Европа
Холандските специјалци ги растурија протестите на противниците на доселувањет

Холандските специјалци интервенираа во понеделникот во растурањето на демонстрациите во градот Хесх, во покраината Северен Брабант, каде локалното население протестираше против изградба на центар за прифаќање на баратели на азил.
Масовниот протест започна истовремено со седницата на градскиот совет на Хесх, посветена на згрижувањето на бегалците. Во почетокот протестот се одвиваше мирно, но по извесно време ситуацијата ескалираше, кога масата започна гласно да извикува пароли против изградбата на бегалскиот центар, и да фрла петарди и јајца врз зградата на градскиот совет.
Откако припадниците за одржување на редот не успеаја да ја смират масата од повеќе од илјадна луѓе, беа повикани специјалните сили, кои ги евакуираа членовите на градскиот совет кои ја продолжија седницата на друга локација. Потоа започна акцијата на растерувањето на демонстрантите, но локалната полиција не соопшти за приведувања.
Општинските власти сакаат да изградат прифатен центар за 500 лица, но поголемиот дел од локалното население смета дека тоа е премногу за град со 12.000 жители.
Претходно на местото каде е планирана изградбата на бегалскиот центар беа најдени неколку свински глави и плакати со пароли „Народот е против бегалците“ и „500 – тоа е премногу“.
Кон средината на декември холандската полиција пукаше во воздух како предупредување за да и растера демонстрантите во Гелдермалсен, каде што се планира да биде изграден центар за 1.500 имигранти.
Холандија во текот на 2015 година примила рекорден број бегалци, а до крајот на ноември 54.000 од нив поднеле барање за азил.
Прашањето на доселениците го подели холандското општество, вообичаено толерантно кон имигрантите, а крајно десната Партија на слободата (PW) на евроскептикот Геерт Вилдерс е популарна како никогаш претходно и води во сите анкети./крај/мф/сн
Извор: Omroep Gelderland
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти

Италијанката Софија Коради, креаторката на образовната програма Еразмус што им овозможи на милиони млади луѓе да студираат во други европски земји, почина во Рим на 91-годишна возраст, објавија вчера италијанските медиуми.
Софија Коради, која подоцна ќе стане професорка на Универзитетот во Рим, како студентка доби престижна американска стипендија Фулбрајт, која ја однесе на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што дипломирала право.
Таа предложи и започна програма за размена
Кога италијанскиот образовен систем не ја призна нејзината американска диплома по нејзиното враќање, таа предложи програма за размена, која на крајот ја започна на ниво на Европската унија во 1987 година.
Оттогаш, околу 16 милиони студенти учествувале во програмата, според веб-страницата на Еразмус.
Програмата, управувана од ЕУ, поттикнува поблиска соработка меѓу универзитетите и високообразовните институции низ цела Европа.
„Мама Еразмус“
Софија Коради, или „Мама Еразмус“ како што беше позната, рече дека идејата за програмата, родена за време на Студената војна, била нејзина „лична пацифистичка мисија“.
За италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој ѝ го припишува „раѓањето на Генерацијата Европа“, таа „ги инспирирала животите на милиони млади луѓе кои патувале, студирале и прифаќале различни култури“.
Sofia Corradi ci ha lasciati.
Aveva sognato una gioventù europea che si incontrasse e si arricchisse delle proprie differenze. Milioni di studenti le devono un pezzo di vita e un orizzonte.
Omaggio alla Mamma Erasmus, il cui sogno continua a costruire la nostra Europa.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) October 18, 2025
„Таа сонуваше за европска младина збогатена со нејзината разновидност. Милиони студенти ѝ ги должат своите хоризонти“, рече францускиот претседател Емануел Макрон на социјалната мрежа Икс.
Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин