Македонија
Груевски: Народот ќе му каже „Не“ на Заев
Во недела следи уште една голема референдумска победа, победа за Република Македонија, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во вторник вечер од митингот во Делчево.
„Сите ние поминавме еден тежок период и сценарио од страна на СДСМ, а сега веќе се е јасно и не може да се справи со народот кој знае да расудува, народ кој знае да каже „Не“ на сценариото на Заев. Сега веќе е јасно и сите знаеме дека тој си направил договор и го потценил својот народ само за да дојде на власт, но народот се освести, народот веќе знае да процени кое е сценариото на Заев. А тоа е дека тој сака да ја промени уставноста, јазикот и државата“, рече Груевски.
„Тој ги лажеше два милиони граѓани дека има фантомски гласачи во Македонија, тој со тоа сценарио го потцени својот народ и народот ќе го казни на 11 декември. Овој народ е свесен за важноста на својата држава и не може некој како Зоран Заев да ја лаже целата држава. Сакам да порачам на сите кои ќе излезат на гласање да си го постават прашањето дали може народот да му верува на тој, дали може тој да ја води нивната држава, затоа секој кој планира да гласа за Заев само нека помисли дали може на тој човек да му се потпре и да му верува“, истакна Груевски.
Груевски смета дека СДСМ се фокусирани на лаги, а особено им забележа дека се служат со лаги преку бројки, со кои ветуваат подобрување на животниот стандард.
„СДСМ сега се фокусирани на што повеќе лаги, а неколку од лагите најчесто ги повторуваат како за повратокот на ДДВ во износ од 500 евра, а тоа значи дека граѓаните треба да земаат плата од 2.000 до 2.500 евра за да им се враќа ДДВ во износ од 30.000 денари, а во Македонија таа плата е невозможна. Таков човек не може да дојде на власт и граѓаните нема да го дозволат тоа, затоа што знаат тоа што го прави со рекетот ќе го прави и секаде во Македонија, затоа што знаат дека тоа што го прави со тендерите во својата општина ќе го прави насекаде низ нашата држава. Исто така голема лага е и неговото ветување за зголемување на просечната плата на 30.000 денари, како и минималната плата на 16.000 денари. Тој може да лаже колку сака, но треба да најде луѓе кои ќе му веруваат, а такви има се помалку, бидејќи луѓето се потсетуваат дека тој е единствен човек кој не бара да му се поништи аболицијата и тоа е само заради тоа што прогласи дека е политичка жртва на прогон поради направениот криминал во неговата општина Струмица. Тој зборува дека ќе донел многу инвестиции и дека немало да си одат младите од нашата држава, а дури и би ги враќал нашите од странство“, рече Груевски.
Тој исто така потенцираше и дека Заев бара ако не победел на избори да продолжи кризата и дека доколку не се осовјат 63 пратеника ДУИ и ДПА ќе сакаат да го предложат следниот премиер на Владата на Македонија. „Гаранција за мирна држава се само 63-те пратеници кои ги бараме ние“, вели Груевски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.
Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.
Македонија
Гужви на границите, Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез
Од 11:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез. На ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.
Македонија
Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски
Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање дали се точни обвинувањата на СДСМ за злоупотребите на директорот на СОЗР Томовски и каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата дека семејната фирма на Томовски добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра?
„Тимот за одбрана на криминалот на Заев и Филипче кои го претставуваат за антикорупциски тим мислат дека сега ја открија Америка. Големото откритие е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, како и илјадници други, а податоците се и јавно достапни. Прашањето е каде е тука криминалот? Јасно е дека нема. Наместо текстовите да им ги пишува Зоран Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и стручни лица. Тие ќе им кажат дека ваквата реторика освен правење на димна завеса за прикривање на криминалот на Зоран Заев, нема никаква друга релевантност“, рече Манасиевски.
Кажа дека е лага дека фирма на Томовски добила милионски тендери.
„Вистината е дека Томовски нема фирма и нема никакви приходи од споменатата компанија која и таа самата тоа го потврди. Втора лага: СДС велеа дека главниот број на фирмата е бројот на Томовски. Вистината е следна: службените броеви на компанијата се други, а личниот број на Томовски е негов со години. Трета лага: СДС тврди дека Томовски бил донатор на ВМРО ДПМНЕ и тоа било потврда дека тој имал бизниси. Вистината е следна: јавен и никогаш скриен податок е дека Томовски е донатор на ВМРО ДПМНЕ, и тоа не значи кршење на било каков закон“, рече тој.
Манасиевски упати прашање до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дали не е криминал тоа што додека тој бил министер, негов министер и колега вицепремиерот Кочо Анѓушев му ги градел модуларните болници од кои една се запали и загинаа 14 луѓе.
„Кога тимот за одбрана на криминалот на Венко и Заев ќе го испита овој случај? Тоа треба да одговорат“, рече Манасиевски.

