Забава
Дневен хороскоп, 6.декември
Овен
Ќе имате многу бурен и напорен работен ден. Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски. Слободните претставници ќе бидат опседнати со потрагата по вистинаската љубов. Здраствената состојба е чуствителан намалете со храната.
Бик
Функционирате во состојба на многу силна емотивна напнатост. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите. Можно е некое изненадување од странство.
Близнаци
Немојте да се чудите ако луѓето кои сте ги запознале во последно време почнат да ви покажуваат знаци на љубов и пријателство. Самите сте виновни што сте добро друштво и не би требало да се изненадите ако некој од вашите нови познаници почнат и да ви се додворуваат. И едно на што најмногу треба да внимавате е тоа што не треба да се вообразувате.
Рак
Ќе уживате во излети и најразлични физички активности. Ќе бидете во форма бидејќи на задоволувачки начин ќе ги користите вашите способности, особено оние кои имаат врска со насобраната енергија. Ќе умеете да ги избегните сите препреки и ќе бидете полни со разбирање и нежност спрема вашиот партнер. Здраствената состојба е доста добра, повеќе внимание би требало да обрнат оние претставници кои имаат некои хронични заболувања.
Лав
Ќе морате денеска сериозно да се посветите на вашата работа, бидејќи важните проблеми не ќе можете да ги решите сами. Ќе морате да бидете поеластични со деловните партнери и соработниците. Во љубовта ве очекува напорен ден, бидејќи вие и вашиот партнер сте се свртиле еден од друг. Здраствената состојба ви е одлична, но сепак бидете внимателни
Девица
Ќе знаете да го цените тоа што го имате и ќе можете да го извлечите најдоброто од моменталните односи. Претставниците кои се во сериозни врски ќе имаат причина за задоволство. Некои од вас особено оние слободите ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност од спротивниот пол, но нема да ви треба многу време за да можете јасно и прецизно да ги изразите вашите намери и идеи.
Вага
Доброто расположение и поволните услови ќе ве пратат целиот ден. Многу Лавови поволно ќе ја изненадат својата околина со поголема толеранција, но и помек став во однос на некои поважни прашања кои се причина на некои кавги. Финансиите ви се подобруваат, но сеуште е рано да правите сметки. Емоционланиот живот ви носи нови изненадувања особено за претставниците од втората декада.
Скорпија
Работите ви се одвиваат во добра насока. Преку целиот ден ќе ве прати одлично расположение во добро друштво. Полни со енергија и воља да превземете нешто, работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Во поабициозните работите поврзани со пари ќе имате успех. Во љубовта состојбата стабилна, но не многу инспиративна. Слободните претставници разочарани од моменталната состојба.
Стрелец
Никако да попушите. Многу сте амбициозни особено во момент кога сите планираат или заминуваат на годишен одмор. Во се барате некој вид на статусен симбол, бидејќи премног ви е важно она со што се занимавате да има адекватно признание. Добро би било да можете малку да се препуштите на животните радости и да се одморите. Можна е сериозна врска.
Јарец
Денов ќе го посветите на правење планови во врска со работата. Необавезните разговори со соработниците можат да ви помогнат да научите нешто ново што би можеле да го искористите за напредување во кариерата. Покрај тоа денов е погоден и за откривање на идеи кои ги имате толку многу што би било добро да се ослободите бареме од еден дел од нив
Водолија
Ќе бидете импулсивни и нагло ќе настапувате. Избегнувајте конфротации со личности што нешто ви значат. Обидете се да бидете посмирени и подобро да размислувате пред да направите нешто за што подоцна ќе се каете. Постои можност од парична загуба затоа ќе морате да бидете внимателни што правите и каде ги вложувате. Во семејството ве очекува пријатна домашна атмосферара каде целосно ќе се опуштите.
Риби
Бидете конкретни ако барате да ве подржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротиното од она што вие сте го замислите. Тоа е само последица на непотребна љубомора која може се да расипе. Бидете потолерантни. Здравјето добро ве служи.крај/мф/на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Нека следната година биде добра како празничното деколте на Софија Вергара
Актерката Софија Вергара ужива во Европа, прво го помина Божиќ во Виена и ги воодушевува сите со својот празничен стајлинг, а потоа продолжува во ист ритам во Лондон. Секако, луксузните облини се неизбежни кога е во прашање таа.
Се чини дека таа ќе ја дочека Новата година во Лондон, а ноќта пред тоа ја одбележа со нова серија фотографии на кои нејзиниот чипкаст корсет го краде целото внимание.
Не е тајна дека Софија ужива во ваквите модни изданија, па за оваа пригода избра чипкаст корсет во боја на кожа, а сето тоа го комбинираше со подолго здолниште со светки.
Sofía Vergara teams sheer lace corset with nude sequined skirt for London night out https://t.co/Xp3uHwLUzz pic.twitter.com/AVGQlBCDqX
— Page Six (@PageSix) December 30, 2025
Луксузните облини на Софија Вергара се секогаш главна тема, без разлика каде е или што носи. Коментарите за нејзиниот изглед не изостанаа, а како и секогаш, обожавателите ѝ порачаа дека е убава и секси.
Ноќите во Лондон никогаш не биле толку интересни како сега кога огнената Колумбијка е таму, и сите со нетрпение чекаат да видат каде Софија Вергара ќе ја дочека Новата година и што ќе облече.
Забава
Мали ритуали за многу пари во новата година
Први јануари се наближува, а многумина Новата година ја дочекуваат со желба за повеќе успех, стабилност и финансиска сигурност. Според народните верувања и симболични ритуали, новогодишната ноќ се смета за момент со силна енергија, кога намерите за иднината се „засадуваат“ за целата година.
Некои од најпознатите новогодишни ритуали за привлекување пари вклучуваат мали, симболични гестови. Се верува дека закачување мала жолта, црвена или златна ташничка со 12 парички на елката симболизира финансиска стабилност во следните 12 месеци. Друг обичај е пречекот на Новата година со нова комбинација облека, како знак за нов почеток и напредок.
Меѓу популарните верувања е и запишување на саканата сума пари на ѓонот од чевелот, како симбол дека парите „доаѓаат кон вас“, како и ставање парички во када за време на бањање, додека се замислува финансиски напредок.
Се практикува и пишување желба за пари на хартија и нејзино криење во украс на елката, како и поставување златен предмет под чаршафот на празничната маса, кој подоцна се носи како амајлија. Според фенг шуи, елката поставена на југоисточната страна од домот се поврзува со финансиски раст.
Како симбол на „магнет за пари“, некои ставаат магнет на или под елката, а други веруваат дека симболот на куче – како знак на верност и заштита – носи финансиска стабилност.
На крајот, едно од најчестите верувања е дека во првите денови од јануари треба да си подарите нешто убаво – мал луксуз или патување – како порака дека ја вреднувате сопствената благосостојба во годината што доаѓа.
Забава
(Фото) Дуа Липа ги покажа своите кулинарски вештини, но нејзиниот секси стајлинг ја однесе победата
Пејачката Дуа Липа редовно споделува фотографии од својот приватен живот на социјалните мрежи, а нејзиниот провокативен изглед е речиси секогаш главна тема. Сепак, како што се приближуваа празниците, пејачката реши да се покаже во поинакво светло.
Заедно со својот вереник Калум Тарнер, Дуа подготвуваше божиќна вечера и сподели неколку фотографии од кујната.
Печената мисирка беше засенета од изгледот на пејачката, бидејќи сите забележаа дека таа е во кујната во високи црни потпетици, додека нејзиниот вереник беше облечен малку полежерно и имаше престилка на себе.
Така, уште еден настан беше обележан со зачудувачкиот изглед на убавата пејачка. Дуа додаде широки фармерки и црн џемпер во својот „кујнски стил“ и продолжи да ужива.
„Станува збор за љубовта и фактот дека навистина раскинав со готвењето оваа година“, напиша Дуа под објавата, јавно фалејќи се колку е добра во кујната.
Дуа Липа често објавува фотографии од својот вереник на социјалните мрежи, покажувајќи како го поминуваат времето заедно. По успешното завршување на нејзината турнеја „Радикален оптимизам“, таа конечно може да се фокусира на својот приватен живот.

