Македонија
СДСМ со митинг во Чаир и во Шуто Оризари, ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров и во Куманово
Политичките партии кои учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември, во вторник продолжуваат со митинзите и средбите со граѓаните низ целата земја.
Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи митинзи во Шуто Оризари (12) и во Чаир (19)
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ѓорче Петров (17.30) и во Куманово (20)
ДПА ќе има митинг во Струга во Домот на културата во 16.30 часот.
Коалицијата за промени и правда ќе одржи митинг пред општина Кисела Вода во 17 часот, ќе има средба со граѓани во општина Карпош, а лидерот на Демократскиот сојуз и носител на кандидатска листа во првата изборна единица, Павле Трајанов ќе одржи прес-конференција на плоштад „Делфина“ во 13 часот.
Коалицијата Алијанса за Албанците ќе одржи митинг во Гостивар во 19 часот.
Носителот на кандидатската листа на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ за ИЕ 1, Ден Дончев, ќе даде изјава пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 12 часот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Центар без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улицата 164 бр.117, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Крњево, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Шипковица – Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот: Сите сомнежи за корупција мора да бидат санкционирани без компромис
СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ ја смета за исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата против корупцијата и криминалот.
„Сите сомнежи за корупција мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани.
СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата иднина“, соопшти СДСМ.