на мандатот. Ветувањата ни се за до крајот на мандатот“, појасни Заев.
Заев вели дека иако можеби дал причина за кампањата на владејачката партија со некоја изјава на тема јза употреба на службените јазици, нема воопшто дилема дека „и да не сум дал причина тие ќе одеа повторно со некоја националистичка реторика“ „Добро е тоа што тоа веќе не поминува никаде. Федерализацијата е само во главата на Груевски. Кантонизацијата којашто ја споменува не знам од каде му паднала на памет. Веројатно мисли на конфискацијата, конфискацијата ќе ја има во Македонија, и тоа како после овој грабеж што се случи, но унитарноста на државата се гарантира само со сплотеност, со рамноправност, со еднаквост. Со вакви национализми и поделби, таа се урнисува“, додава.
На барањето да прецуизира што ветува во сферата на употреба на јазиците на заедниците, челникот на СДСМ одговори дека „Законот во Македонија е јасен и нашиот Устав е европски и либерален и ги гарантира сите правата на граѓаните, само треба нивна примена. Ниту Устав ќе се менува, ниту има потреба од промена на некои законски решенија. Постојниот Устав и постојниот закон дава можност за практична реализација на потребите на граѓаните од овој аспект. Тие само тоа го бараат. Јас ги кажав примерите со детето со талент по музика. Буквално не може да се запише на основно музичко образование оти нема професор по теорија и солфеж. И Уставот и законот тоа го гарантира, зошто не се спроведува? Бабичката не може да добие нега за трето лице поради тоа што некому не му било ќеф да и одговори на албански јазик во општина во која постои двојазичност. Денеска имаме еклатантни примери. Шуто Оризари има по закон право да зборува на ромски, зашто има повеќе од 20 отсто Роми. Зошто не се применува законот? Покрај македонскиот, зборуваат и на албански јазик“.
Ништо надвор од Устав и на закон, само практична реализација, вели Заев во договорот на прашањето што предвидува за употреба на јазиците.
„Овие квазинационалисти од двете страни, јас така ги нарекувам, буквално тајно, под маса ги договараат законите за на крај ништо да не спроведат од самите закони. Затоа чувството на одредени наши граѓани од помалите етнички заедници дека оваа држава за некои е мајка, за некои маќеа. Не, државата мора да биде подеднакво мајка за сите, еднаква за сите за да може да си ја сакаме, да ја чуваме, да се бориме, тоа го зацврстува унитарниот карактер на Македонија“, заклучи Заев./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.