Регион
Близнашки: Техничката влада ќе се придржува кон законот

Резултатите од избори минатата година го потврдија несовпаѓањето на силите во Народното собрание и општественото расположение, изјавил новоименуваниот бугарски премиер Георги Близнашки во својот говор, откако во вторникот беше назначен на оваа функција од претседателот Росен Плевнелиев, пренесуваат бугарските медиуми.
Политичките партии постигнаа договор за предвремени избори на 5-ти октомври, а на овој начин владата остана без поддршка, така што оставката на владиниот кабинет беше неизбежна и парламентарната криза прерасна во владина, потенцирал Близнашки.
„Целта на техничката влада ќе биде поголема стабилност, дијалог и транспарентност во управувањето. Ова бара повеќе од кога и да се придржуваме кон законите на земјата и Уставот. Таа е основата врз која се гради нашата држава во услови на политичка криза. Уставот мора да е почетна точка за враќање на довербата на граѓаните кон институциите“, додал Близнашки.
Во однос на изборите, новиот бугарски премиер Близнашки рекол дека организирањето на фер избори може и треба да биде отворено и транспарентно.
„Техничката влада ќе работи за фер избори и ќе се спротивстави на секакви обиди за уништување на изборниот процес, ќе го направиме неопходното за да им се овозможи на сите граѓани дома и во странство да го направат својот избор. Одговорноста за овој избор е државнички долг на секој еден од нас. Бугарските државјани ја демонстрираа својата цврста волја во текот на 400-те дена на арогантните обиди на олигархијата да го наметне својот диктат над земјата. Ние сме мудар и горд народ, кој може сам да управува и да решава за сопствената судбина. Сите сфаќаат дека нашата земја има потреба од силна влада, потпирајќи се на мнозинство во Народното собрание, за да продолжиме по патот на реформите “, порачал Близнашки./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.
Регион
(Видео) Таксист се залета со возилото во демонстранти во Смедерево

Додека граѓаните мирно преминувале пешачки премин во Смедерево, возач на такси налетал на луѓе.
Smederevo, taksi nosi coveka na haubi. Tablice: Sd 0814 tx pic.twitter.com/8rAciLoxVe
— Petar Petrovic (@tombomn) July 4, 2025
Притоа еден граѓанин бил собран од возилото и се возел на хаубата околу 200 метри, јавува репортер на Н1.
Од утрово продолжуваат блокадите низ цела Србија, а неколку студенти беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Исто така беше приведен и граѓанин во Крагуевац кој одбил да даде документи за идентификација на српската полиција.
Регион
(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа.
Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8
— TV N1 Beograd (@n1srbija) July 4, 2025
На повик на студентите во блокадата, утрово во седум часот, граѓаните на Крагуевац се собраа на раскрсницата кај облакодерот Застава, а потоа почнаа да ги преминуваат пешачките премини, со што го нарушија сообраќајот.
Minut nakon što su građani blokirali raskrsnicu kod Osnovnog suda, policija je napravila obruč i primorala ih da se presele na trotoar.
Građani odatle idu ka crkvi Svetog Luke, gde ih čeka policijski kordon .
🎥 @stjdznstj pic.twitter.com/EprfuPUI1m
— Južne vesti (@juznevesti) July 4, 2025
Приведен е граѓанин во Крагуевац, кој одбил да ѝ дозволи на полицијата да му ја види личната карта.
Hapšenje studenata FDU-a ispred Fakulteta dramskih umetnosti!!! Na livadi. #svinaulice pic.twitter.com/3jKhzuuEpL
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) July 4, 2025
Полициските службеници одведоа неколку студенти кои беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Сообраќајот на трамвај и тролејбус во Белград е прекинат поради блокади, а сите возила се повлечени во гаражи додека не се исполнат услови за нивно враќање во сообраќај, објави Танјуг.