Контакт

Македонија

Јавна седница на Антикорупциската комисија

Објавено пред

 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска постапувајќи согласно член 74 од Изборниот законик ќе одржи јавна седница.

На седницата, како што соопшти ДКСК, ќе се разгледаат поднесени приговори во врска со член 8-а од Изборниот законик од Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија против Министерството за правда, Државната комисија за спречување на корупцијата, АД Македонска пошта, подружница ГЦПС Скопје 2, ООУ „Страшо Пинџур“– Карбинци, НУ Театар за деца и младинци./крај/со/бб

Македонија

Поранешен градоначалник на Чашка им исплаќал пари на фирми без да склучува договори со нив

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешен градоначалник на општина Чашка за несовесно работење во службата.

На обвинетиот му се става на товар дека во периодот од јануари 2016 до октомври 2017 година презел дејствија со кои на Општината ѝ нанел штета од значителна вредност, во вкупен износ од 9.472.903 денари.

„Обвинетиот одобрувал исплата на фактури за завршена услуга и за набавени производи од повеќе правни лица со кои не бил склучен ниту договор за јавна набавка, ниту договор за деловна соработка или каков било друг договор. Освен ова, тој одобрувал исплата на фактури за набавка на стоки и услуги кон определени правни лица и по истекот на склучените договори за јавна набавка и во износи поголеми од предвидените во договорите“, соопшти Обвинителството.

Иако не донел одлука за потребата за ангажирање на лице – советник за односи со јавноста, во името на Општина Чашка склучил договори за дело со две лица, застапувани од авторска агенција и врз основа на тие договори одобрил исплата на хонорари.

Иако не донел одлука за потребата од ангажман на извршители на маркетинг-услуги, без да спроведе постапка за јавна набавка, во името на Општината склучил договор за деловна соработка како нарачател на маркетинг-услуга чиј предмет било медиумско претставување на Општина Чашка преку разновидни рекламни материјали, а потоа одобрил исплата на фактури по овој договор.

Обвинетиот, во името на Општината, како нарачател на адвокатски услуги, склучил договори со адвокат за застапување и давање адвокатски услуги и со полномошно го овластил адвокатот за застапување на општината во сите судски предмети и пред сите институции со кои општината соработува и остварува контакти. Во договорот за сите застапувања и правни совети била предвидена цена во паушален месечен износ. Иако во договорот бил предвиден и начин на плаќање со доставување фактура и одложено плаќање по извршување на правната услуга во целост, односно во рок од 30 дена по извршената адвокатска услуга во целост, обвинетиот одобрил исплата на доставени фактури без да бидат проследени со доказ за извршената услуга.

Освен ова, по спроведена постапка за јавна набавка и склучен договор за јавна набавка на услуга – мобилни телекомуникациски услуги, обвинетиот донел решение за користење службени мобилни телефони на вработени лица во единицата за локална самоуправа Чашка, при што биле распределени 74 мобилни телефони со СИМ картички, од кои на име градоначалник на Општина биле распределени 20 телефони и броеви.​

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Објавено пред

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој вели дека одлуката не ја донел сам, туку по телефонска консултација со претседателот и членовите на Комисијата за заразни болести.

Во понеделникот немало официјален состанок поради празникот, па затоа министерот самиот, по телефонските консултации, предложил на кризниот штаб во Владата да го разгледа предлогот за олабавување на мерките.

„Во неофицијалните консултации направени телефонски, констатиравме дека има можност за попуштање. Јас се консултирав со сите и потоа предложив. Одлуката не е политичка. Сите се согласија, но поради празникот немаше официјален состанок. Членовите се согласни да има попуштање на мерките. Денес имаме 300 новодијагностицирани. Доколку трендовите продолжат, ќе има дополнително попуштање на мерките“, рече  Филипче.

Министерот го даде предлогот во понеделникот, а Владата вчера изгласа полицискиот час да почнува во 23 часот,односно да се скрати за два часа, работното време на терасите на угостителските објекти да се зголеми за два часа и тие да можат да работат до 22:30 часот, а дополнително изгласана е и одлука за двонеделен карантин за патниците што доаѓаат од Индија и Бразил за да се спречи ширење на нови видови на вирусот.

На седницата не биле прифатени предлозите за отворање не вежбалниците и за зголемување на максимално дозволениот број деца во градинките.

Поради намалениот притисок врз болниците, на вообичаениот начин на работа се враќаат урологија, пластична хирургија, а од денес почнува подготовка и кардиологија да се врати на стариот начин на работа. Овие оддели беа прилагодени во привремени ковид-центри поради зголемената потреба за болничко лекување на пациентите заболени со Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пет вработени во МВР и посредникот признаа дека фалсификувале пасоши, останатите негираат

Објавено пред

Лицето кое беше осомничено дека е посредник и пет лица кои работат во управните служби на МВР се изјаснија за виновни во случајот „Двојник“, за фалсификуваните пасоши издавани на странци, меѓу кои криминалци и членови на наркокартели. На рочиштето не присуствуваше само една обвинета, исто така вработена во МВР, која преку овластен адвокат го известила судот дека е подготвена да признае вина. Останатите петмина кои се сомничат во случајот се изјаснија за невини.

Ова е прво судење откако Обвинителството поднесе обвинителен предлог за лажните пасоши. Досега, осомничени се 11 лица за злоупотреби извршени при издавањето на патни исправи. Со поднесениот предлог, 10 лица се обвинети за продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, а едно лице е обвинето за поттикнување при извршувањето на истото кривично дело.

Обвинителството ги гони обвинетите под сомневање дека, како службени лица вработени на различни позиции во МВР – Одделение за управни работи Скопје, поттикнати од обвинетиот Раиф Мифтари, во период од средината на месец јуни 2017 година до крајот на 2020 година, во повеќе наврати со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности.

„Со тоа обвинетите овозможиле на незаконски начин 214 странски и еден македонски државјанин да се стекнат со патни исправи на РСМ под туѓ идентитет. Пасошите биле издавани заобиколувајќи ја постапката за издавање патни исправи, визи и евиденција од Законот за патни исправи на државјаните на РМ, спротивно на Упатството за начините на спроведување на постапката за издавање патна исправа, во најголем број случаи без закажан термин за фотографирање преку систем ‘Симболико’, без проверка на идентитетот на подносителот на барањето со постоечките податоци во централниот систем, спротивно на Упатството за земање на биометриски податоци и приложени докази и соодветност на податоците кон барањето, без почитување на предвидените рокови за изработка и издавање  патни исправи и утврдување на идентитетот на подносителот на барањето“, соопштија од Обвинителството при поднесување на обвинителниот предлог.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија59 минути

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, побаравме зголемување на групите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, се сретна со претставнички на мајките коишто се на породилно отсуство. На...

Македонија2 часа

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија2 часа

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет3 часа

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион3 часа

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет3 часа

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет3 часа

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Македонија5 часа

Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи...

Регион16 часа

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет17 часа

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет17 часа

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија18 часа

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија20 часа

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа22 часа

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија22 часа

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија1 ден

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет1 ден

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати од коронавирус

Во периодот од 26 април до 2 мај е регистриран намален број на новозаболени и починати од коронавирус во Македонија...

Македонија1 ден

Во Македонија досега се вакцинирани повеќе од 76.000 луѓе

Во Македонија досега се вакцинирани 76.937 граѓани, а две дози примиле 15.334 луѓе, соопшти Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата во...

Досие